Четврток, 30 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Во ЛУКОИЛ секој литар наточено гориво вреди повеќе - Зошто?

Во 2024 се најде меѓу првите 30 најголеми компании во Македонија и направи скок од 49. места на ранг листата на најуспешните. Која е тајната за успех на ЛУКОИЛ?

Во услови на силна конкуренција на пазарот на нафтени деривати, компаниите постојано бараат начини како да ја зголемат довербата и лојалноста на своите клиенти. Рецептот за успех на ЛУКОИЛ е едноставен: квалитетни горива и квалитетна програма за лојалност.

На овој начин компанијата секогаш успева да привлече нови клиенти, но и да ги задржи благодарение на поволностите што ги нуди. Истовремено, тоа е рецептот што со години наназад ѝ помага да го задржи местото меѓу 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

Квалитетни горива од петтата генерација

Развојот на технологијата во производство на нови видови автомобили, диктираше и развој на нови видови на горива во светски рамки.

ЛУКОИЛ Македонија го следи овој тренд и на македонскиот пазар почна да продава висококвалитетни еколошки горива, од петта генерација, произведени во рафинеријата „ЛУКОИЛ-Нефтохим Бургас“.

На бензинските станици на ЛУКОИЛ низ земјава може да се најдат горивата:

  • EKTO Спорт (ЕУРОСУПЕР БС 98) — безоловен моторен бензин (согласно европскиот стандард – ЕN228)
  • ЕКТО Плус (ЕУРОСУПЕР БС 95) — безоловен моторен бензин (согласно европскиот стандард – ЕN228)
  • ЕКТО Дизел (ЕУРОДИЗЕЛ БС) — (согласно европски стандард ЕN590 — Еуро V)
  • Течен нафтен гас (пропан-бутан) — кој во последно време се почесто се употребува како погонско гориво.

Сите горива кои се продаваат на нивните бензински станици ги задоволуваат европските стандарди, како и одредбите од „Правилникот за квалитет на течни горива“, пропишан од страна на Министерството за економија на Република Македонија.

Квалитетна програма за лојални корисници со која секој литар гориво вреди повеќе

Една од стратегиите што се покажува како особено успешна е програмата за лојалност ЛУКОИЛ Клуб, која претставува значаен фактор поради кој многу потрошувачи ги избираат бензинските станици на ЛУКОИЛ.

Програмата им овозможува на корисниците да собираат бонус поени при секое точење гориво или купување производи на бензинските станици.

Собраните поени подоцна можат да се искористат за различни попусти и поволности, што за редовните клиенти значи реална заштеда и дополнителна вредност.

Покрај собирањето поени, членовите на програмата добиваат и ексклузивни понуди, сезонски промоции и специјални попусти кои се достапни само за корисниците на ЛУКОИЛ Клуб. На тој начин компанијата ја наградува лојалноста на своите потрошувачи и создава подолгорочна врска со нив.

Таков е примерот со програмата Cross acceptance, која нуди поволност за корисниците на програмата за лојалност ЛУКОИЛ Клуб.

Доколку патувате во Србија, Црна Гора, Хрватска, а од оваа година и во Бугарија и Романија, и сте дел од ЛУКОИЛ Клуб програмата за лојалност, на бензинските станици на ЛУКОИЛ можете да добиете директен попуст на каса со скенирање на вашиот QR код од мобилната апликација.

Попустот изнесува 1% за горива и ТНГ во Србија, Хрватска Црна Гора и Романија,  во Бугарија 0.05 BGN за литар гориво и 0,03 BGN за литар ТНГ. Попустот за производи од маркет во сите земји изнесува 3%!

За многу возачи, токму ваквите поволности се важен фактор при изборот на бензинска пумпа. Кога покрај квалитетното гориво и услугата се добиваат и дополнителни бенефиции, клиентите имаат поголема мотивација повторно да ги користат истите бензински станици.

Со програмата ЛУКОИЛ Клуб, компанијата покажува дека вниманието кон клиентите и наградувањето на нивната доверба се важен дел од современиот пристап во бизнисот.

Токму затоа оваа програма претставува една од клучните причини поради кои многу потрошувачи редовно ги избираат бензинските станици на ЛУКОИЛ.

Финансиските показатели – најдобар доказ за квалитетното работење

За успехот на една компанија, најдобро говорат финансиските показатели и извештаи, а таков е примерот и со ЛУКОИЛ.

Според податоците на Централниот Регистар на Република Северна Македонија, во 2024 година, компанијата остварила вкупен приход од 9.410.011.522 денари и добивка пред оданочување од 261.094.812 денари.

Изразено во проценти, компанијата остварила раст на вкупните приходи за 5,89% и раст на добивката пред оданочување од 64,37%.

Благодарение на остварениот раст и профит, компанијата во 2024 година се најде на 21. место на ранг листата на најголемите македонски компании и на 77. место на ранг листата на најуспешните.

Тука треба да се нагласи дека компанијата направила неверојатен скок од 49 позиции нагоре во рангирањето по успешност.

Со околу 37 бензински станици кои се стратешки поставени на територијата на Македонија, со континуиран раст и напредок, ЛУКОИЛ останува еден од највредните играчи на пазарот со нафтени деривати во нашата земја.

По предизвиците од пандемијата Порше Македонија испишува историја за успешност

Скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност. Како Порше Македонија испиша историја за континуиран раст и експанзија во последните 5 години?

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

АЛМА - М ДООЕЛ Скопје: Конзистентен раст и во време на економски предизвици

Како котираше компанијата во период од 5 години во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт