Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Филип Морис Интернешнал: Десет години лидер на промени во тутунската индустрија

Филип Морис Интернешнал веќе 10 години го предводи преминот кон иднина без чад, со научно потврдени алтернативи како IQOS.

Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп се истакнува со високи бизнис резултати, рангирајќи се на листите на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ и тоа на 29-то место на листата на најуспешни компании според добивката пред оданочување и на 90-то место на листата на најголеми според вкупниот приход за 2023 година.


Пред точно една деценија, Филип Морис Интернешнал (ФМИ) го направи првиот храбар чекор кон трансформација на тутунската индустрија, со лансирање на IQOS – револуционерен уред без чад – во Јапонија. Овој чекор не само што означи почеток на нова ера во користењето на никотин, туку и ја постави основата за визија која сè повеќе станува реалност: свет без чад од цигари.

Водена од науката и технологијата, компанијата создаде целосно нова категорија производи – алтернативи засновани на научни докази, кои претставуваат подобар избор за полнолетните пушачи кои инаку би продолжиле да користат традиционални цигари. Овие производи не се наменети за луѓе кои не користат тутун или никотин, а особено не за малолетници.


Науката како двигател на иновацијата

До денес, ФМИ има спроведено 532 научни студии преку својот тим за истражување и развој, а постојат и 48 независни истражувања и ревизии на глобално ниво. Посебно значајни се и двата научни проекти спроведени во Северна Македонија од страна на Македонската академија на науките и уметностите, кои дополнително ја потврдуваат научната основа зад IQOS производите.

Сè поголем број земји, меѓу кои Шведска, Обединетото Кралство, Грција и Јапонија, почнаа да ја прифаќаат науката како столб во нивните стратегии за намалување на штети – пристап кој ги надополнува традиционалните мерки како што се превенцијата и престанокот со пушење.


Промена за подобро

IQOS производите се насочени кон подобрување на јавното здравје преку реална и иновативна понуда за над 1 милијарда возрасни пушачи ширум светот. Филип Морис со оваа иновација испраќа силна порака: промена е можна, и таа треба да биде поддржана со наука, технологија и одговорност кон општеството.

Компанијата останува посветена на иднина без чад и продолжува да ја предводи индустријата низ процесот на промена, со јасна цел – намалување на штетите и создавање на подобри опции за полнолетните потрошувачи.

Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт