Вторник, 25 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Киппер маркет – најголем раст на добивката пред оданочување во последните 7 години

Киппер маркет е ланец на хард-дисконтни маркети кој својата приказна ја започнува во Тетово, за да денес брои веќе над 80 маркети во повеќе градови низ Македонија.

За Киппер, интересот на потрошувачот е најважен. Компанијата постојано отвара продавници во најблиските точки до своите потрошувачи и тоа со најприфатливи цени, што се должи на политиката на компанијата да избегнува непотребни трошоци за декорација на продавниците и презентација на производите. Во Киппер потрошувачите плаќаат за самиот производ, а не за амбалажата и брендот и без никаков проблем можат да ги вратат производите од кои не се задоволни.

Во 2014 година Киппер за прв пат се рангира во 200те најголеми и најуспешни компании и од тогаш компанијата постојано расте. Во 2020 година и покрај лошата состојба со Ковид-19 кризата, Киппер успева да оствари најголем пораст на добивката пред оданочување за последните 7 години, од 22,63%.

Во табелата подолу ја прикажуваме успешната приказна на Киппер маркет, низ бројки. 

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт