Понеделник, 15 Јуни 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Илинден АД Струга - Со локални ресурси до глобално и регионално влијание

Квалитна градба и промоција на локалните ресурси. АД Илинден веќе 50 години учествува во изградба на клучни македонски проекти од глобално значење, заради што е дел топ компаниите.

АД „Илинден“ – Струга е градежна компанија која веќе 50 години опстојува во Македонија. Формирана во далечната 1972 година, компанијата е синоним за квалитетна градба и е докажан градежен партнер, како кај нас во Македонија, така и во регионот.

 АД „Илинден“ е трговско друштво за градежништво, производство, трговија и угостителство, а претставува сигурен градежен партнер кој нуди услуги од областа на нискоградбата, високоградбата и хидроградбата.

Но, она по што се чини дека можеби компанијата е најпрепознатлива, е учеството во изградба на квалитетни и безбедни патишта во Македонија.

Токму клучните договори со ЈП „Државни патишта“ се мошне важни за развојот и опстојувањето на оваа компанија.

Но, што е она што прави АД „Илинден“ да биде конкурентна на пазарот и да може да учевствува во изградбата на стратешките делници во земјата?

IlindenAD-GradskiPazarZgrada

Искористувањето на локалните ресурси – клуч за развојот

Kомпанијата освен што нуди градежни дејности, таа располага и со свои капацитети.

АД „Илинден“ има свои каменолом и сепарација, две асфалтни бази, две бетонски бази, голем број на транспортни возила, градежни машини за изградба на патишта и автопати, опрема-финишери за вградување на афалт, производствен погон за бетонски елементи и друга опрема и средства.

Ваквата сеопфатност во градежниот сектор ја прави АД „Илинден“ сигурен и докажан партнер во изградбата, но и придонесува за намалување на оперативните трошоци на компанијата и спречување на одливот на капитал надвор од гранците на нашата држава.

Наместо да увезува материјали надвор од земјата, АД „Илинден“ учествува во експлоатацијата на неминералните суровини во нашата земја и на тој начин, помага локалните патишта и автопатишта, но и други значајни градби во земјата да се изградат со македонски ресурси и со македонска работна сила.

Ова е од особено значење за развојот на домашната економија, затоа што како компанија АД „Илинден“ обезбедува работни места за локалното население, придонесува за домашна експлоатација на суровините и намалување на увозната зависност на земјата.

IlindenAD-GradskiPazarZgradaEskalator

Локални проекти со глобална и регионална важност

Важноста на Македонија како транзитна земја, која благодарение на географската поставеност во срцето на Балканскиот Полуостров истовремено е мост на релација Исток – Запад, но и Север – Југ, која е мост помеѓу Европа и Мала Азија, е нешто што со децении наназад се нагласува.

Оттука, изградбата на експресни и безбедни автопатишта и патишта во нашата земја не е важно само за локалното население, туку е неопходно и за непречено да се одвива комуникацијата и транспортот на стоки од Европа до пристаништата во Грција, па понатаму до Турција и другите Азиски земји (и обратно).

АД „Илинден“ се покажа како сигурен партнер во изградбата на голем број важни државни и регионални патишта во земјата.

Компанијата во последниот период активно учествува како подизведувач на работите на автопатот Охрид – Кичево, како и во рехабилитацијата и обновата на голем број локални и регионални патишта.

Исто така, АД „Илинден“ Струга учествуваше и во рехабилитацијата на магистралниот патен правец Битола – Ресен – Буково, во реконструкцијата на голем број клучни улици во Охрид и Струга, кои се мошне важни за овој туристички регион кој секоја година привлекува огромен број странски туристи.

Освен по изградбата на автопати и патишта, компанијата има остварено голем број проекти во хидроградбата, односно во изведбата на канализации и други хидрообјекти, а значајни се и проектите во нискоградбата и високоградбата.

Како пример за успешно завршен проект на АД „Илинден“ е и зградата на Затворениот пазар во Охрид, кој беше отворен во 2019.година.

ИлинденАд-Презентација200НајголемиИНајуспешни

АД „Илинден“ во семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Големиот број успешно завршени проекти од локално, регионално и државно значење се најважниот индикатор за реномето и на компанијата.

Завршените проекти на АД „Илинден“ се одликуваат со исклучителен квалитет во производство и изведба.

Акционерското друштво „Илинден“ Струга, во 2023 година се најде на 154. место на најголеми и на 35. место на најуспешни компании во Македонија.

Компанијата остварила вкупен приход од 1.918.030.494 денари и добивка пред оданочување од 514.886.009 денари.

Процентуално, растот на приходите е зголемен за 60,39% во однос на претходната година, додека, пак, растот на добивката пред оданочување е зголемен за 195,53%.

Со ова, компанијата го продолжи трендот на раст на приходите и на зголемување на добивката.

Според бројките и финансиските показатели, 2023 година беше исклучително поволна за оваа струшка градежна компанија.

Најголеми компании во Кавадарци (2025) - Секторска анализа на раст, профит и индустриска трансформација

Кавадарци во 2025 година останува еден од најсилните индустриски центри во Македонија, со анализа на водечките компании од металната индустрија, автомобилскиот сектор, винарството, енергетиката и градежништвото. Статијата ги прикажува клучните трендови во растот на приходите, добивката и индустриската ефикасност во споредба со 2024 година.

Реплек: Десет години развој што отвори ново поглавје за македонската фармацевтска индустрија

Реплек одбележува деценија развој во производството на медицински канабис, со извоз во ЕУ, современи технологии и силна позиција во фармацевтската индустрија на Македонија.

Мермерен Комбинат: Прилепскиот мермер како глобален амбасадор на македонската индустрија

Мермерен Комбинат Прилеп е глобално препознатлив извозник на SIVEC® мермер, со силна профитабилност и водечка позиција во македонската индустрија благодарение на квалитет, ресурси и долгорочна визија.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт