Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Актива: Креираме нови вредности во градежништвото

Актива е компанија која се занимава со градежништво, услуги за проектирање и производство на челични конструкции и производство на метални компоненти за автомобилска индустрија, железница и друга индустриска опрема.

На пазарот постои 25 години, а исто така е дел и од 200те најголеми и најуспешни компании веќе 10 години. 

Прв пат на листите се појави во 2013 година како 65та најуспешна и 90та најголема компанија со остварена добивка пред оданочување од 108,5 милиони денари и вкупен приход од 1,2 милијарди денари. Во однос на претходната година ова значеше пораст од 4637,29% на добивката и 178,12% на вкупниот приход. Во тоа време компанијата броеше нешто повеќе од 200 вработени.


Низ годините се забележува пораст на финансиските резултати на компанијата и покрај неколкуте години во кои има намалување. Сепак трендот и за двете варијабли е растечки што покажува дека компанијата работи позитивно. 

Во последните три години е видливо зголемување и на добивката и на вкупните приходи, а значително зголемување може да се забележи во 2022 година кога вкупните приходи беа зголемени за дури 52,72% и изнесуваа 2,3 милијарди денари. Во 2022 година компанијата се рангираше како 121ва најголема компанија и 133 најуспешна со остварена добивка пред оданочување од 133 милиони денари.


Во однос на бројот на вработени исто така е забележано зголемување и тоа за 170% во однос на 2013 година, а компанијата ја заврши 2022 година со 549 вработени. Повеќе информации и податоци за Актива може да најдете на нивниот профил.



Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт