Макстил АД е основана во 1997, по сопственичкото реструктурирање на Рудници и железарница „Скопје“, која отпочна со производство во 1967 година.
2022 година за Макстил беше доста успешна. Успеаа да го заземат 19то место на листата на најголеми и 12то место на листата на најуспешни компании во Македонија.
Последователно на тоа можеме да забележиме дека имаат пораст не само во вкупниот приход, туку и во вкупната добивка пред оданочување. Така, во споредба со претходната година, успеаа да го зголемат својот вкупен приход од 54,91% и својата добивка пред оданочување од 27,05%.
Производниот процес во Макстил се одвива во погоните „Челичарница“ и „Валавница“ за дебели лимови. Главен влезен материјал при производство на челикот е старото железо.

Заложбата на Макстил за континуирано подобрување на здравјето и безбедноста на нивните вработени е нивниот главен приоритет, што придонесува за остварување на компаниските цели.
Во Макстил, подобрувањето на безбедноста е од големо значење. Компанијата има воспоставен систем за управување со здравјето и безбедноста при работа, што служи како ефикасен пристап при управувањето и континуираното отстранување на опасностите и минимизирање на ризиците.
Во 2020 година исто така, на Макстил му беше доделана награда за “Најдобра пракса на безбедност и заштита при работа”.
04-06-2026
01-06-2026
01-06-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт