Месарницата е само еден дел од широкиот асортиман на производи што може да се најдат во маркетите на Рамстор, а по која овој македонски бренд е препознатлив.
Компанијата долги години е дел од семејството на 200 најголеми и најуспешни, а благодарение на иновативноста и добрите услужни практики, секоја година одново и одново ја потврдува својата цврста позиција меѓу најдобрите компании во нашата земја.
Кои производствени практики ги презема компанијата за да обезбеди најквалитетно свежо месо за потрошувачите?

Кога ќе се спомне името на брендот Рамстор, кај некои првата асоцијација е за трговскиот центар кој се наоѓа во центарот на Скопје, други ги асоцира на големиот број супермаркети и маркети низ Македонија, а вистинските гурмани знаат дека таму, освен големиот број други производи, секогаш има огромен избор на свежо и квалитетно мессо.
Рамстор од своите почетоци, па наваму, беше брендот што изгради нова шопинг култура во Македонија, а тоа особено беше видливо и во продажбата на производите од свежо месо.
Воведувањето на добрите хигиенски практики, создавањето на квалитетни и блескаво чисти продажни места, квалитетниот продажен персонал се само причина плус, зошто голем број потрошувачи знаат дека месарниците на Рамстор се вистински избор за нив.
Една деценија Рамстор сам го произведува месото во своите објекти и на тој начин самиот ја врши контролата врз квалитетот на производот што се нуди во продажба.
Рамстор може да се пофали дека е прв бренд маркети, кој што започна со продажба на месо во ново пакување. Уште од 2025 година, потрошувачите немаа потреба да талкаат на повеќе места за да набават намирници, затоа што во Рамстор имаше сè: и зеленчук, и прехранбени продукти од голем број светски и домашни брендови, но и свежо месо приготвено според најбезбедните стандари.
„Предностите на новото пакување се тоа што истото е направено со техника на пакување во заштитена атмосфера и со природни методи што овозможува месото да остане свежо и безбедно. Карактеристично за оваа техника е тоа што при пакувањето се користи посебно избрана комбинација на гасови (кои природно ги има во воздухот).
При ваквото пакување не се користат хемикалии и месото не претрпува никакви физички и хемиски промени.
Пакуваното месо и месните произвои пакувани во заштитена атмосфера се подготвени согласно сите барања за производство на храна (HACCP)“ – нагласуваат од Рамстор на нивната веб страница.
Оние што пазарат во Рамстор знаат дека секој ден во овие месарници се подготвува свежо месо, кое што веќе е спакувано и заради тоа нема потреба да чекаат редици за пакување и мерење, а амбалажата што не пропушта дозволува лесен транспорт на купениот производ.
„Производите кои се пакувани со стандардна техника остануваат свежи еден до два дена, додека производите пакувани на овој начин се свежи и безбедни до крајниот рок на употреба означен на амбалажата“ – појаснуваат од Рамстор.
Континуираниот квалитет, големиот избор на свежи продукти, прават Рамстор да биде вистински рај за сите гурмани кои сакаат да ги изненадат гостите и домашните со нови специјалитети подготвени на сопствен начин.
Кога трпезата треба да биде полна, изборот е лесен – Рамстор.

Со такво реноме јасно е зошто Рамстор контунирано и секоја година се наоѓа на листата на топ компании во Македонија и зошто секоја година успева да се избори за позиција меѓу 200 најголеми и најуспешни во Македонија.
Разновидноста на производите и креирањето на нова шопинг култура во Македонија, прават брендот Рамстор да биде дел од семејството на 200 најголеми и најуспешни уште од своите почетоци во 2005 година.
За успехот на овој бренд не треба да се зборува многу, затоа што бројките зборуваат сами за себе.
Рамстор ја заврши 2023 година со добивка од 3.953.193.346 денари. Таа година, Рамстор забележа раст на добивката пред оданочување од 264,22% и вкупен раст на приходите од 9,22%.
Во 2023 година Рамстор се најде на 71. место на 200 најголеми компании во Македонија и на 115. место на листата на 200 најуспешни компании во Македонија.
15-01-2026
14-01-2026
13-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт