Една од анализите во едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ© вклучува раниграње на компаниите според нивните дејности. Компаниите се поделени во главни категории и подкатегории на дејности, согласно Националната класификација на дејности.
На листата на најуспешни фирми од подкатегоријата на телекомуникации се најдоа: Македонски Телеком АД Скопје, А1 МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ и РОБИ ДООЕЛ Штип.

Македонски Телеком АД Скопје (скратливо АД Македонски телекомуникации) е најголемо трговско друштво за телекомуникации во Македонија, со седиште во Скопје. Неизбежно е високото рангирање на компанијата во 200те најголеми и најуспешни компании. Друштвото, основано на 1 јануари 1997 година, претставува дел од Групацијата „Маѓар Телеком“ која е целосно консолидирана подружница на меѓународната групација „Дојче Телеком“ (Deutsche Telekom Group). За 2021 се најдоа на 10то место на најголеми и на 4то место на најуспешни компании во Македонија.
Македонски Телеком, заедно со останатите европски подружници на Дојче Телеком, е вклучен во еко иницијатива за намалување на електронскиот отпад и инвестирање во обновата на природниот хабитус во Европа! Со заеднички сили и учество во глобалната иницијатива #GreenMagenta, нивната цел е да соберат еден милион стари електронски уреди до 2024.
А1 МАКЕДОНИЈА е телекомуникациска компанија, фокусирана на креирање и нудење на понуди за конвергентни и софистицирани дигитални решенија, коишто ги задоволуваат комуникациските потреби, не само на резидентните и на деловните корисници, туку и на секое модерно семејство.
За 2021 година А1 забележува зголемување на нивниот вкупен приход, а исто така и на нивната вкупна добивка пред оданочување. Имено, порастот на приходот во однос на 2020 година изнесува 9.32%, додека порастот на добивката пред оданочување изнесува значителни 16.07%.
Во 2022 година А1 започна со изградба на својата 5G мрежа, која овозможува достигнување на брзини од 1Gbps за пренос на податоци преку мобилен телефон. А1 интензивно работи на проширување на 5G мрежната покриеност насекаде низ земјата, а во моментов таа го опфаќа урбаниот дел на град Скопје.
РОБИ ДООЕЛ
Третиот најуспешен телекомуникациски оператор во 2021 година е ТРД Роби ДООЕЛ, односно Телекабел, кој во 2021 година успеа да ги зголеми својот приход и добивката пред оданочување, а не заостана ни со бројот на вработени кој достигна 250 вработени.
Всушност, РОБИ ДООЕЛ, забележа зголемување на вкупниот приход од 5.65% и раст на вкупната добивка пред оданочување од 13.87%. Исто така ова претставува 15та година по ред како Телекабел е на листата на 200-те најуспешни компании во Македонија.
Од 2018 година интензивно се поставува оптичка мрежа во градовите каде работи Телекабел при што корисниците се приклучуваат со оптички кабел до дома. Услугите на ТЕЛЕКАБЕЛ во моментот се нудат во 17 градови во Македонија. Целосната покриеност со сопствена мрежа ги опфаќа Штип, Битола, Велес, Струмица, Кавадарци, Кочани, Св.Николе, Скопје, Радовиш, Неготино, Прилеп, Охрид, Гевгелија, Пробиштип, Делчево, Валандово и Кичево.
31-07-2025
30-07-2025
30-07-2025
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт