Петок, 26 Април 2024
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Алкалоид АД - Здравјето Пред Сè

За „Алкалоид“, постојана инспирација и стремеж е да го заштитат и да го сочуваат најскапоцен подарок на природата - здравото човечко тело. Со неуморна страст создаваат производи кои се синоним за врвен квалитет.

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

„Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 18 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД и Велика Британија).

Друштвото брои 2.015 вработени во земјата и 604 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија.

Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.000 акционери, физички и правни лица.


Нивната МИСИЈА е постојано да тежнеат кон поздрав свет, кон супериорен квалитет на производите и на услугите, како и кон висока професионалност и кон континуиран успех. Основна определба им е грижата за здравјето и за квалитетот на живот на секој човек, за системот на здравствена заштита и за животната средина. Тие континуирано се стремат да го унапредуват здравјето на луѓето, што се рефлектира преку нивното мото ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СÈ.


Нивната ВИЗИЈА е „Алкалоид“, како глобално ориентирана компанија, да се стреми кон постигнување високи цели и дострели, кои ќе овозможат изразена конкурентност и пазарна позиција. Постојано се отворени за градење нови пазари и нови партнерства, а произведуваат и пласираат производи со највисок квалитет, применувајќи најсовремени технологии и деловни стандарди.


Алкалоид АД од 2010 година континуриано се дел од листата на најголемите и најуспешни компании во Македонија, а нивниот раст може да го погледнете ТУКА.



Отворен нов Тренинг центар на Инграм Микро Македонија

Уште еден тренинг центар ги отвори своите врати за сите млади лица, од страна на глобалниот лидер за технологија и логистика, Инграм Микро.

Јавните претпријатија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ®

Во 2022 година 5 македонски јавни претпријатија се рангираа на листата на најголеми според вкупниот остварен приход, додека само 1 беше дел од најуспешните според добивката пред оданочување.

Интервју со Горан Ковачевиќ, Директор на Интеренерго Македонија ДООЕЛ

Го пренесуваме во целост интервјуто со една од најголемите компании за трговија со електрична енергија во Македонија и регионот.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт