Рењувабал енерџи суплај, РЕС ДООЕЛ Скопје е компанија која за период од само една година постоење, успеа да се етаблира на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.
Што е она што РЕС им го нуди на потрошувачите и благодарение на кое за толку брзо време успеа да се вброи во списокот на топ најуспешни компании во Македонија?
Како компанија која во 2022 година ги обедини сите мали произведувачи на електрична енергија од обновливи извори, РЕС воведе поголема конкуренција на енергетскиот пазар во Македонија и му овозможи на стопанството, но и на малите потрошувачи големи заштеди на сметките за струја.
На нашата листа на 200 НАЈГОЛЕМИ и НАЈУСПЕШНИ компании, РЕС ја зазема 40-тата позиција на табелата на Најголеми компании во Македонија и 57-мото место на Најуспешни компании во Македонија.
Во услови на енергетска криза, и во период кога енергетскиот пазар во Македонија трпеше големи последици од ценовните скокови заради зголемувањето на цените на берзата, РЕС понуди решение – фиксна цена и пониски сметки за струја.
Големите потрошувачи, малите фирми, но и домаќинствата имаа избор да добијат стабилно снабдување со електрична енергија од сопствени обновливи извори на енергија.
Тоа беше причина плус за компанијата брзо да се искачи на листата на топ најуспешни компании во Македонија.
Оттука, воопшто не зачудува фактот што во само првата година од постоењето, компанијата оствари вкупен приход од 279.812.196 денари, а за една година е забележан раст на приходите за 75,76%.
Во 2023 година РЕС продаде 610.000 MWh електрична енергија, или 28,84% од вкупната енергија на слободниот пазар, додека во снабдувањето на големите субјекти држеше дури 34% од пазарот.
РЕС е компанија која нуди откуп на струја за големите потрошувачи и продажба за помалите.
Доволно е само да се погледне референтната листа на клиенти кои соработуваат со нив, за да се сфати дека станува збор за мошне сериозна фирма која соработува со некои од најпознатите брендови и двигатели на стопанството во нашата држава.
Тие исто така нудат услуги и за малите и средните компании, но и за домаќинствата.
Со еден збор, РЕС нуди стабилни услуги за сите корисници, по цени коишто се мошне пониски од другите добавувачи во земјата.
Токму тоа е причината заради која за кратко време брзо се најде на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ и НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.
На нивната официјална веб-страница е достапен Калкулатор, кој би можел да направи приближна пресметка на сметките за струја што би ги добиле доколку се одлучите да го изберете РЕС како ваш добавувач на струја.
Така, ако се направи споредба за домаќинствата, односно за LV2 потрошувачите, може да се забележи дека со РЕС добивате за околу 35% пониски сметки за струја од другите добавувачи.
Направивме тестирање на Калкулаторот, користејќи ги податоците од сметките од сегашните добавувачи и разликата во цената е очигледна.
Така, ако домаќинството во март потрошило околу 196 KWh во висока тарифа, а во ниска тарифа 188 KWh, цената што би требало да ја плати од универзалниот снабдувач (без ДДВ) e 6.653 денари.

Фото извор: Рењувабал енерџи суплај, РЕС – Калкулатор за клиенти (пресметка на цените за струја од универзален добавувач)
За истата потрошена енергија во РЕС би платиле околу 4.643 денари, и би оствариле заштеда од 2.010 денари, што значи заштеда од околу 35%.

Фото извор: Рењувабал енерџи суплај, РЕС – Калкулатор за клиенти (пресметка на цените за струја од РЕС)
На годишно ниво, јасно е дека може да се обезбеди мошне поголема заштеда која би можеле да ја насочите кон задоволување на други животни потреби или инвестиции.
Не треба да сте експерт за економија за да сфатите дека овие бројки за поголемите потрошувачи дополнително се зголемуваат и заштедата може да биде многу поголема.
Освен што може да направите сами приближна калкулација на заштедите, тимот на компанијата нуди различни пакети за снабдување, кои се скроени според специфичните потреби на потрошувачите.
По барање на клиентите, тимот на РЕС нуди изработка на проекција за идните трошоци, така што секогаш би можеле да предвидите колкав дел од приходите треба да ги одвоите за подмирување на трошоците за сметките за струја.
„Нашата цел е најголемиот дел од производството на електрична енергија од обновливи извори од Република Северна Македонија и што е можно поголем дел од производството на електрична енергија од обновливи извори од Република Бугарија да се пласира до крајните корисници на македонскиот пазар.
Во денешните услови на нестабилност на пазарот на електрична енергија со големи варијации на цената, само компаниите кои имаат сопствено производство можат да гарантираат стабилност и сигурност во снабдувањето со електрична енергија.
РЕС на македонската економија и го понуди токму тоа – стабилно снабдување од сопствени обновливи извори на енергија“ – наведуваат оттаму.
Формирана во време кога на македонското стопанство му беше неопходна поголема конкурентност на енергетскиот пазар, РЕС за брзо време успеа да оствари соработка со голем број компании и клиенти и заради тоа, во рок од само една година се искачи на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ и НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.
Доколку сè уште не сте се одлучиле за добавувач на електрична енергија, имате истечен или необврзувачки договор со стариот добавувач, добро би било да ги проверите понудите на РЕС.
Самите ќе се уверите дека освен што ќе добиете стабилна и квалитетна услуга, сигурно ќе ги намалите трошоците благодарение на тоа што на вашата адреса ќе пристигнуваат пониски сметки за струја.
Тоа е компанија која целосно е ориентирана кон иднината – со заштедите од сметките ви овозможува да ги реализирате крупните планови и идеи, а благодарение на тоа што користи енергија од обновливи извори, ја зачувува животната средина за идните генерации.
Прочитајте и Рењувабал енерџи суплај, РЕС – Лидер на енергетскиот пазар
31-07-2025
30-07-2025
30-07-2025
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт