Четврток, 22 Октомври 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Рамстор до дома - Можност за пазарење од удобноста на вашиот дом

Во 2023 година Рамстор оствари раст на добивката пред оданочување од 264,22% и успеа да се рангира на 71. место на листата на Најголемите македонски компании. Пазарите ли онлајн од Рамстор?
Рамстор до дома - Можност за пазарење од удобноста на вашиот дом

Рамстор како бренд секогаш покажувал дека знае да ги следи и има слух за потребите на своите потрошувачи и заради тоа, секоја година го наоѓа своето место меѓу најдобрите македонски компании.

Во таа насока оди и отворањето на онлајн продавницата Рамстор до дома, која ви овоможува да купувате онлајн и да ги добиете најквалитетните производи на домашна адреса.

Рамстор ви ги носи производите до дома и ви штеди време и нерви

Денешното брзо и динамично време носи низа нови предизвици, особено ако живеете на територијата на Скопје, каде секое излегување од дома за пазарање на основни продукти, за многумина значи залудно загубено време и пари.

Рамстор како дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, секогаш покажувал дека е чекор пред другите и нема намера да застане во својот напредок.

Од своите почетоци, па сè до денес Рамстор се истакнувал како бренд којшто се трудел на своите потрошувачи да им обезбеди уникатно шопинг искуство без залудно губење време.

Доказ за тоа се сериозно снабдените маркети, каде што на едно место можете да најдете огромен избор на производи, без притоа да чекате огромни редици.

А во последните години Рамстор ги следи трендовите и воведе можност за онлајн пазарење. Потрошувачите од удобноста на својот дом со само еден клик на компјутерот или на мобилниот телефон може да ја наполнат својата кошничка или количка за пазарење, а производите да ги добијат на домашна адреса.

Освен тоа, достапна е и апликацијата Ramstore do doma која овозможува уште побрз и полесен начин на пазарење.

Ова е уште еден доказ дека Рамстор максимално се грижи за своите потрошувачи и е во дослух со нивните реални потреби.

Во Рамстор секој ваш денар значи повеќе: повеќе квалитет, повеќе пари, повеќе време за вас.

Пазарете онлајн со истите поволности како да сте посетиле супермаркет

Начинот на регистрација на веб страницата на онлајн продавницата Рамстор до дома е мошне лесен и едноставен, а истовремено и со онлајн пазарењето ги користите сите поволности коишто ги имате кога ќе ги посетите супермаркетите.

Разликата е во тоа што, нема да имате потреба да ги одложувате своите обврски за да излезете од дома и да пазарите, или да го наполните фрижидерот.

Како што ќе забележите, уште при самата регистрација на Рамстор до дома, постои поле за активирање на вашата Рамстор клуб картичка кадешто ќе собирате поени од купувањето на производи од Рамсторама.

Дополнително, на веб страницата редовно се ажурираат и се дополнуваат производите што се на акција, како Каса Акција и Аларм Акција, како и производите што ги има само во Рамстор.

Засега услугата е достапна само на територијата на Скопје, а со јасна и недвосмислена Политика на испорака, Рамстор им овозможува на своите корисници да бидат информирани за условите за пазарање уште пред да ја направат нарачката.

Рамстор како дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Инаку, за потсетување, Рамстор се отвори во далечната 2005 година во склоп на истоимениот трговски центар и е дел од семејството на најдобрите македонски компании од 2006 година.

Како резултат на успешната работа и квалитетната услуга во малопродажниот сектор на Македонија во последните 20 години, а во насока на својата мисија и визија денес Рамстор ги нуди своите услуги во 8 различни градови низ Македонија со вкупно 27 маркети.

Во 2023 година Рамстор се најде на 71. место на најголеми компании во Македонија и на 115. место на листата на најуспешните компании.

Таа година, компанијата остварила вкупен приход од 3.953.193.346 денари, со добивка пред оданочување од 169.274.409 денари.

Процентуално изразено, Рамстор забележал раст на добивката пред оданочување од  264,22%, а растот на вкупните приходите се искачил за 9,22%.

Позитивните искуства кај потрошувачите, големиот број поволности, како и јасната и недвосмислена програма за лојалност се она што прави Рамстор да се издвојува од конкуренцијата, а досегашните резултати се доказ за успешноста на компанијата.

Под мотото „Добиј повеќе, живеј подобро“ Рамстор веќе 20 години ја гради својата успешна бизнис приказна и со право е дел од Топ компаниите во Македонија.

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

Халк Осигурување АД Скопје го продолжува своето работење со нов состав на Управниот одбор, кој обезбедува континуитет во стратешкото управување со компанијата, но и ново засилување во менаџерскиот тим.
АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт