Недела, 15 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЕРИ ЦОРПОРАТИОН - Прва македонска компанија со EUROVENT сертификат

Сертификатот Eurovent е доказ дека производите во битолската фабрика ЕРИ ЦОРПОРАТИОН се со европски стандарди и квалитет. Како битолската фабрика котираше меѓу најуспешните во 2023?

Македонско-италијанската компанија ЕРИ ЦОРПОРАТИОН ДООЕЛ во Македонија постои од 2015 година, а нејзина главна дејност е производство на модерни рекуперативни и регенеративни топлотни изменувачи наменети за вентилациони системи во резиденцијални и индустриски објекти.

Основана со странски капитал, во рамки на бранот капитални странски инвестиции што ја опфатија Македонија, компанијата веќе речиси една деценија е една од најголемите и најуспешните компании во Македонија.

Тоа е компанија која важи за еден од најголемите производители во својата дејност, а своите производи, коишто се изработени по сите европски стандаради, ги произведува во фабриката во Битола.

ЕРИ ЦОРПОРАТИОН е клучен фактор за развојот и растот како на македонската, така и на економијата во битолскиот регион.

Со оглед на тоа што обезбедува сигурно вработување и егзистенција за стотици лица од овој крај, компанијата има големо значење, не само во поглед на економскиот, туку и во поглед на технолошко-развојниот аспект на општетството бидејќи обезбедува примена на најсовремените европски методи на производство во својата област и кај нас.

Растот и развојот на компанијата низ годините

ЕРИ ЦОРПОРАТИОН ДООЕЛ за првпат стана дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во 2019 година, кога за првпат се рангираше меѓу најуспешните компании и го зазеде 80. место, според остварената добивка пред оданочување од 166.2 милиони денари.

Во споредба со претходната година, во 2019 година, компанијата успеала да оствари раст на добивката пред оданочување во износ од 244,05%.

По оваа успешна година, следувале две малку полоши години што може да се види и во значителното опаѓање на добивката, но и на просечниот број на вработени.

Имено, 2020 година, компанијата ја завршила со 176 вработени, но со растот на производството во следните години, нивниот број пак почнал да се движи во нагорна линија.

Во 2023 година, ЕРИ ЦОРПОРАЦИОН се најде на 54. место на ранг листата на најуспешни компании во Македонија.

Оваа година, компанијата ја заврши со вкупна добивка пред оданочување од 293.362.661 денари, или процентуално, забележа раст на добивката пред оданочување од 32,05%.

Во периодот од пет години, од 2018 до 2023, растот на добивката пред оданочување е зголемен за 76,47%.

Забележително е тоа што бројот на вработени е значително зголемен во поглед на турбулентната 2020 година, па така, во 2023 година, компанијата во просек вработувала 247 лица.

Македонски производи со европски квалитет

Во моментов ЕРИ ЦОРПОРАЦИОН е еден од најголемите производители на модерна опрема за топлинска размена наменета за климатизациски и вентилациски системи, коишто се произведени во согласност со меѓународните критериуми за квалитет.

Промената на бројките во оперативниот дел од работата, можеби во голем дел се и причинско-последично поврзани со некои големи промени што се случија во однос на легислативата и корпоративниот сегмент на компанијата.

Така, ако во поглед на успешноста се чини дека 2022 година значела пресврт за компанијата во поглед на успехот и бројките, таа година е исто така многу важна затоа што токму тогаш ЕРИ ЦОРПОРАЦИОН се стекна со еден од клучните сертификати што ѝ овозможуваат зголемен обем на работа, а тоа е Eurovent сертификатиот што се доделува од ЕУ.

Ова беше мошне важен чекор, како за компанијата, така и за Македонија како држава, бидејќи ова беше за првпат компанија од нашата земја да се стекне со овој угледен сертификат.

Што е Eurovent?

Eurovent е сертификат што се доделува од независни органи за производите за загревање, вентилација, климатизација и ладење, којшто вклучува ригорозно тестирање на производите.

Доделениот Eurovent сертификат означува дека производите работат токму така како што се рекламираат и се енергетски ефикасни.

За разлика од вообичаените тестирања, што фабриките ги спроведуваат во рамки на својот оперативен процес, Eurovent e сертификат што се доделува од трета страна, односно од независни органи, кои што не се пристрасни кон произведувачот или производот, па поради тоа се смета дека тој дава реална слика и оцена за квалитетот на производот што го набавувате.

Во рамки на тестирањето се води сметка за неколку клучни фактори како што се, капацитетот, моќноста на вентилаторот, енергетската ефикасност, нивото на бучност, но исто така се води сметка и дали софтверот што го нуди произведувачот го отсликува реалното работење на производите.

Благодарение на овој сертификат, купувачите добиваат:

  •          Гаранција дека производот работи беспрекорно;
  •          Доказ дека производите со овој сертификат ќе работат онака како што се рекламирани;
  •    Осигурување дека производите се во согласност со владината регулатива и барања, како и со интернационално прифатените стандарди и кодекси; 
  •       Докажани производи што помагаат во зачувувањето на животната средина и намалување на нивото на јаглерод диоксид во воздухот.

Со стекнувањето на Eurovent сертификатот ЕРИ ЦОРПОРАТИОН докажа дека нивните производи изработени во битолската фабрика и од страна на професионалците во нивната фабрика ги задоволуваат сите критериуми и стандарди кои што се неопходни за присуство на европскиот, но и на меѓународниот пазар. 

Освен Еurovent, ЕРИ Цорпоратион поседува уште неколку клучни сертификати за стандарди, што гарантираат долгогодишно работење и присуство во македонската економија, но и во македонскиот бизнис сектор.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?

Адора Инженеринг: Секогаш чекор пред времето во иновацијата на градежништвото

Адора Инженеринг во последните 24 години докажа дека е компанија која е секогаш чекор пред времето во поглед на иновативноста и квалитетната понуда што ја нуди и е лидер меѓу македонските градежни компании.

Алкалоид АД Скопје - Еден од најпосакуваните работодавачи во Македонија

Во текот на 2024 година се реализирани 253 нови вработувања во Алкалоид АД. Компанијата, трета година по ред ја доби наградата „Најпосакуван работодавач“. Како компанијата води грижа за своите вработени?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт