Како и што е веќе добро познато едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ© освен претставувањето и рангирањето на најдобрите компании во себе содржи и голем број на дополнителни анализи и споредби. Една од нив е рангирањето на компаниите според нивните дејности.
На листата на најуспешни компании за 2022 година од индустријата на трговија на големи и мало со подкатегорија – трговија со моторни возила се најдоа: ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА, МАК АУТОСТАР, ЕУРОИМПЕКС, АВТОНОВА, МА ТРУСТ и М-КАР.
Како најуспешна компанија од оваа дејност во 2022 година е фирмата МАК АУТОСТАР ДООЕЛ, Скопје. Остварија вкупна добивка пред оданочување од 307.199.270 денари и раст во истата од 31% во споредба со 2021 година. Одма под нив на втората позициа е компанијата МА ТРУСТ ДОО, Скопје која што се локациски се наоѓа во истиот објект со МАК АУТОСТАР. Исто така кај нив можеме да забележиме исклучителен раст во добивката и тоа од дури 104% во споредба со 2021 година.
3то место им припадна на АВТОНОВА ДОО, Скопје. Добивката остварена за 2022 изнесувала 166.599.820 денари. Citroën е постојан иноватор. Од првите Citroën автомобили до вклученоста на брендот во светскиот рели шампионат, преку новите хибридни модели или концепт автомобили, тука се изградени речиси 100 години од историјата.
На 4тот место доаѓа ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, Скопје. Порше е редовен член во едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ©. Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила. Присутна на македонскиот пазар од крајот на 2005 година, таа е единствениот импортер во државата во директна сопственост на производителот на автомобилите – Volkswagen AG. Во 2022 година ја зголемиле својата добивка од 29% и нивниот ранг на листата на најуспешни компании од 123то на 109 место.
М-КАР се најде на 5тото место помеѓу најуспешните компании. Ова претставува прва година како се на листата на 200 најголеми и најуспешни компании. Тоа е одлик на успешното работене на компанијата во последната година. Остварија вкупна добивка пред оданочување од 137.912.760 денари.
Одма под нив не заостануваат многу и ЕУРОИМПЕКС ДОО, Скопје. По осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија. Низ сите овие години, преку континуирано справување со екстерни и интерни фактори кои вршеа влијание врз работењето, како и преку процесот на активно учење, Еуроимпекс прерасна во компанија високо позиционирана на пазарот континуирано присутна во листата на 200 најуспешни компании во Македонија.

31-07-2025
30-07-2025
30-07-2025
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт