
Од 2011 година, Емша Шпед се рангира помеѓу 200 те најголеми компании со вкупен приход од над 612 милиони денари. Неколку години по тоа, во 2014 година, компанијата се искачи дури помеѓу првите 100 компании по вкупен приход, со приход од 1.271 милиони денари и истата година за прв пат се рангира и во 200те најуспешни компании со добивка пред оданочување од 46 милиони денари. Од тогаш па се до 2021, Емша Шпед е секоја година на ранг листите помеѓу најдобрите компании со што дополнително го докажува својот квалитет и стабилност. Во 2021 година компанијата има остварено раст на добивката од 39,5% и раст на приходите од 6,6%, споредбено со 2020 година, а заклучно со декември 2021 година компанијата вработува 121 лице.
Посетете ги профилите на компаниите за повеќе информации и податоци како и анализи изработени од податоците со кои располага 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.
04-06-2026
01-06-2026
01-06-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт