Петок, 06 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Рамстор - 20 години успешна бизнис приказна

Со приход од 3.953.193.346 денари, во 2023 година Рамстор се најде на 71. место на листата на Најголемите компании во Македонија. Кој е клучот за успех на брендот кој низ годините само расте?

Рамстор во Македонија започна да работи во 2005 година и е дел од CITY Plaza Holding, бренд којшто веќе 20 години креира успешна приказна на македонскиот пазар и во македонската економија.

Како прв хипермаркет во Македонија, којшто се отвори во склоп на Трговскиот центар Рамстор, овој бренд наметна нови стандарди во нудењето услуги и послужувањето со свежа храна и стана пример за тоа како треба да изгледа вистинската грижа за корисниците.

Од своите почетоци, како бренд кој воспостави нова шопинг култура во Македонија, Рамстор веќе долги години е дел од семејството на 200 најголеми и најуспешни компании во Македонија.

Позицијата на Рамстор на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

На листата на најголеми компании во Македонија, во 2023, Рамстор се најде на 71. место, додека на листата на 200 најуспешни компании, Рамстор го зазеде 115. место.

Основната дејност на компанијата е трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутун, но благодарение на иновативните методи на продажба, уникатната понуда и различното искуство што им го нуди на потрошувачите, ова е бренд кој низ годините само расте.

Така, денес Рамстор ги нуди своите услуги во 8 различни градови низ Македонија со вкупно 27 маркети и една онлајн продавница на вкупна површина од 27.000 m2.

Кој е рецептот за успех на супермаркетите на Рамстор?

Потрошувачите знаат дека во маркетите на Рамстор има најголем избор на производи од светски брендови, локално произведени и свежи производи, како и голем број акции и намалувања, што им овозможува да купат сè што им треба на едно место, без да мора да талкаат во голем број продавници и супермаркети.

Маркетите се стратешки распоредени блиску до вашето место на живеење или блиску до местото каде што работите.

Инвестициите во инфраструктурата на маркетите, но и во сертификатите за безбедност, придонесуваат овој бренд да создаде поинаква слика и да ја промени свеста кај потрошувачите за тоа како треба да изгледаат местата каде што се продава квалитетна свежа храна и други производи.

Во 2023 година, Рамстор оствари вкупен приход од 3.953.193.346 денари и оствари раст на приходите од 9,22%, што воопшто не е за занемарување, ако се земе предвид дека станува збор за бизнис кој успешно опстојува на нашиот (мал) пазар, а конкуренцијата во овој сектор е мошне голема.

Свежи производи, но и беспрекорна грижа за потрошувачите – препознатлив белег на маркетите на Рамстор

Успешниот тим и луѓето се можеби клучниот фактор во креирањето на секоја успешна бизнис приказна, па така и зад приказната на маркетите на Рамстор стојат посветени луѓе, кои напорно работат на остварувањето на проектираните планови за развој и раст на компанијата.

На чело со извршната директорка Даниела Адемоска, во компанијата работат над 650 луѓе, кои придонесуваат за тоа на клиентите да им се овозможи уникатно искуство во пазарењето, голем број поволности,  но и можности за заштеда.

Рамстор клуб картичката е веќе препознатлива кај сите оние што редовно пазарат во овие супермаркети. Таа ви овозможува истовремено да купувате на попуст, но и да собирате поени што потоа можете да ги искористите во вид на готовина.

Математиката за користење на Рамстор клуб картичката е мошне проста: Секој поен, значи еден денар.

Рамстор беше можеби првиот бренд што на ваков начин одлучи да ја наградува лојалноста на своите потрошувачи, а за успешноста на оваа стратегија доказ е и фактот што ваквите „клуб картички“ потоа станаа норма во голем број други трговски дејности во нашата земја.

Покрај физичките продавници и супермаркети, Рамстор е препознатлив и по својата онлајн продавница, ramstoredodoma.com.mk која Ви овозможува да пазарите од удобноста на својот дом, а нарачаните производи да ги добиете на вашата адреса, без да трошите време и без да чекате редици на каса.

Доказ за вистинската грижа за корисниците е и отварањето на Контакт центарот каде купувачите можат да добијат одговори на сите прашања во врска со работењето на Рамстор, да ги пренесат своите пофалби и поплаки и да даваат предлози за работењето на Рамстор маркетите и на Трговскиот центар.

Телефонскиот број  0800 800 70 (на Контакт Центарот) е бесплатен од сите фиксни и мобилни оператори и со тоа услугата е достапна за сите.

Од сè што е споменато погоре, заклучокот е дека Рамстор во последните 20 години беше и ќе остане лидер во трговската дејност во нашата земја, бренд кој од самото отварање на Трговскиот центар во Скопје, наметна нови стандарди и критериуми во овој сектор.

Ова е бренд од кој многумина учеа добри бизнис практики и кој секогаш бил чекор пред другите во создавањето на безбедни и квалитетни услови за пазарење.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?

Адора Инженеринг: Секогаш чекор пред времето во иновацијата на градежништвото

Адора Инженеринг во последните 24 години докажа дека е компанија која е секогаш чекор пред времето во поглед на иновативноста и квалитетната понуда што ја нуди и е лидер меѓу македонските градежни компании.

Алкалоид АД Скопје - Еден од најпосакуваните работодавачи во Македонија

Во текот на 2024 година се реализирани 253 нови вработувања во Алкалоид АД. Компанијата, трета година по ред ја доби наградата „Најпосакуван работодавач“. Како компанијата води грижа за своите вработени?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт