Недела, 08 Февруари 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

АД Д-р. Пановски со најуспешна година во последните две децении

Грубо гледано во 2023 година АД Д-р. Пановски го остварила најголемиот приход во последните 20 години. Како трикратното зголемување на приходите влијае врз позицијата на компанијата меѓу најуспешните?

Веледрогеријата АД „Д-р. Пановски“ е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ уште од самите почетоци на проектот, во далечната 2003 година. 

Како еден од клучните играчи во македонската фармацевтска и здравствена индустрија, компанијата повеќе од 30 години на нашиот пазар носи висококвалитетни лекови и медицински помагала.

Успехот на компанијата врз основа на бројки и финансиски параметри

За успехот на една компанија може да се зборува врз основа на повеќе параметри, но ако се погледнат бројките и графиконот застапен во рамки на проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, забележително е дека оваа компанија бележи континуиран раст во периодот откако станала дел од ова семејство.

Како што се забележува од самиот графикон, за оваа компанија 2023 година ќе биде година што ќе ја паметат по најголемиот успех во последните две децении.

Во него најдобро се гледа дека ова е годината кога компанијата го остварила најголемиот раст на приходите, но и на добивката пред оданочување.

Имено, ако во 2003 година, компанијата остварила приход од 657.246.993 денари, или околу 10 милиони и 687 илјади евра, во 2023 година, тој износ е зголемен повеќе од тројно (2.267.070.394 денари).

Сепак, успехот и растот не се одвивал праволиниски.

Компанијата низ годините бележела и растови и падови, но, тоа секако се одвивало во рамките на профитабилноста.

Од 2018 година па наваму, може да се забележи континуиран пораст на приходите, а најголемиот отскок може да се забележи токму во периодот помеѓу 2022 и 2023 година.

Во 2022 година „Д-р.Пановски“ оствариле приход од 1.589.240.446 денари, и добивка пред оданочување од 139.500.145 денари.

Следната 2023 година, растот на приходите е за 42, 65%, додека растот на добивката пред оданочување е за 31,14%.

Ако се направи пресметка на растот на добивката пред оданочување во период од 5 години, односно од 2018 година па сè до 2023, може да се заклучи дека тој изнесува 124,67%.

Согласно на овие финансиски параметри, во 2023 година на листата на најголеми компании, АД „Д-р Пановски“ е рангирана на 125. место, а на листата на најуспешни е рангирана на 105. место.

Благодарение на зголемениот раст на приходите и на добивката пред оданочување, компанијата во период од само една година успеа да се помести за 61. место нагоре на листата на најголемите компании, и за 17. места на ранг листата на најголемите компании.

Иновацијата, следењето на трендовите и соработката со најдобрите – клуч за успешен развој

Тука, секако се поставува прашањето во што се состои формулата за успех на компанијата?

Како компанија чијашто примарна цел е задоволување на потребите на пациентите преку пласирање на различни видови на безбедни и квалитетни медицински производи, АД „Д-р. Пановски“ во голема мера е позитивен пример за работење.

Изборот на вистинските партнерства, но и иновативниот пристап и следењето на трендовите се клучни за успехот на компанијата.

Широкиот асортиман на  медицински производи со кои работи АД „Д-р Пановски“ се должи на повеќегодишна соработка со голем број светски реномирани производители од странство.

АД „Д-р. Пановски“ соработува со голем број звучни имиња и гиганти во светската медицинска, фармацевтска и биохемиска индустрија, коишто ги поместуваат границите и постојано бележат нови достигнувања, па со тоа придонесуваат за напредокот на медицината.

Компанијата соработува со швајцарските гиганти Roche и Swixx, но и со други глобално познати компании како Shire/Takeda, Zentiva, Terumo BCT итн.

АД „Д-р Пановски“ со години наназад учевствува на тендерите за јавни набавки во македонското здравство, пришто е еден од клучните играчи без коишто македонските операциони сали не би можеле да функционираат.

Во последните неколку години, компанијата даде свој придонес и во естетската медицина, преку увоз на производи за естетика, односно минимално инвазивни производи, а и кога ги избираше соработниците во овој дел, повторно се одлучи за најдобрите.

Благодарение на АД „Д-р. Пановски“ на македонскиот пазар се достапни препаратите за неинвазивна естетска медицина на компанијата Croma-Pharma, кои успеаја да ги задоволат и високите европски критериуми за квалитет и безбедност.

Имено, во 2023 година, филерот Saypha®RICH на Croma-Pharma беше прв производ од ваков тип што доби одобрение за користење, откако ЕУ преку Регулативата за медицински уреди за естетски третмани (MDR) воведе построги правила за користењето на овие продукти.

Ваквото одобрение е гаранција за квалитет на производите, безбедност на пациентот и ефикасноста на третманите со нив.

Благодарение на иновативниот пристап, изборот на квалитетни брендови и постојаното следење на трендовите АД „Д-р. Пановски“ со децении наназад испишува успешна приказна во македонската економија.

Оваа веледрогерија е пример за тоа како и со мал број на вработени (околу 60) може да се реализира вистински успех, ако имате идеја и визија во кој поглед и како треба да напредувате.

Порше Македонија - Двигател на електричната мобилност кај нас

Увоз на современи возила, но и креирање на најмоќниот парк за полнење електрични и хибридни возила во државата - Порше Македонија е двигател на електричната мобилност кај нас.

Производите на Пекабеско - Протеини и здравје на вашата трпеза

Месото е важна состојка во секојдневната исхрана, а со производите на Пекабеско АД, никогаш нема да згрешите. Изберете квалитетни и вкусни деликатеси со гарантиран квалитет.

3 вистини и 1 лага за прилепскиот мермер на АД Мермерен Комбинат

Во кои познати светски градби навистина го има прилепскиот мермер, а во кои не? Дали сите приказни што сте ги слушнале за него се вистина, или не?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт