Вторник, 24 Ноември 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Стентон Градба ДОО - водечка градежна компанија во регионот со повеќе од 18 години искуство

Како една од водечките компании во секторот на градежништвото која постои повеќе од осумнаесет години на пазарот, Стентон Градба обезбедува комплетен опсег на производи и услуги од областа на градежништвото.
Стентон Градба ДОО - водечка градежна компанија во регионот со повеќе од 18 години искуство

Стентон Градба ДOO врши ископ и сепарација на камен агрегат во сите фракции, производство на бетон, проектирање, изградба и надзор на објекти од нискоградба, високоградба, хидроградба, мостови, патишта, транспорт на градежни материјали и други градежни работи.

Максимално се посветени нашпрофесионална реализација на проектите и функционираат во насока на остварување на заедничките цели кои ќе ги задоволат барањата на пазарот и воедно ќе го потврдат нивниот квалитет.

Клиентите може да сметаат на експертизата од вработените на Стентон Градба кои оперираат во рамките на регионот за квалитетна, безбедна и навремена реализација на проектот.

Една од карактеристиките на Стентон Градба е тоа што ја преземаат одговорноста за сите нивни зборови и постапки. Она што нив ги одликува е чесен, директен и фер пристап кон клиентите – без исклучоци.

Оваа компанија често е во друштво на најуспешните, а нејзиниот историјат може да го погледнете ТУКА.


Новото издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ја открива финансиската слика на македонската економија

Новото издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ја открива финансиската слика на македонската економија

Трговијата на мало водечка меѓу најголемите индустрии, зголемување на вкупните приходи и на добивката пред оданочување, но умерено опаѓање на просечниот број на вработени. Што покажуваат податоците во новото печатено издание 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

Халк Осигурување АД Скопје го продолжува своето работење со нов состав на Управниот одбор, кој обезбедува континуитет во стратешкото управување со компанијата, но и ново засилување во менаџерскиот тим.
АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт