Сабота, 21 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЕУРО-ФАРМ - 250.000 лојални клиенти и беспрекорна грижа за здравјето

Развиена програма за лојалност, публикација за поткревање на свеста на грижата за здравјето, квалитетни лекови. Што е она што ја прави „ЕУРО-ФАРМ“ една од најпрепознатливите компании?

„ЕУРО-ФАРМ“ ДООЕЛ, Битола, е една од најголемите веледрогерии во Македонија, која се занимава со увоз и трговија со лекови, медицински препарати и козметика. 

Во 2023 година е рангирана на 83. место на листата на најуспешни компании во Македонија, а компанијата може да се пофали дека има над 250.000 лојални клиенти.

Eurofarm1-Јамеисон-Витамини

Повеќе од 12 години горд член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ 

Повеќе од 20 години „ЕУРО-ФАРМ“ е синоним за квалитетни лекови, медицински препарати, помагала и козметика по најпристапни цени.

Оваа компанија е доказ дека кога постојано работите напорно на градење на доверливост, преку постојано кревање на стандардите на услугата што ја давате, успехот е неминовен.

Токму заради тоа, „ЕУРО-ФАРМ“ веќе 12 години е горд член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.

Компанијата во 2023 година остварила вкупен приход од 3.406.649.586 денари и вкупна добивка пред оданочување од 37.470.216 денари.

Процентуално, компанијата забележала раст на приходите за 5,29%.

Во 2023 година има и мал раст на бројот на вработени во споредба со претходната година, па така таа година, компанијата обезбедувала сигурна егзистенција за 93 вработени.

EuroFarm-Prezentacija200NajgolemiINajuspesni

Повеќе од 20 години посветена работа и грижа за здравјето на клиентите

Компанијата на македонскиот пазар постои повеќе од 20 години и претстаува синоним за модерна, препознатлива, лојална и општетсвена компанија.

Водејќи се од мотото „Ние постоиме за да се грижиме за вашето здравје“, „ЕУРО-ФАРМ“ во последните дваесетина години прерасна во лидер во аптекарската дејност во Македонија.

Компанијата беше основана во декемри 2000 година, а благодарение на посветената работа и истрајноста, денес поседува 121 аптека кои се распоредени на територијата на цела Македонија.

Со ваквата поставеност, а и со отворањето на онлајн аптеката, компанијата придонесува квалитетните лекови, медицински препарати и козметика да бидат достапни за секој граѓанин во земјата.

Eurofarm2-Јамеисон-Кидс

Генерален застапник на повеќе од 20 партнери во фармацевтската индустрија

Денес „ЕУРО-ФАРМ“ е застапник на повеќе од 20 партнери во фармацевтската индустрија, меѓу кои и канадскиот гигант Jamieson Vitamins, кој во светски рамки е препознатлив по квалитетните витамински и минерални суплементи во исхраната.

Исто така компанијата е застапник и на природните суплементи за имунолошкиот систем на германската компанија Dr.Wolz, како и на светски реномираниот производител на фармацевтски производи, ортопедски помагала и опрема за фитнес и рехабилитација Fysioline, којшто ја претставува револуционерната палета на производи ICE POWER, кои благодарение, токму на „ЕУРО-ФАРМ“, повеќе од 15 години се присутни на нашиот пазар.

Ова се само дел од некои од најпознатите партнери од компанијата, коишто прават таа да биде препознатлива по нив.

Eurofarm3-DrWaltzVitamini

Квалитетна програма за лојалност и поткревање на свеста за грижата за здравјето

Освен по квалитетните производи што ги нуди за своите потрошувачи, аптеките на „ЕУРО-ФАРМ“ во последните 10 години станаа препознатливи и по добро развиената програма за лојалност.

„ЕУРО-ФАРМ клуб картичките“ веќе 10 години се препознатлив бренд којшто им овозможува на лојалните потрошувачи во овие аптеки да купуваат на попуст.

Редовните клиенти знаат дека секој месец „ЕУРО-ФАРМ“ објавува листа на производи кои може да ги набават по намалени цени, а за да го направат тоа, доволно е само да ја покажат својата „ЕУРО-ФАРМ клуб картичка“ при купувањето.

Во последните 10 години, „ЕУРО-ФАРМ“ има поделено повеќе од 200.000 клуб картички, а услугите на овие аптеки во Македонија ги користат повеќе од 250.000 лојални клиенти, бројка што во ниту еден случај не е за занемарување и е доказ за довербата што компанијата успеала да ја изгради кај своите потрошувачи.

Грижата за здравјето на своите потрошувачи „ЕУРО-ФАРМ“ ја докажува и со редовната публикација насловена „Семејно здравје“, која што освен што е достапна во печатена форма, во секое време можете да ја симнете и во ПДФ формат на веб страницата на аптеките на компанијата.

Публикацијата опфаќа голем број интервјуа со стручни лица, професионалци, како и текстови уредени и напашани од професионални здравствени работници, а чијашто главна цел е едукација и поттикнување на поголема свест кај граѓаните за грижата за здравјето.

Оттука, станува јасно дека големината и успехот на „ЕУРО-ФАРМ“ во голема мера се должи на тоа што нивното главно мото „Ние постоиме за да се грижиме за вашето здравје“ е инкорпорирано во сите сегменти на работењето на компанијата.

Преку дистрибуирање и продажба на квалитетни лекови од некои од најпознатите светски брендови, преку примамливи попусти и квалитетна програма за лојалност, но и бесплатни совети и споделување на важни информации, јасно е дека зад брендот „ЕУРО-ФАРМ“ стојат вистински професионалци, кои се посветени на грижата за добросостојбата на своите клиенти и потрошувачи.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт