Петок, 23 Октомври 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

КОНТИ ХИДРОПЛАСТ - Од Гевгелија до Европа, 50 години квалитет и препознатливост

КОНТИ ХИДРОПЛАСТ е една од ретките компании кои се формирани со целосно домашен капитал, а истовремено се едни од најголемите извозници во земјава. Како котираше компанијата во 2023?
КОНТИ ХИДРОПЛАСТ - Од Гевгелија до Европа, 50 години квалитет и препознатливост

Кога ќе се спомнат гевгелиските компании кои имаат огромно значење за развојот на локалната, но и воопшто, на економијата во нашата земја, не смее да се заборави КОНТИ ХИДРОПЛАСТ – компанија чијашто приказна е доказ дека со истрајност, визија и напрона работа може да се постигнат резултати на глобално ниво и од мала земја како Македонија.

Ова особено се потврдува кога создавате производи коишто со својот квалитет, интегритет и цена може да им бидат конкурентни на европските и другите меѓународни компании и гиганти.

KontiHidroplast_Cevki

Од мала гевгелиска фабрика до конкурентен играч на глобалните пазари

КОНТИ ХИДРОПЛАСТ е компанија од Гевгелија чијашто главна дејност е производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) црева и цевки. Основана во далечната 1975 година како мала фабрика за производство на алати и елементи од лиена пластика, оваа компанија денес е гигант, којшто е извозно ориентиран и ги освојува глобалните пазари.

Околу 95% од вкупното производство на КОНТИ ХИДРОПЛАСТ денес се пласира на меѓународните пазари, и со тоа оваа гевгелиска компанија е еден од најголемите македонски извозници, коишто се основани со целосно домашен капитал (а кои се многу малку).

Компанијата го започнала производството во 1990 година со една единствена линија за производство на полиетиленски црева, со вкупен број од 10 вработени, а денес е голема фабрика која вработува околу 181 лице.

Моменталната производствена програма на компанијата ги покрива сите полиња на примена, односно цевки и црева за водоводни системи, ПЕ и ПП шахти, цевки за транспорт на гас и нафтени деривати, цевки и црева за заштита на телекомуникациски кабли, дренажни системи, како и фитингарија за истите, со различни големини и дијаметри.

KontiHidroplastIzrabotka

Искуството, квалитетот и сертификатите – клуч за пробив на меѓународните пазари

Главната мисија на КОНТИ ХИДРОПЛАСТ во сите овие години на постоење е промовирање на нови технологии, со придржување до строгите стандарди на ЕУ.

Визијата е таа да остане модерна фабрика која е лидер во регионот за развој и производство на пластични производи за инфраструктурни објекти, во рамките на еколошки безбеден систем со максимална безбедност на сите чинители.

Од компанијата, на нивната веб страница нагласуваат дека главни фактори кои придонеле за нивното присуство на меѓународните пазари се искуството и успешно реализираните проекти, како и големата гама на производи и капацитети со кои компанијата е подготвена да одговори, и тоа со врвен и препознатлив квалитет по сите меѓународно признати стандарди.

„КОНТИ ХИДРОПЛАСТ препознатливоста на пазарот ја стекна преку квалитетна понуда и постојана примена на флексибилност во работењето, што е многу важно во индустрија каде што комплексноста на менаџирањето на сите процеси е прилично голема.

Еден од клучните фактори за одржливост покрај големата конкуренција е константното ре-инвестирање во иновативни технологии и стремеж кон генерален технолошки напредок.

Комбинацијата на сите овие клучни фактори придонесе КОНТИ ХИДРОПЛАСТ да игра важна улога на домашниот и на странските пазари со постојана присутност на сите значајни и споредни инфраструктурни проекти“ – нагласуваат од компанијата.

Доволно е само да ја погледнете веб страницата на компанијата и ќе увидите дека нивните производи ги добиле сите важни сертификати за зачувување на животната средина и безбедноста, што ги прави конкурентни на меѓународните пазари.

Продуктите што оваа гевгелиска фабрика ги произведува нашироко се применуваат во индустриските и соодветните пазари на светско ниво.

А освен што ги поседува сите серификати за безбедност и квалитет, компанијата редовно врши тестирање на безбедноста и интегритетот на сопствените производи што е доказ дека станува збор за производител кој во однос на квалитетот може да биде конкурентен на меѓународните пазари.

KontiHidroplast-Prezentacija200NajgolemiINajuspesni

КОНТИ ХИДРОПЛАСТ како дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Гевгелиската компанија веќе долги години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

Во 2023 година компанијата остварила вкупен приход од 3.220.621.701 денари и добивка пред оданочување од 562.566.221 денари.

Процентуално, иако во 2023 година, компанијата бележи пад на приходите, за 4,46%, растот на добивката пред оданочување, во споредба со претходната, 2022 година е за 9,70%.

Компанијата се најде на 89 место на ранг листата на најголемите и на 31 место на ранг листата на најуспешните компании кај нас.

Тоа од друга страна говори за спроведување на мудра бизнис политика и јасна визија за раст и јасно е дека оваа гевгелиска компанија и натаму ќе биде еден од главните економски фактори во гевгелискиот регион, но и во Македонија, како една од најголемите извозни компании кај нас.

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ СО НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР И КОНТИНУИТЕТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

Халк Осигурување АД Скопје го продолжува своето работење со нов состав на Управниот одбор, кој обезбедува континуитет во стратешкото управување со компанијата, но и ново засилување во менаџерскиот тим.
АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт