Четврток, 30 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Рамстор клуб картичка - програма за лојалност со долгогодишен успех

Рамстор беше првиот хипермаркет во Македонија. Тој беше и сè уште е пример за позитивни бизнис практики, меѓу кои и за програмата за лојалност – имате ли и вие Рамстор клуб картичка?

Од своето отворање, па наваму брендот со години наназад е предводник во практиките за креирање поинакво шопинг искуство, но и во спроведување на добри трговски и маркетинг практики кои се целосно сконцентрирани кон потрошувачите и клиентите.

Рамстор не само што со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија, туку е и бренд од којшто многумина други учеле низ годините.

Зголемениот број редовни клиенти, значи зголемен број продажби

„Креирајте повеќе клиенти, а не продажби!“

Ова е една од најпознатите реченици поврзани со трговијата којашто луѓето од овој сектор ја користат како мото за да изградат успешен бизнис модел, а се чини дека таа е добро прифатена и од тимот на Рамстор.

Од самите почетоци, па сè до ден-денес, слободно можеме да кажеме дека тоа е бренд што целосно е ориентиран кон задоволството на клиентите и секогаш бил во дослух со нивните потреби.

Единствената формула за успех во трговијата Рамстор ја постигнува со развивање на мототo Купувачот е секогаш во право.

Ние постоиме тука за него – не тој за нас. Купувачот е крајниот консумент и алка на целата операција наречена трговија. Секогаш достапни за нашите купувачи 365 дена во годината“ – велат од Рамстор.

Големиот избор на производи од најразлични светски брендови, контуинираниот квалитет обезбеден преку вложувања во инфраструктурата на објектите, стекнувањето сертификати за безбедност, но и едукацијата на вработените, се една од причините заради коишто потрошувачите редовно се враќаат во Рамстор.

Диверзификацијата на производите што се нудат, од свежо месо, млечни производи, кондиторски производи, пијалаци, до средства за хигиена и предмети за покуќнина, облека и играчки е нешто што овозможува Рамстор да креира редовни клиенти во секој сектор и во нивните маркети речиси секогаш има за секого по нешто.

Освен акциските цени и производи, големиот број на уникатни брендови, што ги има само таму и никаде на друго место, се чини дека особено е привлечна и програмата за лојалност што Рамстор со години наназад ја гради со своите потрошувачи.

Нe заборавајте да ја понесете вашата Рамстор клуб картичка

Рамстор клуб картичка е нешто што денес речиси секој што живее во осумте градови, каде што постојат супермаркети од овој бренд ја има.

Зошто!?

Затоа што таа ви овозможува да купувате голем број производи на попуст, да собирате поени, а потоа истите поени да ги потрошите во вид на готовина.

Картичката е мошне лесна за користење, односно нема потреба да бидете експерти по математика за да сфатите дека секој собран поен Ви значи по еден денар на вашата сметка, што потоа можете да ги искористите, без разлика дали пазарите во супермаркет на Рамстор или онлајн на Рамстор до дома.

Покрај сите погореспоменати примамливи настани коишто ве тераат секогаш да ги изберете маркетите на Рамстор кои се стратешки распоредени во ваша близина, програмата за лојалност е она што дополнително ве мотивира своите тешко заработени пари да ги потрошите токму таму.

Затоа што со секое купување знаете дека ќе добиете повеќе, знаете дека вашите пари таму значат повеќе.

Не треба да сте експерт за да сфатите дека таму сте набавиле квалитетен производ по намалена цена, за којшто уште ќе добиете и поврат на средства што понатаму можете пак да ги потрошите.

Доказ за успешноста на оваа програма за лојалност е тоа што таа е присутна со децении наназад во Рамстор, но и тоа што слични програми за лојалност потоа беа креирани и од страна на други поголеми брендови во земјата.

Токму ваквите програми за креирање лојални потрошувачи, а не само зголемени продажби се нешто што со години наназад го прави Рамстор едно од омилените места за шопинг во Македонија.

Рамстор во семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Во 2023 година Рамстор се најде на 71. место на најголеми компании во Македонија и на 115. место на листата на најуспешните компании.

Таа година, компанијата остварила вкупен приход од 3.953.193.346 денари, со добивка пред оданочување од 169.274.409 денари.

Процентуално изразено, Рамстор забележал раст на добивката пред оданочување од  264,22%, а растот на вкупните приходите се искачил за 9,22%.

Позитивните искуства кај потрошувачите, големиот број поволности, како и јасната и недвосмислена програма за лојалност се она што прави Рамстор да се издвојува од конкуренцијата, а досегашните резултати се доказ за успешноста на компанијата.

Под мотото „Добиј повеќе, живеј подобро“ Рамстор веќе 20 години ја гради својата успешна бизнис приказна и со право е дел од Топ компаниите во Македонија.

По предизвиците од пандемијата Порше Македонија испишува историја за успешност

Скок од 35 позиции во поглед на рангирањето по успешност. Како Порше Македонија испиша историја за континуиран раст и експанзија во последните 5 години?

Алкалоид АД Скопје: Синоним за континуиран раст и стабилна профитабилност

Во 2024 година АД Алкалоид се најде на петтата позиција на најуспешните компании во Македонија. Како котираше компанијата во период од пет години и што може да се очекува во идните рангирања?

АЛМА - М ДООЕЛ Скопје: Конзистентен раст и во време на економски предизвици

Како котираше компанијата во период од 5 години во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт