Вторник, 22 Септември 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Најголемите извозни дејности во Македонија

Едни од најновите податоци кои се достапни од јубилејното 20то издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ се податоците за 100те најголеми извозници рангирани според остварени приходи од продажба на странски пазар.
Најголемите извозни дејности во Македонија

Во анализата подолу ги прикажуваме 10те најголеми извозни дејности како и која дејност е најзастапена помеѓу овие 100 компании. 

Како што може да се види од табелата, најголеми приходи од извоз на производи имаат остварено компаниите кои се занимаваат со производство на други делови и дополнителен прибор за моторни возила. Извозот во рамките на оваа индустрија, во износ од 153,9 милијарди денари, зафаќа 39% од вкупно остварените приходи од страна на 100те најголеми извозници, кој изнесуваше 394,2 милијарди денари. Иако бројот на компании не е голем и се работи за приходи остварени од само 3 компании од оваа дејност, сепак учеството е значително високо. 


Втора дејност со најголем извоз е Трговија на електрична енергија со вкупно извезени 42,3 милијарди денари или 11% од вкупните приходи. Тука веќе станува збор за повеќе компании кои се дел од дејноста, поточно 8. Значително помал процент, 4%, имаат извезено компаниите за Производство на електрична и електронска опрема за моторни возила и за Трговија на големо со цврсти течни и гасовити горива и слични производи. Приходите во рамки на овие дејности се 17,5 милијарди денари и 16,2 милијарди денари, соодветно. 

Ако ја погледнеме втората табела, која се однесува на тоа која дејност беше најзастапена во вкупниот извоз на најголемите извозници, ситуацијата се менува. Како најзастапена дејност се јавува Трговијата на електрична енергија со 8 компании во нејзини рамки. Потоа следи Трговијата со автомобили и моторни возила од лесна категорија со 5 компании и 6,8 милијарди денари учество во вкупните приходи на 100те најголеми извозници. Со ист број на компании, но нешто помал износ на приходи е третата дејност Компјутерско програмирање, а по неа следи Производство на готови текстилни производи освен облека. Тука се вбројуваат 4 компании со вкупни приходи од 4,9 милијарди денари. 


Петтата дејност на оваа листа, со само 3 компании, е всушност прва на претходната листа и е за Производство на други делови и дополнителен прибор за моторни возила. Погледнете ја целосната анализа на табелите во прилог, додека другите податоци може да ги најдете овде. 


АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт