Петок, 06 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Револуција без чад: Како VELO, VUSE и glo го менуваат животното искуство во Македонија

Ако сакате пушењето да го замените со производи со намален ризик, или алтернативи без чад, БАТ е компанијата која ви нуди најголем избор на производи што соодветствуваат на вашите потреби.

Македонија со децении наназад е земја каде бројот на пушачи е мошне висок, што само по себе создаваше негативна слика за општеството.

Но, благодарение на една од компаниите што се најдоа на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании, оваа слика се менува. 

Чадот од цигари во минатото, беше присутен насекаде – во кафулињата, рестораните, пред институциите. 

Денес, благодарение на новата технологија на производи со намален ризик и производи без чад, можеме слободно да кажеме дека нивото на чад од цигари сè  повеќе се намалува.

Иако најдобра опција е воопшто да не започнувате да пушите или ако сте во можност целосно да се откажете од цигарите, сепак за оние што со години се пушачи, ова е многу тешко. 

Свесни се за штетните влијанија на своите навики, но многу често не можат да се откажат од цигарите.

Благодарение на производите со намален ризик што се присутни на македонскиот пазар, забележително е дека навиките се менуваат.

Македонија ги следи светските трендови за намалување на бројот на испушени цигари.

Ако сте пушач, денес станува речиси недозволиво да консумирате цигари во друштво и во средина каде што има и непушачи и притоа да нанесувате сериозни штети по јавното здравје на останатите, кога е познато дека имате алтернативи со намален ризик.


ТДР СКОПЈЕ лидер по бројот на производи со намален ризик на македонскиот пазар

ТДР СКОПЈЕ, ДООЕЛ Скопје е дел од семејството на БАТ (British American Tobacco), водечка компанија за производи со широка потрошувачка основана во далечната 1902 година.

Преку ТДР Скопје, производите на БАТ се присутни и на македонскиот пазар, а благодарение на резултатите, се етаблира на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија. 

БАТ е мултинационална компанија која се занимава со производство и трговија со производи од тутун, а во последните години е целосно сконцентрирана на пренасочување на возрасните пушачи кон алтернативите без чад.

Во Македонија компанијата е присутна како дел од групацијата BAT Adria, која е силно позиционирана на пазарите во осум земји на Балканот: Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија, Косово и Црна Гора.

Благодарение на силното присуство на македонскиот пазар и влијанието што го има врз потрошувачите, БАТ заслужено го наоѓа сопственото место меѓу Најголемите компании во Македонија.

БАТ во Македонија ја започна својата технолошка револуција, промовирајќи 3 нови категории со намален ризик и тоа: електронските цигари – VUSE, производите за загревање тутун – glo™  и никотинските ќесички – VELO .


Што велат корисниците на производите со намален ризик?

За подобро да се запознаеме со придобивките што ги нудат производите на БАТ, електронските цигари – VUSE, производите за загревање тутун – glo™  и никотинските ќесички – VELO, разговаравме со соговорници кои одлучиле да се пренасочат кон алтернативни производи без чад.

„Пушач сум веќе 15 години и иако неколкупати сум се обидувала да се откажам од цигарите, тоа ми одеше мошне тешко.  По краток период на пауза, речиси секогаш се враќав на старата лоша навика. Иако сум свесна дека мојата навика ми штети на сопственото здравје, им штети и на блиските, навистина ми е тешко целосно да престанам со пушењето. Уредот за загревање тутун glo™ за мене е многу подобра алтернатива, затоа што не ослободува чад, туку аеросоли и го намалува ризикот за членовите на моето семејство“ – вели за club200.mk, Елена од Скопје.

Според друг наш соговорник, електронските цигари VUSE во голема мера се она што целосно му го променило животот и смета дека тие ја менуваат сликата во нашето општество.

„Иако сум пушач со години, многу ми пречи чадот од цигари во затворени простории – во ресторани и кафулиња. Не можам да сфатам зошто некој би пушел цигари на вакви места, па дури и на отворените тераси кога има други многу побезбедни алтернативи без чад. Кога седите на тераса, многу често се случува до вас да седи семејство со мали деца, кои го вдишуваат чадот од вашите цигари. Дури и на соседите непушачи им пречи вашиот чад од цигарата што се чувствува до нив. Сметам дека електронските цигари VUSE се мошне побезбедна алтернатива за јавното здравје и околината“ – вели Никола од Велес.

Освен што зборуваат за класичните придобивки и намалувањето на штетноста врз јавното здравје, нашите соговорници нагласуваат дека и користењето на алтернативи без чад во голема мера им помогнало да си ја вратат самодовербата, заради тоа што станува збор за дискретни продукти, кои имаат големо влијание и врз надворешниот изглед.

На други пак им се допаѓа тоа што се ослободиле од миризбата во домот.

„Јас сум непушач, но сопругот е пушач. Иако најчесто излегуваше на балкон да пуши цигари, сепак ми пречеше тоа што тој постојано мириса на чад од цигари, а мора да признаам дека имало мигови и кога сум забележала дека ја користи можноста кога не сум дома да пуши цигари во станот. Откако почна да ги користи уредите за загревање на тутун – glo™ забележувам дека мирисот на цигари го нема во домот. Мислам дека конечно куќата ми се исчисти“ – вели Тања за club200.mk.

„Она што најмногу ми пречи кај цигарите е мирисот кој се лепи на тебе и станува неподнослив. Ноктите стануваат жолти, облеката мириса, косата мириса, па дури и чантата мириса на цигари. Откако се префрлив целосно на електронските цигари VUSE, станав уште посвесна за тоа колку била непријатна миризбата на чадот од цигари, сфатив колку јас сум мирисала. Само неколку недели откако целосно се префрлив на електронските цигари одев на работа со јавен превоз кога до мене седна повозрасна госпоѓа, која мирисаше на цигари толку многу, што бев вџашена. Тогаш сфатив зошто толку често непушачите во моја близина се муртеле или бегале настрана – ако мене што сум била пушач миризбата ми е неподнослива, можам само да замислам како им е на непушачите“ – нагласува Николина од Скопје.


VELO никотински ќесички за уште поголема дискреција

Од она што го кажаа нашите соговорници, јасно е дека производите со намален ризик се подобра алтернатива од пушењето.

Но, што кога не сакате воопшто луѓето да знаат дека консумирате цигари, работите на места каде што немате можност да излегувате, или електронските цигари и уредите за загревање тутун се забранети?

Тогаш никотинските ќесички VELO се вистински избор за вас. 

Ви помагаат дискретно да ја задоволите сопствената потреба за никотин, користејќи варијанта без чад и без штетни влијанија по околината.


ТДР СКОПЈЕ помага да се промени глобалната слика во Македонија

Пристапноста на сè  поголем број производи со намален ризик и производи без чад помага да се промени сликата на македонското општество.

Доволно е само да погледнете околу себе и да сфатите дека навиките на луѓето се менуваат. 

Сè  почесто возрасните пушачи се одлучуваат за алтернативи со помал ризик, како апарати за загревање на тутун, електронски цигари и никотински ќесички.

Со оглед на тоа што БАТ е компанија која е целосно сконцентрирана на задоволување на потребите на луѓето што бараат производи со помал ризик, и има најголема палета на производи, јасно е зошто се вбројува меѓу Најголемите компании во Македонија.

Повеќе за штетните влијанија на пушењето и за производите со намален ризик на БАТ можете да прочитате на следниот ЛИНК


*Базирано на доказите и под претпоставка дека е настаната целосна замена од пушење цигари. Овие продукти не се без ризик и предизвикуваат зависност. Овој производ содржи никотин кој води до зависност. Само за полнолетни.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?

Адора Инженеринг: Секогаш чекор пред времето во иновацијата на градежништвото

Адора Инженеринг во последните 24 години докажа дека е компанија која е секогаш чекор пред времето во поглед на иновативноста и квалитетната понуда што ја нуди и е лидер меѓу македонските градежни компании.

Алкалоид АД Скопје - Еден од најпосакуваните работодавачи во Македонија

Во текот на 2024 година се реализирани 253 нови вработувања во Алкалоид АД. Компанијата, трета година по ред ја доби наградата „Најпосакуван работодавач“. Како компанијата води грижа за своите вработени?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт