Во секторот на обновливите извори на енергија, каде прецизноста, сигурноста и долгорочната ефикасност се од суштинско значење, реализираните проекти се најсилниот доказ за квалитет.
Токму преку своето портфолио, ФЕРОИНВЕСТ ја потврдува својата позиција како доверлив и искусен партнер во развојот на современи енергетски решенија.
Станува збор за компанија која постои од далечната 2003 година, а благодарение на квалитетните услуги, иновациите и јасната визија за раст и развој, успеа да прерасне во една од најголемите и најуспешните македонски компании.

Главната мисија на ФЕРОИНВЕСТ е да бидат лидери во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан во обновливите извори на енергија и металната индустрија.
„Градиме електрани од обновливи извори од кои испорачуваме зелена електрична енергија за нашите клиенти, ги одржуваме чисти светските метрополи со еколошки возила од напредни технологии и продуцираме врвни метални производи во повеќе гранки.
Да ја предводиме енергетската транзиција во декадата пред нас и да поттикнеме широко користење на електричниот и водородниот погон. Со максимално роботизирано производство да ја однесеме индустријата на повисоко ниво на додадена вредност“ – нагласуваат од компанијата на нивната веб-страница.

Проектите на ФЕРОИНВЕСТ во областа на обновливите извори на енергија се резултат на темелно планирање, напредно инженерство и внимателен избор на технологии. Секоја реализирана фотоволтаична електрана е дизајнирана со јасна цел – максимална енергетска ефикасност, стабилност и долгорочна исплатливост.
Од мали комерцијални системи до големи индустриски капацитети, сите проекти се изведуваат според највисоките технички стандарди и важечките европски норми.
Покрај тоа што гради хидро електрани и фотоволтаични електрани, ФЕРОИНВЕСТ единствена компанија на македонскиот пазар која нуди комплетни решенија за изградба на електрани на биогас: од почетна идеја, преку изведба, одржување на електраната и обезбеден откуп на електричната енергија во иднина.
Во рамките на групацијата ФЕРОИНВЕСТ и другите сестрински компании, успешно функционираат различни служби и фирми кои квалификувано го водат инвеститорот низ сите фази на проектот.
Компанијата веќе има изградено електрана на биогас со инсталирана моќ од 2MW за свои потреби, а во план е изградба на уште една.

Она што ги поврзува сите проекти на ФЕРОИНВЕСТ е контролата на квалитет во секоја фаза од реализацијата:
Освен ова, ФЕРОИНВЕСТ преку своите сестрински компании за своите клиенти освен што го изведува проектот на терен, во иднина се грижи за неговото оддржување преку 24-часовен мониторинг систем, со цел електраната непрекинато да произведува и го гарантира откупот на произведената електрична енергија.
Овој пристап обезбедува системи кои функционираат сигурно и ефикасно со години, без непредвидени застои или дополнителни трошоци, што ги прави нивните услуги прифатливи и исплатливи за сите оние што сакаат да инвестираат во обновливи извори на енергија.

ФЕРОИНВЕСТ зад себе има проекти кои се реализирани во соработка со домашни и странски инвеститори, што претставува силна потврда за професионалноста и кредибилитетот на компанијата. Повторните соработки и долгорочните партнерства се јасен показател дека квалитетот не е само ветување, туку практика.
Секој проект на ФЕРО ИНВЕСТ има пошироко значење – тој придонесува кон:
Во индустрија каде довербата се гради со години, а се губи за миг, ФЕРОИНВЕСТ докажува дека вистинскиот квалитет се мери преку успешно реализирани проекти. Тие не се само технички решенија, туку долгорочни инвестиции со вистинска вредност.

А во таа насока одат и финансиските показатели на компанијата која заслужено го најде своето место меѓу 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.
Според податоците од Централниот Регистар на Република Северна Македонија, во 2023 година, компанијата остварила вкупни приходи во износ од 1.145.634.589 денари и добивка пред оданочување во износ од 170.364.800 денари.
Во однос на претходната година, компанијата остварила раст на добивката пред оданочување за 74,50% и раст на вкупните приходи за 89,87%.
Благодарение на овие показатели, компанијата е рангирана на 112. место на ранг листата на најуспешните македонски компании.
Проектите на ФЕРОИНВЕСТ не зборуваат само за бројки и мегавати – тие зборуваат за квалитет, сигурност и визија за иднината.
14-07-2026
14-07-2026
10-07-2026
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт