Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

АД Македонски Телеком - Со иновации до континуиран раст и профитабилност

АД Македонски Телеком во 2022 година ја пушти првата комерцијална 5G мрежа во Северна Македонија, а веќе следната година се најде меѓу првите три најуспешни компании кај нас.

АД Македонски Телеком е лидер во телекомуникацискиот сектор во Северна Македонија, препознатлив по својата посветеност на нашиот пазар да ги носи иновациите и најновата технологија со што на своите корисници им обезбедува најквалитетни услуги на пазарот.

Македонски Телеком е водечки национален телекомуникациски оператор, којшто е дел од Групацијата Дојче Телеком од 2001 година.

Компанијата ги обезбедува следните услуги за приватни и деловни корисници:

  • говорни и податочни услуги преку мобилна и фиксна мрежа,
  • интернет услуги,
  • конвергентни услуги,
  • дигитална телевизија и
  • напредни Cloud и ИКТ решенија.

Во своето долгогодишно постоење, Македонски Телеком се изгради и се позиционираше во компанија којашто ја предводи дигитализацијата на општеството и креира одржливи вредности за сите.

MakedonskiTelekom-BuildingSkopje

Македонски Телеком на високото трето место на листата на најуспешни компании во Македонија

Во 2023 година компанијата се најде на 14. место на ранг листата на најголемите македонски компании и на 3. место на ранг листата на најуспешните македонски компании.

Со релативно мал број на вработени, околу 899, АД Маедонски Телеком се покажа како мошне ефикасна компанија која успеа во 2023 година да оствари вкупен приход од 12.044.142.319 денари и добивка пред оданочување од 2.498.945.718 денари, или процентуално за 1,84% повеќе во споредба со претходната година.

Со овие бројки компанијата и понатаму продолжи да остварува континуиран раст и напредок, што во голема мера се должи и на иновативните процеси и воведувањето на нова технологија на македонскиот пазар и за македонските корисници.

MakedonskiTelekom-200NajgolemiINajuspesniPrezentacija

5G мрежа за уште побрз интернет

Неопходен предуслов за дигитализацијата на едно општество е напредна, стабилна и докажана мрежна инфраструктура и инвестиции во најновите технологии.

Во тој контекст Македонски Телеком, со години наназад посветено работи на изградба на најдобрата мрежа во Македонија и секогаш прв ги воведува најновите технологии на пазарот.

Доказ за ваквата посветеност е и тоа што АД Македонски Телеком ја пушти првата комерцијална 5G мрежа и го покри поголемиот дел од урбаните области со технологијата од најновата генерација.

Како што наведуваат од компанијата, подготовките за воведување на 5G технологијата започнале во 2018 година со првата лабораториска демонстрација на 5G, а во 2019 година Македонски Телеком ја постави првата реална тестна мрежа преку којашто се постигнаа брзини на пренос на податоци од 1Gbps, десет пати поголеми од 4G.

Изградбата на мрежата започна во април 2021 година, а веќе во февруари 2022 година, компанијата можеше да се пофали дека ja пушти во употреба првата комерцијална 5G мрежа во Македонија и овозможи користење на 5G услуги паралелно и во комбинација со 4G, со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции.

Telekom5GSpeedtest

„За само година и половина ја изградивме првата и најголема 5G мрежа во Македонија, сè со цел да им овозможиме пристап до оваа технологија на што повеќе корисници и да овозможиме развој на досега невидени услуги, соодветни на новото дигитално време“ – нагласија тогаш од компанијата.

„Големите брзини и капацитети на новата 5G мрежа донесоа револуција во корисничкото искуство, молскавично брзо споделување содржини и мала латенција во комуникацијата.

Оваа технологија ќе биде движечка сила за развојот на нови фукционалности и досега невидени услуги и производи коишто ќе ни го поедностават и подобрат животот во сите сфери.

Користењето на сите напредни функционалности од оваа мрежа ќе се одвива постепено во текот на наредните години, заедно со растот на можностите на новите технологии.

Паралелно со мобилната, компанијата континуирано работи и на развој на оптичката мрежа, а бројот на оптички пристапи постојано расте.

Остануваме посветени на развојот на мрежата и најновите технологии за да обезбедиме постојана комуникација и поврзаност на сите корисници“ – нагласуваат од компанијата.

Ваквата посветеност во работењето и воведувањето на нови технологии се можеби главната причина зошто АД Македонски Телеком и понатаму останува доверлив партнер како за приватните, така и за бизнис корисниците.

Компанијата со години наназад работи на креирање иновативни, сигурни, едноставни производи и решенија за поефикасна дигитална трансформација, раст и развој.

Благодарение на големиот број ИКТ и паметни решенија, но и за безбедноста на податоците, АД Македонски Телеком останува сигурен и доверлив партнер на бизнис заедницата во новото дигитално доба.

Со оглед на ваквите резултати и довербата која што ја креира кај своите корисници, воопшто не е чудно што компанијата во последните години постојано бележи раст и цврсто ја држи позицијата меѓу првите десет најуспешни компании во Северна Македонија.

Во 2023 година, компанијата забележа скок од 3 места на ранг листата на најуспешните македонски компании и се искачи на високото 3. место.

АД Македонски Телеком со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании. Профилот на компанијата може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт