Недела, 15 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЕУРО-ФАРМ - Докажан партнер во секој чекор од родителството

Што е она што ги прави аптеките на „ЕУРО-ФАРМ“ прв избор во грижата за здравјето на нивните деца? Кои производи и помагала им го олеснуваат животот и прават родителството да биде како песна?

Од деновите кога сте ненаспани родители на новороденче, преку првите вирусни инфекции, превенцијата од настинки и грипови, до првите ученички, па понатаму и во тинејџерските и адолесцентските денови, аптеките на „ЕУРО-ФАРМ“ се ваш лојален партнер кој во секое време може да ви ги обезбеди најквалитетните производи за грижата за здравјето на вашите деца.

Повеќе од 20 години, под мотото „Ние се грижиме за вашето здравје“, компанијата „ЕУРО-ФАРМ“ ги дистрибуира и ги носи на македонскиот пазар најквалитетните лекови, медицински препарати, помагала и козметика.

Од своите почетоци во 2000 година, па сè до денес компанијата се гради, усовршува и се надоградува како потврден фармацевтски бренд во земјата и во регионот.

Во своето портфолио, компанијата денес застапува повеќе од 20 партнери од фармацевтската индустрија, со 121 аптеки низ целата земја и повеќе од 250.000 лојални клиенти.

Освен по квалитетните лекови, аптеките на Еурофарм се познати по тоа што на своите рафтови имаат и некои од најпознатите и најквалитетните светски брендови на витамини и додатоци во исхраната, како и голем број други производи што го прават родителството полесно.

Секој родител кој поминал низ периодот со новороденче знае колку тој период сам по себе е стресен. Бебето се навикнува на новата средина, но и ние како родители учиме попатно и ги осознаваме малите тејни на големите херои во нашите животи.

Eurofarm-TwistShake

Аптеките на „ЕУРО-ФАРМ“ – прв избор на новите родители

Од изборот на квалитетна бебешка опрема, до изборот на квалитетни пелени, адаптирано млеко, витамини и лекови – аптеките на „ЕУРО-ФАРМ“ се прв избор за голем број нови родители.

Компанијата е партнер на шведскиот бренд Twistshake, којшто е препознатлив по производството на квалитетната бебешка опрема со уникатен дизајн.

Се работи за безбедни, функционални и висококвалитетни производи со уникатен и привлечен дизајн.

Од шишиња и цуцли против колики, до термоси и други додатоци, во аптеките на „ЕУРО-ФАРМ“ секогаш можете да ги најдете овие квалитетни производи кои во голема мера помагаат да се намали стресот во првите 3-4 месеци од родителството, периодот кога коликите напаѓаат, а кои може да бидат стресни и за бебињата, но и за родителите.

„Да се произведуваат продукти за бебиња е задача со огромна одговорност. Ние гарантираме дека произведуваме продукти кои се со апсолутно највисок квалитет.

Овој менталитет преовладува не само во производствениот процес: тоа е каменот-темелник на целокупниот бизнис на Twistshake“ – велат од компанијата.

Eurofarm-TwistShakeTermos

Квалитетни витамини и суплементи за зајакнување на имунитетот

Секој почеток на новата учебна година е нов стрес за родителите. Паралелно со сезоната во која децата тргнуваат во поход по нови знаења, почнува и сезоната на настинки и грипови, па заради тоа квалитетните витамини и суплементи се нешто што е неопходно.

„ЕУРО-ФАРМ“ повеќе од 20 години на нашиот пазар ги носи најквалитетните суплементи на канадскиот гигант Jamieson, но и на германската компанија препознатлива по креирањето на природни суплементи за зајакнување на имунитетот Dr.Wolz.

Канадската компанија Jamieson Vitamins е основана во далечната 1922 година и повеќе од 100 години е препознатлива по производството на висококвалитетни витамини и минерали. Нивните производи се признаени во светски рамки заради „чистината“, ефективноста и безбедноста.

А благодарение на веледрогеријата „ЕУРО-ФАРМ“ овие производи се достапни и за македонските граѓани, кои за здравјето на своето дете секогаш сакаат да го изберат најдоброто.

Jamieson MultiKids, како и витамините за џвакање C+D3, или А+D3 се само дел од богатата програма на производи од овој бренд што е достапна на нашиот пазар.

Германскиот гигант Dr.Wolz, пак, е препознатлив по висококвалитетните природни суплементи за зајакнување на имунитетот.

Компанијата била основана како семејна компанија од страна на биотехнологот Зигфрид Волц, кој во далечната 1969 година ги развил познатите ензими Dr.Wolz, по кои нивните производи и ден-денес се препознатливи и служат како „гориво за ќелиите“ во организмот.

Освен за имунитетот, овој партнер на „ЕУРО-ФАРМ“ нуди производи за здравјето на вашиот крвоток, за здравјето на децата и спортистите, а важи и за специјалист за цревна флора.

Dr. Wolz Colostrum Immun или KinderImmun се некои од производите што родителите ги избираат кога сакаат да го одржат или го подобрат имунитетот на нивните деца во текот на целата учебна година.

Кога ќе се погледне огромниот број на квалитетни производи, атрактивните попусти, како и добро развиената програма за лојалност на „ЕУРО-ФАРМ“, станува јасно зошто овие аптеки се прв избор на околу 250.000 лојални купувачи во Македонија.

EuroFarm-Prezentacija200NajgolemiINajuspesni

Посветената работа носи резултати

Кога работите посветено и напорно, неминовно е да имате позитивни резултати. Така, во 2023 година, „ЕУРО-ФАРМ“ е рангирана на 83. место на листата на најуспешни компании во Македонија.

Компанијата во 2023 година остварила вкупен приход од  3.406.649.586 денари и вкупна добивка пред оданочување од 37.470.216 денари.

Процентуално, компанијата забележала раст на приходите за 5,29%.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?

Адора Инженеринг: Секогаш чекор пред времето во иновацијата на градежништвото

Адора Инженеринг во последните 24 години докажа дека е компанија која е секогаш чекор пред времето во поглед на иновативноста и квалитетната понуда што ја нуди и е лидер меѓу македонските градежни компании.

Алкалоид АД Скопје - Еден од најпосакуваните работодавачи во Македонија

Во текот на 2024 година се реализирани 253 нови вработувања во Алкалоид АД. Компанијата, трета година по ред ја доби наградата „Најпосакуван работодавач“. Како компанијата води грижа за своите вработени?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт