Сабота, 08 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ИГМ-ТРЕЈД: Импресивен раст на добивката од 49,09% и лидерска позиција во металната индустрија

Дали импресивниот раст на добивката на ИГМ – ТРЕЈД од речиси 50 проценти е случаен или е резултат на три децении стратешки инвестиции, технолошки развој и извозна ориентација?
ИГМ-ТРЕЈД: Импресивен раст на добивката од 49,09% и лидерска позиција во металната индустрија

ИГМ - ТРЕЈД е компанија која во 1991 година започна како трговец со производи од црната металургија, а успеа да прерасне во индустриски гигант со извоз на европските пазари и лидерска позиција во својата дејност во рамки на рангирањата на НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈУСПЕШНИТЕ компании во Македонија.

ИГМ-ТРЕЈД од Кавадарци е пример како континуираните инвестиции, технолошкиот развој и извозната ориентација можат да изградат конкурентна македонска компанија со меѓународен углед.

Финансиските резултати за 2024 година дополнително ја потврдуваат оваа позиција.

Во рамки на проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, ИГМ-ТРЕЈД е рангирана на 17. место меѓу најголемите компании во Македонија и на 10. место меѓу најуспешните, што ја прави убедливо најуспешна компанија во секторот „Производство на метали“.

Компанијата остварила вкупни приходи од 10.707.313.000 денари, односно околу 174,1 милиони евра. Добивката пред оданочување изнесувала вкупно 1.476.116.294 денари, односно околу 24 милиони евра.

Во тој контекст компанијата, во споредба од претходната година бележи раст на приходите од 11,94 отсто и уште поимпресивен раст на добивката од речиси 50 отсто, односно 49,09%.

Табела со финансиски податоци

Лидер во металната индустрија

Благодарение на ваквите резултати, ИГМ – ТРЕЈД го зазеде лидерското место во металната индустрија.

Според рангирањата и табеларните прикази што ги направи 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во најновото печатено издание, во конкуренција на најголемите гиганти во индсутријата, како Макстил, ЛТХ Леарница, Либерти и Дојран Стил, ИГМ-ТРЕЈД убедливо се издвојува според приходите и добивката.

Додека кај МАКСТИЛ, Либерти и Дојран Стил може да се забележи пад на приходите, само ЛТХ Леарница, успеала да ја заврши годината со позитивен раст на приходите од 6,83%.

Растот на добивката на ИГМ - ТРЕЈД, го ситуира кавадаречкиот гигант на врвот на табелата. Дополнително на ова, успешноста на компанијата се отсликува и од импредивниот раст на добивката кој е неколкукратно поголем од приходите.

Таквиот резултат најчесто укажува на подобрена оперативна ефикасност, подобра искористеност на производствените капацитети и успешно управување со трошоците, иако станува збор за компанија со околу 495 вработени и еден од поголемите работодавци во сопствениот сектор.

Од трговија до современ индустриски комплекс

Развојот на компанијата започнува во 1991 година како трговско друштво. Само неколку години подоцна започнуваат првите инвестиции во производство, а во 1997 година е изградена првата производствена хала за производство на заварени челични цевки и профили.

Оттогаш развојот е континуиран, преку нови производствени линии, проширување на капацитетите и инвестиции во најсовремена технологија.

Денес ИГМ-ТРЕЈД располага со производствен комплекс од околу 400.000 квадратни метри, од кои 280.000 квадратни метри се затворен производствен простор, со годишен производствен капацитет од околу 200.000 тони челични цевки и профили.

Извозот како двигател на растот

Една од најголемите конкурентски предности на ИГМ-ТРЕЈД е силната извозна ориентација на компанијата.

Според податоците на компанијата, околу 95 проценти од производството се пласира на странските пазари, пред сè во земјите од Европската Унија и ЦЕФТА, што ја прави една од најзначајните македонски извозно ориентирани компании и еден од најголемите извозници во земјата.

Токму оваа ориентација кон странските пазари овозможува компанијата да не зависи исклучиво од домашната побарувачка, туку да биде дел од европските синџири на снабдување во металната индустрија.

Континуирани инвестиции во технологија

Компанијата континуирано инвестира во модерни производствени линии, автоматизација и проширување на производната програма.

Освен производство на квадратни, правоаголни и кружни челични цевки и профили, ИГМ-ТРЕЈД располага и со сервисен центар за обработка на челични лимови и ленти, а во рамки на својата инвестициска стратегија разви и производство на челични конструкции и сопствена градежна компанија која учествува во реализацијата на новите инвестиции.

Значаен чекор во интернационализацијата беше и преземањето на словенечката фабрика АЛПОС во Шентјур, со што компанијата дополнително го зајакна присуството на пазарот на Европската Унија и ги прошири своите производствени капацитети.

Во индустрискиот комплекс во Словенија кој се протега на површина од 54.500m2 компанијата има дополнително производство од 100.000 тони годишно, со кои успева да ги задоволи побарувањата на своите партнери и клиенти од Европа.

Компанија која инвестира во Македонија

ИГМ-ТРЕЈД не е препознатлива само по производството и извозот, туку и по инвестициите.

Освен во сопствените капацитети, новата технологија и отварањето нови пазари, компанијата инвестираше и во изградба на Индустрискиот парк ИГМ Неготино, каде се достапни голем број парцели и објекти за домашни и странски инвеститори.

Изградбата на паркот започна во 2014 година, кога компанијата инвестираше во земјиште кое се наоѓа на 2km од градот Неготино, кадешто започна со изградба на „Индустрискиот парк ИГМ“.

По повеќегодишна работа, денес компанијата нуди на изнајмување или на продажба објекти наменети за лесна и незагадлива индустрија, како и магацински простории.

Станува збор за индустриски парк сместен на површина од 312.900m2 (од кои 247.910m² се корисни простории, 45,025m² се искористени за зелени површини, патишта и пешачки патеки, а 19.965m² се наменети за паркинг простор).

Она што го прави атрактивен овој индустриски парк за идните инвеститори е добрата географска позиционираност.

Паркот се наоѓа на само 1km оддалеченост од автопатот Скопје - Солун, на 5km од железничката станица Криволак, на 70km од аеродромот во Скопје и на само 128km оддалеченост од пристаништето во Солун.

А ваквата инвестиција е уште еден доказ за мудриот менаџмент што го води компанијата во поглед на диверзификацијата на услугите, пришто освен основната дејност, ИГМ – ТРЕЈД успева да се позиционира и како сериозен играч на пазарот на недвижности и комерцијален простор.

Инвестиции во обновлива енергија

Освен во изградба на нови капацитети ИГМ-ТРЕЈД во изминатите години е еден од најголемите инвеститори во производство на струја од обновливи извори.

Со оваа инвестиција компанијата не само што успеала значително да ги намали сопствените оперативни трошоци, чиишто резултати во голема мера зависат и од трошоците за струја, туку и придонесува за поголема економска стабилност на Македонија како држава.

Во 2022 година ИГМ-ТРЕЈД пушти во употреба шест фотонапонски централи, а со решението на Регулаторната комисија, од декември 2022 година беше најавено на пуштање во употреба на уште 3 нови централи, со што вкупното производство ќе се зголеми на 5MW.

Со оваа одлука ИГМ-ТРЕЈД стана еден од најголемите инвеститори во производство на електрична енергија од обновливи извори.

По ваквите мудри инвестиции и намалувањето на оперативните трошоци, станува јасно дека импресивните резултати од 2024 година не се само случајна последица на надворешните влијанија, туку се дел од мудра политика на работење и капитални инвестиции кои ја подобруваат ефикасноста на работењето на компанијата.

Потврда за успешен развој

Финансиските резултати за 2024 година покажуваат дека ИГМ-ТРЕЈД успешно ја продолжува својата развојна стратегија.

Со двоцифрен раст на приходите, речиси 50-процентен раст на добивката, силна извозна ориентација, континуирани инвестиции и позиција на лидер во металната индустрија, компанијата останува еден од најзначајните индустриски системи во Македонија.

Нејзиниот развој покажува дека долгорочната стратегија, вложувањата во технологија, производствените капацитети и ориентацијата кон странските пазари можат да создадат конкурентна компанија која успешно се носи со предизвиците на глобалниот пазар.

Токму затоа, воопшто не зачудува фактот што ИГМ – ТРЕЈД од година во година ја потврдува лидерската позиција во рамки на рангирањата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт