Петок, 01 Мај 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Пекабеско инвестираше во фотоволтаични централи, но цената на нафтата и гасот влијае врз производството - Марко Кутревски за Club200

Како геополитичките случувања влијаат врз успешноста на „Пекабеско“? Анализа на остварените финансиски резултати во последните 5 години и изјава од третиот извршен директор, Маркo Кутревски за очекувањата во тековната година.

Каква година очекува „Пекабеско“? Колку моменталните гео-политички случувања може да влијаат врз економијата и врз зголемувањето на цената на сувомесните производи на „Пекабеско“? Во изјава за Club200, третиот извршен директор на компанијата Марко Кутревски зборува за првичните анализи.

Таман светот се опорави од последиците на ковид пандемијата, на енергетската криза, сега се соочуваме со нови предизвици, кои се должат на огромниот скок на цените на нафтата и на енергенсите, а очекувано тоа може да предизвика и скок на цените на производите.

Се чини дека првичните проекции и анализи паѓаат во вода, а последиците од конфликтот во Иран ќе се одразат и врз работењето на компаниите.

Како котираше „Пекабеско“ меѓу 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во последните пет години?

„Пекабеско“ АД - Илинден е лидер на пазарот на трговија со сувомеснати производи, кој голем дел од производството го пласира на домашниот пазар, а околу 50 % од производството го извезува на пазарите на поранешните југословенски Републики.

Ако се погледнат финансиските показатели во последните пет години, забележително е дека и нивното производство и успехот на компанијата во голема мера зависеле од ценовните шокови, геополитичките случувања и воопшто од геополитичката ситуација во светот и регионот.

Така во 2020 година компанијата остварила вкупен приход од 4.643.092.170 денари и добивка пред оданочување од 111.041.778 денари. Во споредба со претходната година, во 2020, „Пекабеско“ забележа пад на вкупните приходи за 8,10%, а забележан беше и пад во поглед на добивката пред оданочување за 6,75%.

Јасно е дека ваквите резултати беа последица на ковид пандемијата, ограничената потрошувачка и намалувањето на куповната моќ кај потрошувачите.

Во 2021 година компанијата оствари вкупен приход од 4.855.641.879 денари, но забележително е дека во поглед на добивката пред оданочување има голем пад од околу 20,86%. Остварената добивка пред оданочување од околу 87.902.959 денари е резултат на последиците од ковид пандемијата кои сè уште се чувствуваа, но и на енергетската криза која од ноември истата година ја зафати земјата и предизвика скок на цените на енергенсите и зголемени трошоци за компаниите.

Следната 2022 година, беше една од најуспешните години за компанијата, кога „Пекабеско“ оствари вкупен приход од 5.358.231.768 денари и добивка пред оданочување од 114.689.064 денари.

Процентуално, по негативни процентуални износи, „Пекабеско“ во 2022 година можеше да се пофали со раст на приходите од 10,35% и раст на добивката пред оданочување за 30,47%.

Благодарение на овој голем отскок, компанијата се позиционира за цели 33 места погоре на ранг листата на најуспешни македонски компании, од 190. место (во 2021) на 157. место во 2022 година.

По ова следуваат уште две години на континуиран раст. Во 2023 година компанијата оствари вкупен приход од 5.540.269.400 денари и добивка пред оданочување од 153.526.024 денари.

Во споредба со претходната година, растот на приходите е за 3,40%, додека растот на добивката пред оданочување е за 33,86%, со што компанијата се искачи уште погоре (на  136 место) во рамки на рангирањето по успешност на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

Во 2024 година, „Пекабеско“ се најде на 46. место на ранг листата на најголемите и на 112. место на ранг листата на најуспешните компании. Ова е годината во која беше остварен вкупен приход од 5.974.143.089 денари, или за 7,83% поголем од претходната година и добивка пред оданочување од 186.277.049 денари, што е зголемување за 21,33%.

Цената на производите во голема мера зависи и од геополитичките случувања

Зависноста од цената на суровините, енергенсите, како и од геополитичките случувања за развојот на „Пекабеско“ во изјава за Club200 ја потврдува и Марко Кутревски, третиот извршен директор. Според него првичните очекувања биле дека и 2026 година ќе биде година на умерен раст, но очигледно е дека војната во Иран може да остави последици.

По периодот на пандемијата со COVID-19 и за време на инфлаторниот притисок, пазарот на сувомеснати производи се соочи со намалување на продадените количини. Растот на цените на суровините и на финалните производи доведе до намалена куповна моќ кај потрошувачите, што директно се одрази со пад на обемот на продажба во овој сегмент.

Овој тренд се задржа до минатата година, кога пазарот започна постепено да се стабилизира. Во текот на минатата година се забележа стабилизација на побарувачката ина продадените количини.

За тековната година очекуваме умерен раст на пазарот и постепено зголемување на количините, под услов да не дојде до поголеми геополитички или економски нарушувања на глобалниот пазар, како што се актуелните тензии поврзани со Иран“ – нагласува тој.

Како што вели, цената на финалниот производ зависи од повеќе фактори, а иако компанијата во изминатите години направила инвестиции со цел да ја намали енергетската зависност и да се заштити од ценовните шокови, сепак постојат непредвидливи фактори, од кои зависи успешното работење на компанијата.

„Во структурата на вкупните производствени трошоци, суровината има најголемо учество и претставува клучен фактор што ја одредува финалната цена на производите.

Покрај суровините, значајно влијание имаат и енергетските трошоци, како и трошоците за работна сила, кои во последните години бележат растечки тренд.

Голем дел од овие фактори се надвор од директна контрола на компанијата. Суровините се берзански производи чии цени се формираат на глобалните пазари и не можат лесно да бидат заменети или значително оптимизирани.

Слична е ситуацијата и со енергијата, чија цена во голема мера зависи од надворешни економски и геополитички фактори. Во изминатите години компанијата инвестираше во фотоволтаични системи, со што значителен дел од сопствените потреби за електрична енергија се покриваат преку сопствено производство.

Сепак, трошоците поврзани со природниот гас и нафтените деривати остануваат фактори кои зависат од пазарни услови и не можат директно да се контролираат“ – нагласува тој.

Инаку, „Пекабеско“ и понатаму останува да биде лидер на пазарот со производство и трговија со сувомеснати производи. Компанијата е долгогодишен член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

За историјатот и долгогодишната традиција на „Пекабеско“ прочитајте повеќе на следниот ЛИНК.

Фото: Приватна Архива

                                                           

По предизвиците од пандемијата Порше Македонија испишува историја за успешност

Скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност. Како Порше Македонија испиша историја за континуиран раст и експанзија во последните 5 години?

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

АЛМА - М ДООЕЛ Скопје: Конзистентен раст и во време на економски предизвици

Како котираше компанијата во период од 5 години во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт