Петок, 14 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Инвестиции што остануваат - КАМ ИМОБИЛИЕН гради за генерациите што доаѓаат

Со изградба на повеќе трговски центри во градовите низ Македонија, ритеил паркови и други комерцијални градби – КАМ ИМОБИЛИЕН инвестира во градби што ќе останат и за идните генерации.
Инвестиции што остануваат - КАМ ИМОБИЛИЕН гради за генерациите што доаѓаат

КАМ ИМОБИЛИЕН е сестринска компанија на КАМ ДОО од Скопје, член на групацијата Камчев груп, чија што главна дејност е креирање, инвестирање во изградба и управување и издавање на недвижностите на групацијата.

КАМ ИМОБИЛИЕН во последните неколку години е вклучена во изградбата на неколку клучни објекти во Македонија, што ќе придонесат за поголемо заживување на општините и поттикнување на локалната економија.

КамИмобилиен-К-Малл

Изградба на комерцијални објекти, таму каде што се најпотребни

Трговско-административните центри на КАМ ИМОБИЛИЕН се наоѓаат во неколку градови во Македонија: два трговски центри во Скопје, два во Битола, забавно - рекреативен центар во Охрид и ритеил паркови во Куманово, Кочани, Неготино и Прилеп.

Дополнително како идни проекти, во останатите градови низ Македонија, компшанијата ги најавува: ТЦ Вилиџ Вања Камчев - Охрид, ТЦ Кавадарци, ТЦ Прилеп, КАМ Гевгелија, ТЦ Радовиш.

Она што е важно да се нагласи е дека KAM ИМОБИЛИЕН е препознатлив по изградбата на високо енергетско ефикасни објекти, изградени со запазување и примена на највисоките стандарди во градежништвото.

Притоа компанијата создава современ простор за задоволување на потрошувачите и посетителите и креирајќи синергија меѓу водечкиот и омилен трговски синџир во Македонија, КАМ Маркети и други реномирани и домашни интернационални брендови од различни области, како мода, здравје и убавина, спорт, угостителство итн.

КАМ ИМОБИЛИЕН има клучна улога за изградбата на новите објекти каде што се отвораат нови маркети на КАМ, но паралелно инвестира во изградба на молови и трговски центри каде нуди комерцијален простор под закуп.

Како два такви проекти се издвојуваат изградбите на КАМ Мол во скопската општина Ѓорче Петров и во Битола, како трговски центри во кои се спојуваат модерната архитектура и атрактивните содржини коишто се прилагодени за потребите на современиот животен стил.

Трговските центри освен што се спој на модерна архитектура и атрактивни содржини прилагодени за потребите на современиот животен стил, располагаат и со понуда за изнајмување од над 65.000m2 административни и канцелариски капацитети со современи услови и обезбеден сопствен паркинг простор на најдобрите локации во Скопје и низ останатите градови во Македонија.

Градби кои ќе обезбедат подобра иднина

Како што може да се види од погоре споменатите објекти, КАМ ИМОБИЛИЕН ги дисперзира објектите што ги гради на територијата на цела Македонија и со тоа придонесува да се надмине тенденцијата од последните децении, да се градат комерцијални и деловни простории само во главниот град.

Благодарение на ова, во градовите каде што се градат овие објекти ќе се подобрат условите и воопшто понудата на поквалитетни објекти, коишто, пак понатаму би можеле да придонесат за поголем развој на локалната бизнис заедница.

Индиректно, со отворањето на нови бизниси, се отвораат и нови работни места, што, пак, од друга страна придонесува да се намали отселувањето во градовите.

Дополнително, изградбата на трговските центри во помалите градови ќе овозможи да се креираат нови центри во срцата на градовите.

Оттука, јасно е дека со своите градби КАМ ИМОБИЛИЕН не придонесува само за пазарот на недвижностите во Македонија, туку има значајна улога и во целокупната економија на земјата.

Мудрите бизнис потези и квалитетните проекти, пак, од друга страна придонесуваат тоа да се отслика и во економскиот билтен на компанијата и таа да реализира позитивни резултати.

КамИмобилиен-Презентација200НајголемиИнајуспешни

KAM ИМОБИЛИЕН во семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Во 2023 година, компанијата остварила вкупен приход од 279.430.718 денари и раст на добивката пред доаночување од 116.473.936 денари.

Процентуално, растот на добивката пред оданочување, во споредба со претходната година е од 0,06%.

Во 2023 година компанијата се искачи на високото 183. место на ранг листата на најуспешните компании во Македонија, со што забележа скок од само една позиција во однос на претходната година кога се најде на 184. место.

Посебно значајна била позицијата на компанијата во 2021 година, кога компанијата остварила раст на добивката пред оданочување од 215,93%, заради што се најде на 60. место на ранг листата на најуспешните македонски компании.

Доказ за ефективноста на компанијата е и тоа што таа работи со релативно мал број на вработени, но постигнува значителни резултати.

За разлика од својата сестринска фирма КАМ Маркети кој оперира со повеќе од 1.200 вработени, КАМ ИМОБИЛИЕН остварува големи резултати иако работи со релативно мал број на вработени.

Во 2021 година кога биле реализирани најдобрите резултати, компанијата имала само 21 вработени, а во 2023 година има мало зголемување и тој изнесува 23 лица.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт