Пекабеско АД е македонска компанија во приватна сопственост, чијашто главна дејност е производство на сувомеснати производи и диструбиција на производи за широка потрошувачка.
Станува збор за компанија, која веќе 45 години опстојува и која своите почетоци ги бележи уште во далечната 1971 година, како претставништво на најголемиот земјоделски комбинат ПКБ Белград.

Денес е голема компанија со над 420 вработени лица и веќе 20 години е горд член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании.
Во овие 45 години, компанијата претрпела низа трансформации, во поглед и на производствениот процес, но и во поглед на големината, начинот на работа – па така, денес станува збор за модерна компанија, која ги следи сите добри практики на производство со цел да обезбеди вкусни, но и целосно безбедни производи на вашата трпеза.
Во прилог на ова тврдење одат и самите сертификати што ги стекнала, но и стандардите што компанијата ги применува во самиот начин на производство.

Од изградбата на поголеми и модернизирани погони за производство, до применување на добри практики и анализа на производите, Пекабеско АД, води сметка за секој чекор при производството на полутрајните и трајните сувомеснати производи што ги пласира на домашните, но и на странските пазари.
Денес палетата на сувомеснати производи на Пекабеско АД, опфаќа најразлични видови трајни, димени и полутрајни производи, а секојдневно преку нивната добро развиена дистрибутивна мрежа се дистрибуираат над 400 различни производи.
Од 2008 година Пекабеско АД целосно го имплементира HACCP стандардот за квалитет, кој е гаранција за безбедноста и квалитетот на производите.

Кратенката HACCP, доаѓа од англискиот израз Hazard Analysis and Critical Control Point (Анализа на опасности и критични контролни точки) и всушност претставува систематски и превентивен пристап во производството на храна, којшто ги идентификува, ги истражува и ги контролира опасностите што може да доведат до болести предизвикани од храна.
Станува збор за систем на менаџмент кој го следи секој чекор на производството, од испораката на суровини, до креирањето на завршниот производ.
Целта на имплементацијата на овој систем е да се идентификуваат и да се контролираат критичните точки каде што може да се елиминираат или да се редуцираат опасностите, односно да се воспостават процедури кои овозможуваат тие критични точки да се контролираат.
Со имплементацијата на овој систем се овозможува значително да се намали ризикот и да се овозможи производство на безбедна храна.
Во 2012 година Пекабеско го отвори новиот Производствено – логистички центар во село Кадино, Илинден, каде се водеше сметка да се применат сите европски и HACCP стандарди за производство на сувомесни производи.

Овој погон има капацитет за производство од 35 тони на ден, а располага со широка дистрибутивна мрежа и магацини со 7.500 палетни места на сите режими на лагерување.
Во 2016 година Пекабеско стана сертифицирана компанија со меѓународниот стандард ISO 22000:2005, а сертификацијата ја врши престижната меѓународна сертификацискa куќа TÜV NORD CERT.
TÜV NORD CERT е интернационална компанија со седиште во Хановер, Германија која прави истражувања и доделува сертификати на компании и организации, со коишто потврдува дека тие ги исполнуваат сите легални обврски и стандарди.
Сертификатот ISO 22000:2005, на споменатата компанија гарантира дека Пекабеско АД ги исполнува сите услови за безбедност во производствениот процес на своите производи.
Станува збор за сертификат којшто е признаен глобално, и којшто е мошне важен сегмент при обезбедување дозвола за извоз на производите во ЕУ и во други земји.

Како последен од низата чекори што Пекабеско АД ги воведе за да гарнтира безбедност и квалитет на производите е основањето на сопствена лабораторија.
Во насока на подобрување на квалитетот во 2017 година Пекабеско ја основа лабораторијата за техничко испитување и анализа ТИМКО ЛАБ којашто е акредитирана по меѓународниот стандард ISO 17025.
Овој сертификат гарантира дека таа располага со систем за менаџмент на квалитетот и ја поседува технолошката компетенција за да обезбеди прецизни и точни тестирања и да даде точни резултати.
Ова беше само уште еден од низата чекори коишто гарантираат за квалитетот на производите на компанијата, кој, пак придонесе за уште поголем раст и развој, но и присуство на странските пазари.

Во 2023 година, Пекабеско АД се најде на 48. место на ранг листата на најголеми компании во Македонија и на 136. место на ранг листата на најуспешни компании.
Компанијата остварила вкупен приход од 5.540.269.400 денари и раст на добивката пред оданочување од 153.526.024 денари.
Процентуално, износот на растот на приходите во споредба со претходната 2022 година е за 3,40%, додека растот на добивката пред оданочување е за солидни 33,86%.
Благодарение на овие финансиски показатели, Пекабеско бележи скок во рангирањата во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во Македонија.
22-12-2025
22-12-2025
22-12-2025
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт