Сепак успехот на Инграм Микро во Македонија е значителен и за брзо таа успева да стане дел од најголемите компании и да се рангира на листата на 200те најголеми според вкупен приход.
Првата година во која Инграм Микро влегува на листата е 2021ва како 164ти најголем субјект со вкупно остварен приход од 1,4 милијарди денари, додека добивката пред оданочување изнесуваше 30,6 милиони денари.
Со 25,26% зголемување на приходите, односно 1,8 милијарди денари остварени како приход, Инграм Микро и во 2022 година го задржа своето рангирање на листата како 164та компанија.

Главната дејност на компанијата е трговија на големо со компјутери, компјутерска периферна опрема и софтвер, а во рамките на 200те најголеми и најуспешни, Инграм Микро има неколку конкуренти кои се дел од листите. Меѓу нив се најдоа Ассеко СЕЕ, Паком Компани и Инфософт. Сепак, најголем успех има остварено Инграм Микро и останува како најголема компанија во рамки на дејноста. По неа е Паком Компани која е рангирана како 197ма на листата на најголеми и има остварено 15,6% пониски приходи, додека Ассеко СЕЕ и Инфософт се дел од листите на најуспешни компании, но нивните приходи се исто така значително пониски од приходот на Инграм Микро. Лидерската позиција во оваа дејност и припадна на Инграм Микро и во 2021 година.

Повеќе податоци за компаниите може да најдете на нивните профили, а целосните листи се достапни тука.
06-08-2026
06-08-2026
06-08-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт