Недела, 01 Јуни 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Лансирај ја својата кариера со Шпаркасе Банка - Билјана Санев, Директор на ЧР

Кон крајот на 2022 година Шпаркасе банка го отвори Центарот за обука за вработените но и за потенцијалните нововработени кои сакаат да станат дел од тимот на Шпаркасе.

Во продолжение го пренесуваме интервјуто со Билјана Санев, Директор на Дирекција за човечки ресурси во Шпаркасе Банка која сподели со нас нешто повеќе за Центарот за обука и нивната Академија "Млад банкар".


Она што моментално е во тек е “Млад банкар” Академијата, организирана во рамки на платформата #кариерабезбариера. Дали може да ни кажете нешто повеќе за целта на оваа Академија? 

Академијата “Млад банкар” е спој на едукација и забава, надградба и усовршување, развивање на најразлични персонални вештини и градење на работна навика.

Програмата се состои од едукативен и компетитивен дел во кој учесниците имаат можност да следат предавања и обуки од областа но и тимски да се натпреваруваат меѓусебно со сопствени проекти развиени за времетраење на Академијата. Таа има за цел да им понуди на младите едукативна настава, работа и усовршување во реална работна средина, односно можност за младите потенцијали да го искусат банкарското работење одблизу запознавајќи се со банката како финансиска институција.

Каква е организацијата на Академијата “Млад банкар”, што опфаќа и какви вештини можат да стекнат студентите кои ја посетуваат?

На оваа академија студентите се запознаваат со корпоративната култура на Банката и самите имаат можност да ги почувствуваат корпоративните вредности по кои се водат сите вработени во нашата Банка, а тоа се: доверба, партнерство, агилност, страст и извонредност, како и да бидат дел од организација која води стратегија за одржливост, каде во фокусот се квалитетот на животот, клиентите и вработените.

Во самата Aкадемија не се осврнуваме само на банкарското работење, туку оваа Академија има дополнителна вредност и за самите учесници. Учесниците имаат можност одблизу да го искусат банкарското работење, а овозможува и предавања од банкари, професионалци во својата област. Па така, дел од темите кои се опфатени се: креирање CV, продажни техники и вештини,  корпоративни комуникации, развој на производи, личен брендинг итн.


Сепак се работи за нешто невообичаено на нашиот пазар, а особено гледано како можност за еден вид практична настава за студентите. Каков беше одзивот од младите лица?

Центарот за обука претставува можност студентите и средношколците да се стекнат со практични знаења од областа на банкарството и директно учење (learning by doing) на тестна околина, со што тие ќе се стекнат со практични знаења и вештини и веднаш по дипломирањето, ќе бидат поконкурентни на пазарот на трудот. 

Младите лица се особено задоволни од постоечкиот концепт на Центарот за обука како и неговото развивање. Истите имаат подобра перцепција за начинот на кој функционира една банка и како тие претходно ја доживувале и имаат позитивен впечаток за сите тематски предавања бидејќи ги сметаат за корисни во понатамошниот професионален развој, особено што биле застапени теми со кои не се сретнале во текот на практичната настава и особено позитивен впечаток на интерактивноста во истите.

Од досегашното искуство со Центарот за обука, колку е големо влијанието на ваквиот подвиг во напредокот на вработените, но и во проширувањето на стручниот тим на банката. 

Од досегашното искуство, навистина имаме позитивен feedback за целиот концепт кој е развиен за Центарот за обука. Самиот Центар за обука влева чувство на пријатна атмосфера и одлично место за обука, работа и дружба за нашите вработени. 

Центарот за обука е повеќенаменски простор опремен со современа технологија и услови за спроведување на сите видови обуки. Дел од центарот е адаптиран во симулирана експозитура, каде новите вработени се стекнуваат како со теоретско така и со практично знаење од областа на Retail бизнис линија, работат на тестна околина, со цел нивно ефективно оспособување за самостојна работа. Истиот се користи и за одржување на саем за кариера согласно соработките со Факултетите кои ги има Банката. Во Центарот исто така се одржуваат разни панел дискусии, работилници и конференции. Освен симулирана експозитура и training room, воедно имаме и coaching room, meeting room и well-being room,каде што вработените ќе можат да направат пауза и да се релаксираат користејќи ги реквизитите за друштвени игри.


Дополнително, вработените кои започнуваат на работни позиции каде во секојдневните работни активности ги опслужуваат клиентите на Банката посетуваат широк спектар на Обуки во Тренинг Центарот  - од унапредување на личните вештини, технички вештини, процедури за започнување на денот, обуки за меки вештини, продажни вештини и корпоративна култура на Банката. 

Банката за сите вработени нуди најразлични обуки за унапредување на вештините и Центарот има голем удел во истото со обуките кои се одржуваат во истиот. Центарот за oбука претставува едно освежување на секојдневното банкарско работење, бидејќи самиот по себе е уникатен и нуди пријатна атмосфера за сите негови посетители.

Актива: Градење на иднината со визија, мисија и социјална одговорност

Со визија што инспирира, мисија што носи резултати и вредности што градат доверба, Актива ја креира иднината на индустриското градење и производство.

Даути Комерц: Профил на Компанијата

Од скромен почеток до регионален лидер – Даути-Комерц е приказна за визија, истрајност и успех што се протега низ Балканот и пошироко.

Вкусот на дома: Запознајте ги производите на Пекабеско

Што ако ви кажеме дека вкусот на вашето детство, неделните ручеци и мирисот на домашната кујна сè уште постојат – само спакувани од Пекабеско?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт