Понеделник, 21 Септември 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Прилепски мермер - прв избор кога се бараат материјали што траат

Мермерен Комбинат Прилеп се рангира на 17. место на ранг листата на Најуспешните компании во Македонија. Прилепскиот мермер останува прв избор за градбите што треба да траат.
Прилепски мермер - прв избор кога се бараат материјали што траат

АД Мермерен Комбинат Прилеп е компанија за која што не треба многу да се зборува, односно тоа е компанија за која е јасно дека е еден од крупните економски играчи во нашата земја, благодарение на екстракцијата и продажбата на природните ресурси кои по својот квалитет се препознаени во светски рамки.

Мермерен Комбинат АД Прилеп е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ од самите почетоци на проектот, а во 2023 година повторно реализира раст на профитот и успеа да го подобри својот пласман на ранг листата на најуспешните македонски компании.

Компанијата се најде на 159. место на ранг листата на најголемите македонски компании, а на ранг листата на најуспешни компании (според добивката пред оданочување) успеа да се искачи две позиции погоре во однос на претходната година, и се најде на 17. место.

Во 2023 година, АД Мермерен Комбинат Прилеп, остварил вкупен приход од 1.830.707.668 денари и добивка пред оданочување од 917.543.694 денари.

Уникатен производ – препознатлив во светски рамки

Главна дејност на АД Мермерен Комбинат Прилеп е екстракција и производство на бел мермер, препознатлив по својата снежно бела боја и тенките (речиси невидливи) сиви линии, а којшто се продава под регистрираната трговска марка SIVEC®.

Внимателно избраната трговска мрежа и близината на пристаништето до Солун, Грција, прават прилепскиот мермер да биде лесно достапен до сите континенти.

Мермерот SIVEC® со својата снежно бела боја денес е симбол за луксуз и престиж и дава елегантна нота на просторот без разлика дали се користи за интериерно, или екстериерно уредување.

Познато е дека овој мермер се користел уште во времето на Римската Империја, кога од него се правеле голем број скулптури, а денес тој е дел и од голем број светски познати проекти, како Големата Џамија на Шеик Заед во Абу Даби или Катедралата на Исус Спасителот во Москва.

Прилепскиот мермер се користел и за реконструкција на Диоклецијановата Палата во Сплит, а покрај тоа што се користи за изградба на верски и реконструкција на споменици, белиот мермер од Прилеп е дел и од голем број нови градби во светот.

Хотели, трговски центри, владини згради – снежно белиот мермер од Прилеп многу често е дел од голем број проекти и градби чија што главна цел е да траат и со векови да не подлегнуваат под забот на времето.

Што го прави прилепскиот мермер познат во светски рамки?

Прилепскиот мермер на АД Мермерен Комбинат од Прилеп, се продава под трговската марка SIVEC®, а е чест избор заради својата снежна белина, со бледи, речиси невидливи сиви линии, кои даваат сјаен, блескав и елегантен изглед на градбите.

Неговата фина, гранулатна структура го прави идеален за изработка на скулптури, но и за беспрекорен изглед во архитектурата.

Уникатната структура, високата резистентност на абразии, но и многу ниското ниво на апсорпција на вода, прават SIVEC® да биде еден од најквалитетните мермери во светот.

Оттука, јасно е зошто SIVEC® е прв избор кога се градат големи проекти чија што намена е да траат и да опстојуваат под забот на времето.

Како пример може да се земе Големата џамија на Шеик Заед во Абу Даби, каде прилепскиот мермер бил прв избор на градбата, пред сè заради неговата структура, која го прави идеален за изградба на куполите и на надворешната фасада и ѝ дава унифициран бел изглед, како симбол на чистина и луксуз.

Прилепскиот мермер може да го сретнете во голем број проекти низ светот.

Освен во погоре споменатите, овој македонски природен ресурс го има и во трговски центри во Јужна Кореја, во Белиот Град во Ашгабат, Туркменистан, во зградата на Државниот Парламент на Узбекистан, во Кулата Сама (Sama Tower) во Абу Даби, во хотелот Шератон во Португалија...

Освен за блескаво бел изглед на фасадите, тој се користи и за подови, во бањи и во кујни, па често е прв избор и за поединците кои на својот дом сакаат да му дадат елегантен изглед, со престижна нота, блескава белина и безвременска убавина.

Кога ќе се соберат сите овие податоци, јасно е зошто АД Мермерен Комбинат Прилеп со децении е една од најголемите и најуспешните компании кај нас.

Квалитетниот и уникатен производ, високата професионалност при неговата екстракција и обработка, а понатаму и успешниот маркетинг и менаџмент, се дел од причините заради кои оваа компанија уште долги години ќе биде мошне важен економски фактор во нашата земја.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт