Во динамичниот енергетски сектор во Македонија, една од компаниите што со години гради стабилна позиција на пазарот е Пуцко Петрол од село Пласница.
Со повеќе од три децении искуство, компанијата успеа да се позиционира како значаен снабдувач со нафта и нафтени деривати, градејќи репутација базирана на доверба, квалитет и професионалност.
Во 2024 година, компанијата продолжи да остварува стабилен раст, а тоа го покажуваат и финансиските параметри.
Благодарение на остварениот профит и добивка, компанијата се позиционира на 59. место на ранг листата на најголемите македонски компании и на 20. место на ранг листата на најуспешните.
Според податоците од Централниот Регистар на Република Северна Македонија, Пуцко Петрол во 2024 година остварил вкупен приход од 4.860.939.807 денари и добивка пред оданочување од 903.702.749 денари.
Со други зборови, во однос на претходната година, компанијата забележала раст на приходите за 19,43% и раст на добивката пред оданочување за 112, 55%.
Во текот на годината компанијата оперирала со околу 169 вработени.
На што се должи нејзиниот развој?

Компанијата е основана во турбулентните времиња на минатиот век, 1992 година со седиште во Пласница, Северна Македонија.
Првата бензинска станица била отворена токму таму, со што започнува приказната за растот и развојот на брендот.
Со текот на годините, компанијата континуирано го проширува својот бизнис и мрежата на бензински станици низ земјата.
Денес компанијата има околу 9 бензински станици кои се стратешки распоредени во некои од поголемите градови во Македонија, како Скопје, Охрид, Прилеп...
Во овие продажни објекти покрај горива, на потрошувачите им се нудат и други квалитетни производи наменети за широка потрошувачка.
Преку посветена работа и стратешки партнерства, компанијата изгради стабилна позиција во енергетскиот сектор. Особено значајна е соработката со брендот OKTA, која придонесува за сигурност и квалитет на горивото.

Денес, Пуцко Петрол соработува со повеќе од 1.500 компании и институции кои ги користат нивните производи и услуги.
Меѓу нивните клиенти се вбројуваат:
Овој широк спектар на клиенти претставува потврда за довербата која компанијата ја има изградено на пазарот и за нејзината способност да одговори на потребите на клиентите во однос на трговијата на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи.
Стратешката визија на компанијата е да стане водечка нафтена компанија во регионот и да остане прв избор на купувачите.
Во таа насока, компанијата постојано работи на проширување на мрежата на бензински станици, подобрување на услугите и воведување на современи технологии во работењето.
Мисијата на компанијата е да ги задоволи потребите на клиентите, да обезбеди висок квалитет на производите и да одржува стабилен и ефикасен систем на управување.

За да го гарантира квалитетот на своите услуги и производи, компанијата поседува меѓународни сертификати за управување со квалитет и заштита на животната средина – ISO 9001 и ISO 14001.
Овие стандарди ја потврдуваат посветеноста на компанијата кон постојано подобрување на процесите, како и кон одговорно и одржливо работење.
Покрај сертификатите, согласно важечкото законодавство на земјата, компанијата поседува важечки лиценци за:
Со долгогодишно искуство, професионален тим и јасна стратегија за раст, Пуцко Петрол продолжува да инвестира во модерни технологии, проширување на својата инфраструктура и подобрување на услугите за клиентите.
Токму комбинацијата од традиција, стабилност и иновации ја прави Пуцко Петрол еден од значајните играчи во енергетскиот сектор во Македонија, со амбиција да ја прошири својата позиција и на регионално ниво.
Компанијата е долгогодишен член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.
Профилот на компанијата можете да го погледнете на следниот ЛИНК.
06-08-2026
06-08-2026
06-08-2026
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт