Петок, 14 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Тимот на Тиквеш - Енергијата зад секое големо вино

Зад виното на Тиквеш стои тим од ентузијасти и визионери – од лозари до енолози, кои со љубов ја претвораат македонската земја во светски вино бренд.
Тимот на Тиквеш - Енергијата зад секое големо вино

Во сржта на секое вино од Тиквеш стои нешто што не може да се измери: љубовта и трудот на луѓето. Тимот на винарницата е спој на генерации, знаења и страсти кои работат како еден организам – од лозјата до глобалниот пазар.


Посебно место во приказната има главниот енолог, Марко Стојаковиќ – образован во Бордо и Монпелје, а на само 27 години ја презел водечката улога во Тиквеш. За него, визбата не е само компанија, туку дом и семејство. Стојаковиќ денес раководи со тим од 12 енолози кои редовно патуваат во Нов Зеланд, ЈАР и Австралија – нешто што е реткост во регионалната пракса, но нормална појава во Тиквеш.

„Нашите луѓе се нашата најголема вредност,“ велат од винарницата. Токму тие се столбови на успехот, бидејќи знаат дека индивидуалниот труд го гради колективниот бренд.


Со комбинација од мудрост и младост, искуство и ентузијазам, Тиквеш не само што создава врвни вина, туку гради и професионалци кои се лидери во регионот и пошироко.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт