Сабота, 08 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

АКТИВА ДОО Штип: Од семејна компанија до индустриски лидер во металопреработката

Основана како семејна компанија, денес АКТИВА ДОО Штип е металопреработувачки гигант, кој придонесува за развојот на економијата во земјата. Како котира компанијата и кој е нејзиниот клуч за успех?
АКТИВА ДОО Штип: Од семејна компанија до индустриски лидер во металопреработката

Кога во 1999 година беше основана АКТИВА ДОО Штип, малкумина можеа да претпостават дека за две и пол децении компанијата ќе прерасне во еден од најзначајните играчи во македонската металопреработувачка индустрија и една од НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈУСПШЕНИТЕ македонски компании.

Денес, АКТИВА ШТИП е препознатлива како компанија што успешно ги комбинира инженерството, производството и современите технологии, соработувајќи со голем број домашни и странски партнери.

АКТИВА ДОО Штип е диверзифицирана компанија чија основна дејност опфаќа проектирање, изградба и надзор на индустриски и други објекти, производство на челични конструкции, како и производство на метални компоненти и склопови за автомобилската индустрија, железничкиот сектор и друга индустриска опрема.

Во јавноста е најпозната како изведувач на крупни инженерски зафати за изградба на челични конструкции и како главен производител на автомобилски шасии, за автобуси, но и за колички за аеродроми. Позната е по својата соработка со некои од гигантите на автомобилската индустрија, но и по изведбата на објекти во македонските инвестициски зони.

Ако се следи историјатот на компанијата, јасно е дека во текот на повеќе од 25 години работење, компанијата постепено го проширувала својот опсег на услуги и производствени капацитети, следејќи ги потребите на пазарот и развојот на современите технологии.

Денес АКТИВА претставува пример за домашна компанија која во доаѓањето на странските инвестиции во Македонија не гледала конкуренција, туку можност за сопствен раст и интернационализација – а тоа се покажува и преку клучните стратешки партнерства што компанијата ги остварува со некои од нив, долги години наназад.

Лого Актива

Од градежништво до автомобилска индустрија

Во првите години од своето работење, компанијата беше препознатлива пред сè по проектирањето, изградбата и надзорот на индустриски објекти.

Со текот на времето, раководството ја препознало потребата од диверзификација на производството и инвестирање во нови технологии.

Пресвртница во развојот претставува 2014 година, кога со влегувањето на странските инвеститори во Македонија значително се зголемила побарувачката за домашни компании кои можат да произведуваат метални компоненти според високите стандарди на автомобилската индустрија.

Токму тогаш АКТИВА започнува нов инвестициски циклус. Компанијата ги проширува своите производствени капацитети и започнува производство и обработка на метални компоненти и склопови под брендот AKTIVA Automotive.

Со ова, компанијата не само што го проширува своето портфолио, туку и влегува во синџирот на добавувачи за една од најсложените и најконкурентни индустрии во светот – автомобилската индустрија.

Објект на Актива

Инвестиции во современо производство

Следната голема пресвртница доаѓа во 2018 година, кога компанијата ја преструктурира сопственичката структура и се преселува во нов производствен комплекс.

На новата локација е изграден современ погон за производство на челични конструкции со месечен капацитет поголем од 1.000 тони. Новата фабрика е опремена со модерна технологија што овозможува побрзо, попрецизно и поквалитетно производство.

Покрај производството на челични конструкции, AKTIVA Automotive располага со современа CNC-опрема за обработка на челик, нерѓосувачки челик и алуминиум.

Автоматизираните производствени процеси овозможуваат висока прецизност, намалување на можноста за грешки и исполнување на строгите стандарди што ги бараат европските и американските клиенти.

Благодарение на овие инвестиции, компанијата постепено успева да се позиционира на повеќе странски пазари и да воспостави долгорочна соработка со компании од Европа и САД.

Истовремено, проширувањето на производството создава услови за нови инвестиции, модернизација на опремата и отворање нови работни места.

Актива цитат

Нов инвестициски циклус

Развојот на компанијата не запира со досегашните инвестиции.

Отворањето нови пазари и зголемената побарувачка доведоа до започнување нов инвестициски циклус, кој веќе е во тек.

Целта е дополнително зголемување на производствените капацитети, воведување нови автоматизирани процеси и подобрување на конкурентноста на компанијата на европскиот и светскиот пазар.

 

Како котира АКТИВА меѓу „200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ“?

Финансиските резултати покажуваат дека компанијата и понатаму останува еден од значајните индустриски субјекти во Македонија.

Во 2024 година АКТИВА се најде на 122. место на листата на најголемите македонски компании и на 167. место на листата на најуспешните.

Компанијата оствари приходи од 2.560.024.094 денари, додека добивката пред оданочување достигна 138.527.233 денари.

Иако приходите се намалени за 18,12 проценти во споредба со претходната година, добивката пред оданочување е зголемена за 3,85 проценти.

Овој резултат покажува дека компанијата успеала да ја подобри ефикасноста на работењето. Намалувањето на приходите не секогаш значи и намалување на профитабилноста.

Во услови кога компанијата успева да ги оптимизира трошоците, подобро да ги искористи производствените капацитети и да работи на проекти со поголема додадена вредност, можно е да се оствари повисока добивка и покрај помал обем на приходи.

Таквите показатели вообичаено се сметаат за знак на зрело корпоративно управување и внимателно планирање на инвестициите.

Табела со финансиски податоци

2024 – година на нови можности

Еден од најзначајните моменти во поновата историја на компанијата беше добивањето сертификат што овозможува пристап до НАТО-пазарите.

Со стекнувањето на оваа сертификација, АКТИВА добива можност да учествува на тендери за набавки поврзани со потребите на Алијансата, што претставува значајно проширување на потенцијалниот пазар.

Во исто време, компанијата најави ново поглавје во својот развој.

Во 2025 година беше реализирана инвестиција вредна 12 милиони евра, наменета за нов производствен погон и нови роботизирани производствени линии.

Според информациите од компанијата, новите капацитети треба да овозможат зголемување на производството за околу 300 проценти, што ќе создаде услови за побрзо исполнување на барањата на постојните клиенти во Европа, на Блискиот Исток и во Африка.

 

Луѓето како најважна инвестиција

Иако инвестициите во машини, технологии и производствени капацитети се значаен дел од развојната стратегија, во АКТИВА сметаат дека долгорочниот успех зависи пред сè од луѓето.

Компанијата денес вработува повеќе од 500 лица, а во 2024 година бројот на вработени изнесувал околу 526.

Голем дел од нив се машински инженери, техничари, проектанти и други висококвалификувани стручни кадри.

Во услови кога Македонија со години се соочува со одлив на млади и образовани луѓе, задржувањето на ваков кадар претставува сериозен предизвик за секоја индустриска компанија.

Поради тоа, АКТИВА не инвестира само во професионалниот развој, туку и во подобрување на животниот стандард на своите вработени.

Катива постер 20 години

Инвестиција во дом за вработените

Една од најинтересните корпоративни одлуки е донесена за време на ковид-пандемијата.

Во период кога активностите во основната дејност беа намалени, компанијата започна проект за изградба на станбен комплекс со околу 300 станови во Штип.

Целта не беше само инвестирање во недвижности, туку и создавање услови дел од вработените полесно да дојдат до сопствен дом.

Голем број од становите ги купиле токму вработени во компанијата, а АКТИВА обезбедила субвенција до 15 проценти при нивното купување.

Овој модел претставува редок пример на корпоративна политика насочена кон долгорочно задржување на стручниот кадар и јакнење на лојалноста на вработените, што се покажало како вистински чекор во време кога земјата се соочува со сериозен дефицит на работници и стручен кадар.

 

Поглед кон иднината

Со повеќе од две и пол децении искуство, современи производствени капацитети, стотици вработени и континуирани инвестиции во технологија, АКТИВА ДОО Штип продолжува да ја гради својата позиција како еден од најзначајните претставници на македонската металопреработувачка индустрија.

Пред компанијата остануваат нови предизвици, но и нови можности. Освојувањето на НАТО-пазарите, инвестициите во роботизација и автоматизација, како и континуираното вложување во човечкиот капитал, покажуваат дека стратегијата на компанијата е насочена кон долгорочен и одржлив раст.

Од семејна компанија основана во 1999 година до производствен систем што денес соработува со европски и американски партнери, АКТИВА претставува пример како домашното претприемништво, кога е проследено со визија, инвестиции и стручност, може успешно да се развива и на меѓународните пазари.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт