Како што може да се претпостави, најмногу од најголемите компании се од главниот град и неговата околина, а вкупниот приход кој овие компании го имаат реализирано е 608,9 милијарди денари. Станува збор за дури 128 компании кои делуваат на подрачјето на Скопје, а кои во 2021 вработувале речиси 51.300 луѓе. Овие 128 компании имаат остварено и 33,6 милијарди денари добивка пред оданочување. Вреди да се спомне дека во технолошко индустриски развојните зони во Скопје се отворени најголем дел од странските директни инвестиции за кои слободно може да кажеме дека се странски гиганти. Една од овие странски директни инвестиции е всушност и најголемата компанија во скопскиот регион, а се работи за Џонсон Мети.
Доколку ги погледнеме другите региони, се забележува многу голема разлика во бројот на компаниите и во вкупниот приход. Воочлива е разлика во рангирањата доколку се земе предвид бројот на компании или вкупниот приход, но тука ги анализираме најголемите компании па вкупниот приход е главниот критериум во анализава.
Со 52,4 милијарди денари приход и 5 милијарди добивка пред оданочување, втор регион е вардарскиот каде делуваат 11 од најголемите компании. Сепак, најголемата, Еуроникел Индустри се наоѓа во Кавадарци. Потоа следи источниот регион со 39,8 милијарди денари приход и 4,9 милијарди добивка зработени од 12 компании и 8250 вработени. Најголема компанија од овој регион е Амфенол Технолоџи од Кочани. Блиску по приход е пелагонискиот регион со 37 милијарди денари и 2,3 милијарди добивка. Во овој регион 13 најголеми фирми вработуваат над 11.300 вработени, а како најголема се рангира Кромберг и Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ. На 5то место е југоисточниот регион каде 14 фирми остваруваат 31,3 милијарди денари приход и 2,4 милијарди денари добивка. Бројот на вработени е значително помал во однос на другите региони и е нешто повеќе од 2400 вработени. Дојран Стил од Дојран го завзема првото место на најголемите компании во југоисточниот регион.
Со речиси ист износ на вкупен приход се југозападниот и полошкиот регион каде компаниите оствариле 21,9 милијарди денари и 21,1 милијарди денари, од страна на 9 и 10 компании, последователно. Во југозападниот регион 9те компании вработуваат над 3600 луѓе, а во полошкиот 10те компании вработуваат близу 2500 луѓе. Двете најголеми компании од овие региони се Костал Македонија од Охрид во југозападниот регион и Леар Цорпоратион Македонија од Тетово во полошкиот регион.
Најмал и последен на листата е североисточниот регион со само 3 компании кои се рангираат како најголеми во земјата и кои оствариле приход од 5,6 милијарди денари и 300 милиони денари добивка пред оданочување. Бројот на вработени е над 450, а како најголема компанија од овој регион се издвојува Детоил ДОО од Куманово.

31-07-2025
30-07-2025
30-07-2025
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт