Рењувабал енерџи суплај, РЕС ДООЕЛ Скопје е компанија која се формира во 2022 година и на македонското стопанство му понуди спас од високите сметки за струја и непредвидливоста на пазарот, па заради тоа лесно го зазема своето место меѓу 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.
Благодарение на конкурентните услови што ги понуди на либералниот пазар за енергија, РЕС за една година од постоењето постигна извонредни резултати и успеа да се искачи на 40. место на најголеми компании во Македонија и на 57. место на најуспешни компании во Македонија.

Во време кога македонското стопанство трпеше големи штети и се наоѓаше во неизвесност заради осцилациите и скоковите на цените на струјата – РЕС понуди фиксна цена, стабилен пренос на струја и намалување на трошоците.
Додека светот сè уште закрепнуваше од корона кризата, како „шлаг на тортата“ дојде и војната во Украина која со себе донесе зголемена цена на ресурсите, како нафта и гас, а со тоа и огромни скокови на берзанските цени за струјата.
Ова беше огромен шок за македонското стопанство.
Имено, нашите цени за струја во тој период во голема мера зависеа од цените за струја на берзата, а кога зависите од увоз вие не сте во можност сами да ги диктирате нештата, туку други ви ги диктираат.
За Македонија, која во тоа време се наоѓаше во енергетска криза, војната во Украина значеше уште поголема неизвесност и опасност за стопанството.
Токму во такви непредвидливи услови, беше формирана Рењувабал енерџи суплај, РЕС, како компанија која ги обедини сите помали производители на електрична енергија од обновливи извори и успеа да понуди поголем капацитет на струја на македонскиот слободен пазар на електрична енергија.
Со јасна идеја и иновативен пристап, свртен кон иднината, РЕС го најде решението за кризата и им понуди на големите потрошувачи подобра опција за снабдување со електрична енергија, односно успеа да ги задоволи потребите на стопанството без да го принуди да работи со загуби.
Менаџментот на големите компании брзо увиде дека решението што РЕС го нуди за македонското стопанство на долг рок е исплатливо и нуди поголема извесност и предвидливост, па тоа придонесе компанијата за само една година од своето постоење да се искачи на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании.
Во само неколку месеци од своето постоење вкупно 40 компании во македонското стопанство успеаја да заштедат 2,8 милиони евра, споредено со сумата што ќе ја плателе доколу обезбедувале струја од други добавувачи.
„40 фирми, кои одбраа т.н. комбиниран пакет за снабдување со електрична енергија, во јули, август и септември добија сметки за електрична енергија кои се во просек за 15-30% пониски во споредба со берзанските цени.
РЕС им гарантира на овие фирми дека 35% од испорачаната енергија ќе биде по фиксна цена и дека таа нема да се менува без оглед на растот на берзите.
Тоа е количината на електрична енергија која РЕС ја обезбедува од електраните од обновливи извори на неговите основачи, македонската Централ Инвест во сопственост на Кочо Анѓушев и бугарската Toki Power, како и од други производители на обновливи извори на енергија од Република Северна Македонија кои енергијата ја предаваат на РЕС“ – стои во соопштението на РЕС.

Денес, голем број од големите потрошувачи во македонското стопанство користат струја произведена од фотоволтаици, ветерници и хидроцентрали во Македонија и Бугарија.
Тоа значи дека компаниите истовремено штедат на сметките за струја, но и придонесуваат за зачувување на животната средина, така што се намалува емисијата на штетни гасови и исцрпувањето на ресурсите.
„Нашата цел е најголемиот дел од производството на електрична енергија од обновливи извори од Република Северна Македонија и што е можно поголем дел од производството на електрична енергија од обновливи извори од Република Бугарија да се пласира до крајните корисници на македонскиот пазар.
Во денешните услови на нестабилност на пазарот на електрична енергија со големи варијации на цената, само компаниите кои имаат сопствено производство можат да гарантираат стабилност и сигурност во снабдувањето со електрична енергија.
РЕС на македонската економија и го понуди токму тоа – стабилно снабдување од сопствени обновливи извори на енергија“ – наведуваат оттаму.
За успешноста на компанијата сведочи и Годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2023 година.
Според информациите објавени во споменатиот извештај, по само една година од формирањето, РЕС (Renewable Energy Supply) сам држел една третина од слободниот пазар.
Според објавените информации, најголем дел од стопанството се снабдувале со електрична енергија од оваа компанија, а останатиот дел го делеле други 20 снабдувачи.
Во 2023 година РЕС продаде 610.000 MWh електрична енергија, или 28,84% од вкупната енергија на слободниот пазар, додека во снабдувањето на големите субјекти држеше дури 34% од пазарот.
Истата година РЕС оствари вкупен приход од 279.812.196 денари, а за една година е забележан раст на приходите за 75,76%.
Во 2023 година, компанијата нудела услуга на околу 700 клиенти.

РЕС нуди услуга за сите. Нуди откуп на струја за големите потрошувачи, но и продажба и пониски сметки за струја за малите фирми и домаќинствата.
Со либерализацијата на пазарот на електрична енергија во Македонија на стопанството му се даде можност само да избере од какви извори и по која цена ќе се снабдува со електрична енергија.
Во услови на криза РЕС беше спас за македонското стопанство, затоа што понуди фиксни цени, стабилна услуга и квалитет. Нешто што голем број компании во Македонија со години наназад го исчекуваа со нетрпение.
Фиксните цени за струја овозможија компаниите полесно да можат да ги утврдуваат цените на своите производи без притоа да се соочат со загуби предизвикани од ценовните шокови и високите сметки за струја.
Благодарение на тоа што услугите се контролираат од еден центар, квалитетот на услугата и стабилниот пренос се загарантирани за сите, а Македонија за краток период стекна поголема независност во однос на набавките на струја.
РЕС оправдано се најде на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.
Тие му понудија спас на македонското стопанство во услови на криза и придонесоа полесно да се надминат последиците од големиот удар што нашето стопанство ги претрпе од корона кризата и инфлацијата предизвикана од војната во Украина.
Токму затоа голем дел од големите потрошувачи, но и сопствениците на мали фирми и домаќинствата одлучија да му ја дадат довербата на РЕС да биде нивен добавувач на електрична енергија.
31-07-2025
31-07-2025
31-07-2025
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт