„Добросостојба – за нашите корисници, за нашите вработени, за нашите акционери“.
Ова е мотото што прво го забележувате кога ќе ја посетите веб-страницата на „Реплек“. А докази дека оваа компанија работи за доброто на сите има многу.
Како дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, „Реплек“ со децении наназад е пример за општествено одговорна компанија чија примарна цел е добросостојбата.

Под мотото „За мое добро“, „Реплек“ како компанија е фокусирана на креирање производи кои имаат за цел да овозможат подолг и подобар квалитет на животот.
Сите работни процеси во компанијата се во рамки на етичкото работење, работење со највисоки стандарди и согласно потребите од модерниот начин за живот.
Производниот капацитет на компанијата произведува повеќе од 150 лекови. Станува збор за капацитет којшто е дизајниран, изграден и опремен во согласност со најновите барања за добра производна пракса и според најсторгите барања за заштита на човековата средина.
Нивниот производствен капацитет ги исполнува најстрогите барања за квалитет и безбедност на лековите.
„Тежнееме да креираме индивидуален пристап за нашите корисници. Тежнееме да креираме добросостојба.
Нашата визија е секогаш да ги пратиме потребите на нашите корисници, да ги следиме нивните животни навики, да креираме заеднички подобра иднина. Сето ова го правиме со огромна страст кон работата, кон истражувањето и со голема храброст да ги исполниме вашите очекувања“ – велат од компанијата.
„Реплек“ е македонски бренд со европски квалитет кој денес е присутен на пазарите на повеќе од 25 земји.
Лековите на „Реплек“ се достапни во аптеките на земји членки на ЕУ, во Југоисточна Европа, Заедницата на независни држави (ЗНД), Југоисточна Азија, Африка и на Блискиот Исток.
Во 2023 година Европската агенција за лекови (ЕМА) по четврти пат го потврди високиот квалитет на производите на „Реплек“. Компанијата по четврти пат го доби сертификатот – EUGMP (Good manufacturing practice).
Инаку, овој сертификат е потврда за добрата производна пракса согласно највисоките стандарди на Европската Унија.
Покрај тоа EUGMP сертификатот е неопходен услов за „Реплек“ да може да влезе на пазарот на ЕУ, но истовремено исклучително е важен и за пласман на другите пазари и во земји кои не се дел од Унијата.
Токму благодарение на овој сертификат, македонските фармацевтски производи на „Реплек“ се достапни на пазарите во светот.
Покрај стекнувањето на сертификатот со којшто се гарантира квалитетот на производите, „Реплек“ во 2023 година се стекна со уште еден значаен сертификат, од Министерството за животна средина и просторното планирање.
Станува збор за А-интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, која компанијата ја доби по низа инвестиции во унапредување на работењето и модернизацијата на сите сегменти од работењето.
„Овој документ е потврда за одговорното работење, континуиран мониторинг и намалување на влијанието врз животната средина, далеку под дозволениот минимум.
Во текот на имплементацијата на потребните чекори кои се дел од условите за добивање на А – интегрираната дозвола се работеше во неколку поглавја, а тоа се:
Покрај мониторингот, во рамките на дозволата се дефинирани и начините и временската рамка за известување и доставување на податоци од мониторингот до надлежните институции“ – нагласуваат од „Реплек“.

Присутноста и успешноста на „Реплек“ како компанија истовремено значи добросостојба и сигурна егзистенција за над 400 професионалци коишто своите месечни примања ги заработуваат во оваа компанија.
Освен што компанијата постојано е ориентирана кон ангажман и вработување на стручни кадри, таа помага и во подобрување на образовниот процес и креирање на конкурентни вештини кај младите преку своите програми за практикантство.
Така, во 2023 година, компанијата ја реализираше програмата „Јас, Реплек практикант“ којашто им овозможи на младите да ги зајакнат своите работни вештини.
Во рамките на оваа програма, студенти од Фармацевтскиот, Економскиот, ФЕИТ и Природно – математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, ученици од средното училиште „Марија Кири Склодовска“ од Скопје, како и неколку студенти кои студираат во странство, под менторство на искусни експерти од компанијата „Реплек“, се здобија со корисни специфични практични знаења и вештини кои ќе придонесат во нивниот натамошен кариерен и професионален развој.
Оваа програма беше заокружена со доделување три наради и едно вработување.
„Зајакнување на практичните вештини и знаења, градење на цврсти врски со образованите институции и отворање на компанијата за млади стручни кадри е наша цел.
Тоа беше и мотив за започнување на ваква програма и навистина нѐ радува фактот дека за неа имаше голем интерес кај младите.
Ние и понатаму ќе продолжиме да соработуваме со нашите партнери и ги повикуваме сите млади кои се заинтересирани за овие струки да бидат дел од идните практикантски програми“ - истакна Дојранка Анастасовска Цветковска директор за човечки ресурси на „Реплек“.
Оваа програма во „Реплек“ продолжи да се реализира и во наредните години, а со тоа компанијата докажа дека се грижи за добросостојбата на веќе вработените експерти, но и за оние коишто допрва ќе се пласираат на пазарот на труд и ќе ја градат својата кариера во фарамцевтската индустрија.
Позитивните финансиски резултати од работењето на „Реплек“ не се единствената причина заради која оваа компанија е рамноправен член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.
Грижата за вработените, за клиентите, за животната средина, но и вложувањето во иднината се само причина плус оваа компанија да бележи само напредок и позитивни резултати.
Препознатлива по квалитетните фармацевтски производи, „Реплек“ со години наназад е синоним за производство на лекови во Македонија по највисоки стандарди.
Тоа е компанија која истовремено ги следи трендовите во фармацијата во сите развиени европски земји.
А напорното работење дава свои резултати. Доказ за тоа се и позитивните финансиски извештаи, како и постојаното освојување на нови пазари во светот и зголемување на извозот.
Во 2023 година компанијата остварила приход од 1.652.430.777 денари, а за една година бележи раст на приходите за 279,60%.
Со раст на добивка од 188,63%, „Реплек“ се најде на 177. место на најголеми компании во Македонија и на 109. место на најуспешни компании во Македонија.
Истата година компанијата забележaла пораст на продажбата на странските пазари.
Продажбата, надвор од Македонија пораснала за 43%, а позициите на компанијата се зајакнувале и на домашниот пазар, каде што е остварен раст од 37% во однос на 2022 година.
Оттука, јасно е дека во голем дел успехот на „Реплек“ се должи токму на промената на стратегијата на извозот и зголеменото присуство на македонските лекови во аптеките на странскиот пазар.
Задоволните клиенти, задоволните вработени и задоволните акционери, грижата за нивната добросостојба е совршениот рецепт за успех што „Реплек“ со години наназад го применува.
Инаку, „Реплек“ е прва компанија во Македонија која почна да произведува производи од екстракти од канабис. За нив повеќе може да прочитате на следниот ЛИНК.
31-07-2025
31-07-2025
31-07-2025
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт