Герографската поставеност на Македонија во срцето на Балканскиот Полуостров, придонесува таа да има клучна важност како транзитна земја, односно, како земја во која се спојуваат некои од најважните делници во светот.
Низ Македонија поминуваат значајните Коридор 8 кој се протега помеѓу Јадранското и Црното Море, како и Коридорот 10, кој ги поврзува Виена, со пристаништата во Атина, а преку Грција, понатаму оди до Турција и Азија.
Оттука јасно е дека Македонија има мошне важна улога во транзитот на стоки и добра, па затоа од клучна важност е и изградбата на автопатишта во земјата.
Во последните две децении во Македонија масовно се градат нови патишта, а се посветува внимание и на обновувањето и на ревитализирањето на локалните и магистралните патишта.
Ваквите проекти придонесуваат за развој на домашните градежни компании, кои активно учевствуваат во изградбата на „крвотокот“ на Македонија.
АД „Илинден“ од Струга, компанија која веќе 50 години опстојува во Македонија е еден од клучните играчи во изградбата на „крвотокот“ на земјата.
Компанијата во своите 50 години работење била вклучена во голем број проекти за изградба на патишта, а во моментов работи и како подизведувач на автопатот Охрид-Кичево. Освен тоа, АД „Илинден“ работела и на ревитализацијата и обновувањето на голем број други патишта во земјата.
Токму таквите проекти за изградба на автопати и за одржување на други локални патишта ѝ помогнаа на компанијата во 2023 година да направи голем отскок и да се искачи на 35. место на ранг листата на најуспешните македонски компании.

Акционерското друштво „Илинден“ Струга, во 2023 година се најде на 154. место на најголеми и на 35. место на најуспешни компании во Македонија.
Компанијата остварила вкупен приход од 1.918.030.494 денари и добивка пред оданочување од 514.886.009 денари.
Процентуално, растот на приходите е зголемен за 60,39% во однос на претходната година, додека, пак, растот на добивката пред оданочување е зголемен за 195,53%.
Со ова, компанијата го продолжи трендот на раст на приходите и на зголемување на добивката.
Според бројките и финансиските показатели, 2023 година беше исклучително поволна за оваа струшка градежна компанија.
Две години пред тоа, во 2021 година, кога Македонија и светот сè најдоа среде кризата предизвикана од ковид-пандемијата, компанијата забележа пад на приходите во однос на претходната година за 0,17%, а добивката беше намалена за 32,94%.
Во 2022 година, иако Македонија се соочуваше со неповолни економски услови предизвикани од енергетската криза АД „Илинден“ успеа, годината да ја заврши со позитивни бројки и да се врати во нагорна линија во однос на претходната година.
Во 2022 година растот на добивката беше за 8%, a растот на приходите за 2,52%, со што компанијата се рангира на 98. место на ранг листата на најуспешните компании во Македонија.
Но, како што може да се види, следната 2023 година беше клучна за компанијата да направи поголем отскок и да се пласира во првите 50 најуспешни компании во земјата.

АД „Илинден“ – Струга, благодарение на квалитетно реализираните проекти изгради реноме на сигурен и доверлив партнер во градежништвото.
Компанијата изведува проекти во нискоградбата, високоградбата, хидроградбата, но можеби најпрепознатлива е по учеството во градбата на „крвотокот“ на Македонија, односно во изградбата на автопатишта и регионални патишта.
Kомпанијата располага и со свои капацитети, како каменолом и сепарација, две асфалтни бази, две бетонски бази, голем број на транспортни возила, градежни машини за изградба на патишта и автопати, опрема-финишери за вградување на афалт, производствен погон за бетонски елементи и друга опрема и средства.

Долгогодишното искуство со себе носи и одговорност кон заедницата, но и кон општеството на кое што оваа компанија му припаѓа.
Размената на искуствата и едукацијата на кадарот преку размена на ваквите искуства се клучни за градежните компании во Македонија, каде што во последните две децении градежништвото како дејност доживува голема експанзија и е еден од носечките двигатели на економијата.
Во тој контекст, АД „Илинден“ повеќе години наназад учествува како платинест спонзор на Конгресот за патишта, организиран од страна на Македонската Асоцијација на инженери на патишта, каде учествуваат голем број странски експерти и инженери коишто ги споделуваат своите знаења и искуства.
Учеството во ваквите настани придонесува АД „Илинден“ директно да придонесе за пренесување на знаењата и искуствата во македонската заедница, како пред веќе докажаните инженери, така и пред студентите и младите умови кои допрва го реализираат својот пат кон успешната кариера во градежниот сектор.
Благодарение на сите овие показатели, јасно е дека АД „Илинден“ не е само градежна гордост на стружани, туку и на Македонија.
Поради долгогодишното искуство и успешно работење во овој сектор, но и поради директното учество во изградбата на имиџот на Македонија како транзитна земја низ која поминуваат голем број клучни патишта.
22-12-2025
22-12-2025
22-12-2025
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт