Недела, 15 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЕУРО ТАБАК - Преку дологогодишни партнерства до континуиран раст

„ЕУРО ТАБАК“ е долгогодишен член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Како долгогодишната соработка со квалитетни и докажани партнери се покажа како вистински рецепт за успех?

„ЕУРО-ТАБАК“ е македонска компанија која опстојува повеќе од 20 години на нашиот пазар, а е член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ уште од далечната 2005 година.

Развој, иновации и прецизност – Клучни термини зад развојот на „ЕУРО ТАБАК“

„ЕУРО ТАБАК“ како компанија е позната по најголемата дистрибутивна мрежа во земјата, брзиот и точен транспорт на стоки, гаранцијата за продажба на производите, но и долгогодишните партнерства со некои од најпознатите светски брендови.

„Продажбата како една од основите во оваа индустрија е таа која ги зајакнува процесите на квалитетна дистрибуција на производите до продажните места.

Земајќи го предвид долгогодишното искуство на менаџерскиот тим за продажба и продажната сила од 145 професионалци, војнички прецизно го затвораат процесот на продажба на производите, не само до продажните места, туку и до крајните потрошувачи.

Процесот на продажба е тесно поврзан со психологијата на потрошувачот чија импулсивност се мери преку маркетинг секторот кој секогаш е составен дел од почетната фаза на продажбата.

Како додаток на одличниот тим за продажба, употребуваме врни технологии во одделот на инфомациски системи и хардвер.

Истите се постојано оддржувани и надградувани со цел да се обезбедат врвни стандарди за нашите партнери како и нивните потрошувачи“ – нагласуваат од компанијата на нивната веб-страница.

Доказ за квалитетното работење на компанијата е и долгогодишното партнерство со голем број познати домашни и светски брендови, кои благодарение на дистрибутивната мрежа на „ЕУРО ТАБАК“ редовно и навремено стасуваат на рафтовите во маркетите, продавниците, бензинските пумпи и тобаката.

Соработка со Imperial Tobacco од самите почетоци

Од своите почетоци, па сè до денес, „ЕУРО ТАБАК“ е генерален дистрибутер на производите на ITG (Imperial Tobacco Group).

Во текот на изминатите 100 години, Империал Тобако се етаблира како еден од водечките светски производители на висококвалитетни производи од тутун.

Благодарение на работата на „ЕУРО ТАБАК“ производите на овој британски гигант се достапни повеќе од 20 години на нашиот пазар.

Освен со оваа компанија, „ЕУРО ТАБАК“ во последните години има соработка и со KT&G, Korea Tobacco & Ginseng Corporation  – компанија со високонапредна технологија на производство која е петта компанија по продажба на цигари во светот и е со индекс на пораст од 100% во последните 3 години.

Долгогодишна соработка со Т-Мобиле

„ЕУРО ТАБАК“ од 2006 година стана овластен трговски застапник на производите на Т-Мобиле Македонија.

Во партнерство со овој телекомуникациски гигант, компанијата опслужува повеќе од 1.400 продажни места во делот на надополнување на е-ваучери и продажба на СИМ картички.

Компанијата е главен виновник што овие ваучери и картички можете да ги набавите на сите бензински пумпи на Макпетрол и сите бензински пумпи на Лук Оил.

Вкусот на Franck

Ако сте обожавател на кафињата, или пак на чаевите од брендот Franck, тогаш треба да знаете дека тие до вашите продажни места стасуваат благoдарение на тимот професионалци на „ЕУРО ТАБАК“.

Речиси 70 производи од програмата на овој познат хрватски производител се достапни за македонските потрошувачи благодарение на дистрибутивната мрежа на компанијата.

Станува збор за хрватска компанија основана во 1892 година како дел од германската мултинационална компанија Heinrich Franck Söhne.

Пред Втората светска војна, Franck произведувал замени за кафе, но во последните 50 години го збогатува производството со воведување различни иновации.

Дистрибуција на други квалитетни производи за широка потрошувачка

Освен производи од тутун и кафе, „ЕУРО ТАБАК“ е дистрибутер на 100% природните сокови на „Јаболчело“, произведени во Преспа, чипсовите и грицките на германскиот бренд Chio, производите за хигиена на Harper Hygienics, козметичките препарати на хрватската компанија Neva, препознатливи под името Rosal, како и на најквалитетните јапонски батерии Toshiba.

Ако се погледне портфолиото на партнерствата на компанијата и воопшто компаниите со коишто соработува, станува јасно зошто пред неколку години компанијата гордо го споделуваше слоганот „Ги дистрибуираме само најдобрите“.

Благодарение на долгогодишната соработка, голем број од овие домашни и светски брендови веќе се години се присутни на нашиот пазар и се препознатливи токму по високиот квалитет, пристапните цени и традицијата.

Уште една успешна година за ЕУРО ТАБАК

Најдобар доказ за успешноста на една компанија се токму финансиските показатели. А според бројките, 2023 година била уште еден успешен период за „ЕУРО ТАБАК“.

Компанијата „ЕУРО ТАБАК“ ДООЕЛ, Скопје во 2023 година е рангирана на 51 место на најголемите компании во Македонија, со што забележа скок од 4 позиции нагоре, во однос на претходната година.

Во 2023 година компанијата остварила вкупен приход од 5.300.172.137 денари и раст на приходите од 3,43% во споредба до претходната 2022 година.

Вкупниот износ на добивката пред оданочување изнесувал 54.809.650 денари, или процентуално, добивката пред оданочување се зголемила за 16,53 отсто.

Повеќе од 20 години оваа компанија е докажан лидер во дистрибуцијата на производи за широка потрошувачка во Македонија, кој гарантира за својот квалитет на услугата и за добрата позиционираност на производите во продажните објекти.

Во сите години наназад „ЕУРО ТАБАК“ се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?

Адора Инженеринг: Секогаш чекор пред времето во иновацијата на градежништвото

Адора Инженеринг во последните 24 години докажа дека е компанија која е секогаш чекор пред времето во поглед на иновативноста и квалитетната понуда што ја нуди и е лидер меѓу македонските градежни компании.

Алкалоид АД Скопје - Еден од најпосакуваните работодавачи во Македонија

Во текот на 2024 година се реализирани 253 нови вработувања во Алкалоид АД. Компанијата, трета година по ред ја доби наградата „Најпосакуван работодавач“. Како компанијата води грижа за своите вработени?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт