Во оваа анализа ги истражуваме финансиските резултати на ИГМ во текот на изминатите 20 години, откако се тие дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.
Ако ја погледнеме табелата, уште веднаш може да се забележи дека вкупниот приход и добивката пред оданочување на ИГМ се зголемуваат со текот на годините. Ова е јасен индикатор за стабилност на компанијата, што се потврдува од нивните резултати. Во периодот од 2003 до 2022 година, вкупниот приход нарастува од 845 милиони денари до значителни 9.77 милијарди денари, што претставува значителен раст во текот на времето. Сепак највисокиот приход кој компанијата го има остварено е во 2021 и изнесувал 11,24 милијарди денари. Со постојано подобрување на нивната позиција на листите на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, ИГМ демонстрира постојан ангажман кон раст и успех.

Иако не примарен аспект на финансиската анализа, сепак бројот на вработени во компанијата е важен показател за нејзината динамика и развој. Со порастот на бројот на вработени низ годините, ИГМ не само што создава можност за зголемување на вработеноста, туку и покажува зголемена потреба за работна сила поради нивниот раст и развој.


Па така, јасно е дека компанијата се надминува себеси и постојано расте и напредува. Со стабилно зголемување на приходот и добивката, како и со подобрување на нивниот ранг и зголемување на бројот на вработени, ИГМ се утврдува како една од најуспешните и влијателни компании во Македонија. Повеќе за компанијата може да прочитате тука.
15-01-2026
14-01-2026
13-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт