Понеделник, 16 Февруари 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Рењувабал енерџи суплај, РЕС - Лидер на енергетскиот пазар

Рењувабал енерџи суплај, РЕС ДООЕЛ Скопје за една година од постоењето оствари вкупен приход од близу 280 милиони денари и се најде на 57-мото место на најуспешни компании во Македонија.

Кога зборуваме за 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании, мора да нагласиме дека РЕС е една од ретките компании која за многу краток период од основањето успеа да се најде на 40-тото место на топ најголеми, и на 57-мото место на листата на најуспешни компании во Македонија

За само една година од своето постоење, компанијата Рењувабал енерџи суплај, РЕС ДООЕЛ Скопје стана лидер на енергетскиот пазар во Македонија и најбрзорастечки снабдувач со енергија на нашиот пазар. 

На што се должи нивниот успех?


РЕС држи една третина од енергетскиот пазар во Македонија

Рењувабал енерџи суплај (РЕС) е современа и иновативна компанија – лидер во трговијата со електрична енергија во Република Северна Македонија.

„Ние сме единствена компанија на македонскиот пазар која им нуди на компаниите снабдување од сопствени извори на обновлива електрична енергија кои гарантираат сигурност и најдобри цени на пазарот“ – се вели на веб страницата на компанијата.

Оваа компанија во февруари 2023 година го одбележа својот прв роденден, а резултатите што дотогаш ги постигна се на завидно ниво. 

Благодарение на нив, Рењувабал енерџи суплај (РЕС) успеа да го заземе високото 40-то место на листата на најголеми компании во Македонија

За успешноста на компанијата сведочи и Годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2023 година

Според информациите објавени во споменатиот извештај, по само една година од формирањето, РЕС (Renewable Energy Supply) сам држел една третина од слободниот пазар.

Според објавените информации, најголем дел од стопанството се снабдувале со електрична енергија од оваа компанија, а останатиот дел го делеле други 20 снабдувачи.

Во 2023 година РЕС продаде 610.000 MWh електрична енергија, или 28,84% од вкупната енергија на слободниот пазар, додека во снабдувањето на големите субјекти држеше дури 34% од пазарот.

Истата година РЕС оствари вкупен приход од 279.812.196 денари, а за една година е забележан раст на приходите за 75,76%.

Во 2023-та година, компанијата нудела услуга на околу 700 клиенти.


Како РЕС се издигна на лидерската позиција на енергетскиот пазар?

Во 2022-ра година додека светот сè уште закрепнуваше од корона кризата, избувнувањето на војната во Украина донесе нови предизвици. 

Ценовните скокови на ресурсите создадоа зголемена инфлација, што, пак, од друга страна предизвика ценовни шокови коишто се одразија во секој аспект од економскиот живот.

Користењето на струјата произведена од термоелектрани за голем број од компаниите стана неисплатливо, токму поради тоа што ценовните скокови на енергенсите предизвикаа голема непредвидливост и неможност да се формира крајната цена на производите, но и опасност од загуби.

Зголемените цени на нафтата и гасот, како и зависноста на цената на струјата од увозната цена предизвикаа дополнително да се распламти енергетската криза во Македонија.

Токму заради тоа стана неопходно час-поскоро Македонија да се сврти кон иднината и кон производството на струја од обновливи извори.

Истата година, РЕС беше формирана како компанија која имаше за цел да ги обедини сите помали производители на електрична енергија од обновливи извори во еден центар, што гарантираше сигурно, стабилно, но и поевтино снабдување за македонските компании.

Со оглед на тоа што производството на струја кај нив не зависеше од ценовните скокови на ресурсите, тие беа во можност на слободниот пазар на корисниците да им понудат струја по фиксна цена, што потоа резултира со зголемена побарувачка кај клиентите и издигнување на компанијата меѓу најдобрите во Македонија.

Тоа што РЕС го понуди на македонскиот енергетски пазар за многу брзо време стана примамливо и поисплатливо за менаџментот на компаниите. 

Голем дел од нив, спасот од ценовните шокови го најдоа токму во стабилноста што им ја понуди РЕС како компанија.

„Нашата цел е најголемиот дел од производството на електрична енергија од обновливи извори од Република Северна Македонија и што е можно поголем дел од производството на електрична енергија од обновливи извори од Република Бугарија да се пласира до крајните корисници на македонскиот пазар. 
Во денешните услови на нестабилност на пазарот на електрична енергија со големи варијации на цената, само компаниите кои имаат сопствено производство можат да гарантираат стабилност и сигурност во снабдувањето со електрична енергија. 
РЕС на македонската економија и го понуди токму тоа – стабилно снабдување од сопствени обновливи извори на енергија“ – наведуваат оттаму.

Струјата што РЕС им ја нуди на крајните корисници е произведена од фотоволтаици, хидроцентрали и ветерници. Тие гарантираат стабилно, сигурно, доверливо еколошко и поевтино снабдување со електрична енергија од обновливи извори со вкупен инсталиран капацитет до 580 мегавати.

Оттука, нивната услуга стана потребна за македонското стопанство, коешто што истовремено бараше стабилност, грижа за животната средина и пониски сметки за електрична енергија.

Освен продажба за малите компании и домаќинствата, компанијата за големите потрошувачи овозможува и откуп на електрична енергија од обновливи извори по најповолни цени на пазарот и со фиксни долгорочни договори.

„Секогаш ја имаме најдобрата понуда на пазарот. Клиентите точно знаат зошто нè бираат нас“ – велат од компанијата.


РЕС за три месеци им обезбеди заштеда на 40 компании во износ од 2,8 милиони евра

Веќе по првата година од работењето, компанијата успеа да се етаблира на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ и НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија, а резултатите од нивното работење нивните клиенти го почувствуваа веќе во првите неколку месеци од соработката, благодарение на пониските сметки за струја. 

Со формирањето на РЕС, голем број компании од прехранбената индустрија, од информатичко-комуникациските технологии, од металната и електро индустријата, како и од останатите сектори (здравство и фармација, енергетика, градежни компании и други) одлучија струјата да ја набавуваат од обновливите извори.

Според соопштението на РЕС, објавено во октомври, 2022 година (што значи само неколку месеци по нејзиното формирање), вкупно 40 компании успеале да остварат заштеда од 2,8 милиони евра, споредено со сумата што ќе ја плателе доколу обезбедувале струја од други добавувачи.

„40 фирми, кои одбраа т.н. комбиниран пакет за снабдување со електрична енергија, во јули, август и септември  добија сметки за електрична енергија кои се во просек за 15-30%  пониски во споредба со берзанските цени.
РЕС им гарантира на овие фирми дека 35% од испорачаната енергија ќе биде по фиксна цена и дека таа нема да се менува без оглед на растот на берзите. 
Тоа е количината на електрична енергија која РЕС ја обезбедува од електраните од обновливи извори на неговите основачи, македонската Централ Инвест во сопственост на Кочо Анѓушев и бугарската Toki Power, како и од други производители на обновливи извори на енергија од Република Северна Македонија кои енергијата ја предаваат на РЕС“ – стои во соопштението на РЕС.


Кој може да набави електрична енергија од РЕС?

Освен компаниите и големите потрошувачи, од РЕС може да набават струја и домаќинствата.

Гореспоменатите субјекти може да направат приближна пресметка на Калкулаторот, што е достапен на самата веб-страница на РЕС, или да побараат приближна понуда во следните случаи:

  • Доколку договорот со претходниот снабдувач е истечен;
  • Доколку сè уште немаат избрано снабдувач на електрична енергија;
  • Доколку имаат необврзувачки договор за снабдување со некој добавувач, согласно законските процедури.

РЕС за своите клиенти ги подготвува најповолните пакети за снабдување, кои што се направени според потребите на самиот потрошувач.

Тоа што РЕС по нивно барање, на клиентите им дава приближна пресметка и можност однапред да знаат колкава би била сметката за струја што ќе ја добиваат во наредниот период е само причина повеќе зошто сè поголем број корисници се одлучуваат за нивните услуги.

Квалитетот на услугата, образованиот и искусен кадар, споени со иновативноста и погледот кон иднината се она што ја прави оваа компанија брзо да се искачи на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ и НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија. 

Воопшто не зачудува и фактот што голем број од другите успешни и големи компании кои се најдоа на оваа листа се дел од потрошувачкото портфолио на РЕС. 

Стабилната и поевтина електрична енергија обезбедена од обновливи извори е клучот за успехот како на голем број домашни компании, така и на странските инвестиции во земјава.

Стентон Градба - Ги гради клучните проекти, важни за иднината на земјата

Еден од клучните проекти во кои Стентон Градба зеде учество е изградбата на експресниот пат низ Фаришката Клисура. Проект создаден да трае и значително да го забрза патувањето од Скопје до Прилеп.

Порше Македонија - Двигател на електричната мобилност кај нас

Увоз на современи возила, но и креирање на најмоќниот парк за полнење електрични и хибридни возила во државата - Порше Македонија е двигател на електричната мобилност кај нас.

Производите на Пекабеско - Протеини и здравје на вашата трпеза

Месото е важна состојка во секојдневната исхрана, а со производите на Пекабеско АД, никогаш нема да згрешите. Изберете квалитетни и вкусни деликатеси со гарантиран квалитет.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт