Четврток, 30 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Регионална анализа на 200те најуспешни компании во 2021 година

Уште една од многубројните анализи кои произлегуваат од едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ви ја претставуваме во продолжение. Овој пат станува збор за регионална анализа на 200те најуспешни компании од 2021 година.

Направена е анализа на најуспешните 200 компании од 2021 кои беа рангирани според нивната вкупна добивка пред оданочување. 

Како што е и очекувано најголем број на компаниите во Македонија, а кои се на листата на најуспешни компании, се лоцирани всушност во Скопје. Тоа се вкупно 123 компании коишто оствариле вкупна добивка пред оданочување од 42.415.404.521 денари. Истите тие имаат вработено вкупно 33.698 лица

Како најуспешна компанија, веќе неколку години наназад на првото место се наоѓа ЏОНСОН МЕТИ ДООЕЛ, којашто претставува странска директна инвестиција и е лоцирана во индустриската зона во Скопје.

Разликата е евидентна во бројот на компании од другите региони. 

Во вардарскиот регион забележуваме 11 компании и вкупна добивка пред оданочување од 5.17 милијарди денари. Како најуспешна во овој регион се најде ИГМ-ТРЕЈД ДОО, од Кавадарци којашто на листата на 200 најголеми се наоѓа уште од 2003 година. Потоа следи источниот регион којшто брои 11 компании коишто вработуваат 8250 лица. Првото место како најуспешна од овој регион е САСА ДООЕЛ од Македонска Каменица. 

Мермерен Комбинат АД Прилеп како лидер во екстракцијата и преработката на снежно бел мермер е уште една мошне успешна компанија од Македонија. Тие ни доаѓаат од пелагонискиот регион како најуспешна компанија и се постојани учесници во едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. 

Потоа следат југоисточниот и југозападниот регион, со остварени вкупни добивки од 2,79 и 1,34 милијарди денари последователно. Следен е полошкиот регион со вкупна добивка од 1,68 милијарди и најуспешна компанија КИППЕР МАРКЕТ ДОО, која што од година во година напредува во својот ранг на листите на 200 најголеми и најуспешни. 

На последното место се наоѓа североисточниот регион со 4 компании и вкупна добивка од 477 милиони денари. Вработени во овие 4 компании се 618 луѓе, а најуспешна компанија е МЕТАЛ-НЕТ ДООЕЛ од Куманово. 

Подетално за сите региони можете да погледнете во продолжение.


По предизвиците од пандемијата Порше Македонија испишува историја за успешност

Скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност. Како Порше Македонија испиша историја за континуиран раст и експанзија во последните 5 години?

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

АЛМА - М ДООЕЛ Скопје: Конзистентен раст и во време на економски предизвици

Како котираше компанијата во период од 5 години во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт