Во услови на динамичен пазар и зголемена конкуренција, улогата на стабилните и одговорни компании е клучна за економскиот развој.
Супертрејд ДООЕЛ Скопје е пример за компанија која со своето работење директно и индиректно придонесува за јакнење на локалната економија и деловната заедница во Македонија.
Како втор по ред најголем увозник на нафта и нафтени деривати во Македонија, Супертрејд ДООЕЛ е компанија која во голема мера влијае врз поставувањето на високите стандарди и развојот на целокупната економија во земјата.
Компанијата своите почетоци ги датира уште во 1991 година, а веќе три децении е фокусирана и посветена на постојан раст, преку ставање акцент на квалитетот на услугите и довербата на клиентите.
Од 2012 година, компанијата направи крупен пресврт во услугите што ги нуди и се сконцентрира повеќе на големопродажбата на производи од нафта и нафтени деривати, со што направи крупен исчекор на македонската економска сцена, но она што е заедничко за целиот период од постоењето е тоа што компанијата постојано е фоксуирана на тоа да нуди брза, ефикасна и професионална услуга.

Благодарение на тоа, Супертрејд ДООЕЛ со години наназад е горд член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, а во 2023 година се позиционира на високото 9. место на ранг листата на најголемите македонски компании.
Како што напоменавме погоре, компанијата во последните 13 години е максимално сконцентрирана на увозот на нафта и нафтени деривати и трговијата на големо со нив.
Затоа, Супертрејд ДООЕЛ обезбедува сигурно снабдување со квалитетни производи и решенија за различни индустрии и институции, со што им овозможува на локалните компании, но и на јавните институции да работат поефикасно, да ги оптимизираат трошоците и да ја зголемат својата конкурентност.
Со тоа, компанијата станува важен партнер во синџирот на вредност за многу мали, средни и големи претпријатија, како и за јавните институции, односно училиштата, градинките и министерстватата.
Преку континуирано вработување и инвестирање во развојот на човечкиот капитал, Супертрејд создава стабилни работни места и придонесува за зголемување на економската сигурност на локалното население.
Посветеноста кон професионален раст и унапредување на вештините на вработените значи и повисок квалитет на услугите што ги добиваат клиентите.
Како што нагласуваат од самата компанија, на нивната веб-страница, токму луѓето се клучот за обезбедување на највисоко ниво на професионалност и услуга.
„Веруваме дека постојаниот квалитет, комбиниран со искрен и одговорен однос кон клиентите, претставува вистинскиот пат до успех – пат кој води кон лојалност, доверба и взаемна корист.
Со цел целосно задоволување на потребите и очекувањата на потрошувачите, Супертрејд ДООЕЛ постојано инвестира во: едукација и усовршување на вработените, сертификација на кадарот, како и сертификација на компанијата според меѓународните ISO-стандарди, што претставува потврда за квалитет, усогласеност и доверливост“, нагласуваат оттаму.
Во 2023 година, во Супертрејд ДООЕЛ просечниот број на вработени изнесувал 89 лица, а плановите се во иднина тој број дополнително да се зголемува.

Компанијата гради одржливи и долгорочни соработки со проверени добавувачи, при што внимателно се избираат производи што одговараат на потребите на локалниот пазар.
Овој пристап придонесува за стабилност во снабдувањето и сигурност во работењето на бројни компании во земјата.
Супертрејд ДООЕЛ е генерален застапник и увозник на производите на американскиот нафтен гигант Gulf Oil, компанија која постои и опстојува речиси 125 години.
Gulf Oil е компанија која е формирана уште на почетоците на петролејскиот бум во САД, во 1901 година, кога биле пронајдени првите резерви на нафта во Тексас.
Благодарение на Супертрејд ДООЕЛ, висококвалитетните производи на овој американски гигант се достапни и на нашиот пазар.

Со фокус на квалитет, безбедност и ефикасност, Супертрејд ДООЕЛ активно придонесува за подигнување на стандардите во индустријата.
Одговорното работење и почитувањето на деловната етика создаваат позитивен пример и влијаат врз развојот на здрава деловна клима.
Преку редовни инвестиции, стабилен промет и плаќање на даноци и придонеси, Супертрејд ДООЕЛ директно учествува во економскиот развој на државата.
Секоја успешна соработка со клиентите претставува чекор кон посилна и поодржлива локална економија.
Супертрејд ДООЕЛ Скопје не е само снабдувач, туку партнер кој со својата визија и одговорност активно учествува во градењето на посилна деловна заедница и подобра економска иднина.
Според официјалните податоци добиени од Централниот Регистар на Република Северна Македонија, Супертрејд ДООЕЛ, во 2023 година успеа да се искачи на високото 9. место на ранг листата на најголеми компании во Македонија и да се најде меѓу првите 10.
Компанијата остварила вкупен приход од 13.294.265.578 денари и раст на добивката од 33.823.142 денари.
Процентуално, во споредба со претходната година компанијата остварила раст на добивката за 6,76% и благодарение на тоа, успеа да се искачи неколку места погоре на ранг листата на најголемите македонски компании.
Во 2023 година, во Супертрејд ДООЕЛ биле вработени околу 89 лица, а плановите се во иднина нивниот број континуирано да се зголемува.
Профилот на Супертрејд ДООЕЛ во рамки на проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ можете да го погледнете на следниот ЛИНК.
15-01-2026
14-01-2026
13-01-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт