Недела, 20 Септември 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈУСПЕШНИ БАНКИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Во едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ© секоја година рангирани се и банките од Македонија како и осигурителните компании.
НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈУСПЕШНИ БАНКИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Рангирањето на банките се спроведува според официјални финансиски податоци добиени од Централниот регистар на С. Македонија. Рангирањето на најголемите банки се врши според вкупниот капитал и резерви, а рангирањето на најуспешните банки според вкупната добивка/загуба пред оданочување.

Можеме да забележиме дека првите 5 банки во Македонија за 2021 година го заземаат истото место како на листата на најголеми така и на листата на најуспешни.

Во 2021 година како број 1 рангирана најголема и најуспешна банка се најде Стопанска Банка АД, Скопје. Забележува вкупен капитал и резерви од 19.792.338.383 денари и вкупна добивка пред оданочување од 2.728.883.030 денари

Одма под нив на 2рото место на најголеми и најуспешни банки се наоѓа Комерцијална Банка АД, Скопје со остварени вкупен капитал и резерви од 14.833.544.589 денари и вкупна добивка пред оданочување од 2.504.626.652 денари

3тото место на листите го зазема НЛБ Банка АД, Скопје која што по 11ти пат е прогласена за најдобра банка во Македонија според The banker magazine. Имаат остварено капитал и резерви од 14.069.606.685 денари и вкупна добивка пред оданочување од 2.445.178.065 денари

Во продолжение можете да погледнете како беа рангирани останатите банки во Република Северна Македонија за 2021 година.




АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт