ТДР СКОПЈЕ, ДООЕЛ Скопје е дел од семејството на БАТ (British American Tobacco), водечка компанија за производи со широка потрошувачка основана во далечната 1902 година.
Преку ТДР Скопје, производите со намален ризик на БАТ се присутни и на македонскиот пазар, а благодарение на резултатите, компанијата се етаблира на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.
БАТ е мултинационална компанија која се занимава со производство и трговија со производи од тутун, а во последните години е целосно сконцентрирана на пренасочување на возрасните пушачи кон алтернативите без чад.
Во Македонија компанијата е присутна како дел од групацијата BAT Adria, која е силно позиционирана на пазарите во осум земји на Балканот: Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија, Косово и Црна Гора.
Благодарение на силното присуство на македонскиот пазар и влијанието што го има врз потрошувачите, ТДР заслужено го наоѓа сопственото место меѓу Најголемите компании во Македонија.
Според статистичките податоци, Македонија е земја со висок број на пушачи (48,2%). Оттука, јасно е зошто нам како заедница и како пазар ни се неопходни производите со намален ризик, како побезбедна алтернатива на пушењето.
БАТ во Македонија ја започна својата технолошка револуција, промовирајќи 3 нови категории со намален ризик и тоа: електронските цигари – VUSE, производите за загревање тутун – glo™ и никотинските ќесички – VELO.
Со тоа БАТ Македонија стана единствената компанија на оваа индустрија која на пазарот е присутна со сите категории на производи со намален ризик.*

За штетното влијание на цигарите врз јавното здравје се пишувало и се зборувало со децении наназад.
Денес сите сме свесни дека најдобра опција е воопшто да не се започнува со пушење, или ако сте пушач целосно да се откажете од оваа штетна навика.
Но, што ако не можете целосно да се откажете?
Тогаш најдобро би било да се преориентирате кон производи со намален ризик.
Јасно е дека денес луѓето генерално се информирани дека пушењето е штетно по здравјето, а во продолжение ќе наведеме неколку факти, што можеби не ви се познати.
Знаевте ли дека врвот на цигарата што согорува станува толку врел што може да достигне температура и од околу 950˚C?
Светската јавност е свесна дека хемискиот состав на примарниот чад (чадот што го вдишува пушачот) е различен од хемискиот состав на секундарниот чад (односно чадот што се ослободува во животната средина од запалениот дел на цигарите).
Тоа се должи, пред сè на разликата во температурата на двата вида чад.
Примарниот чад содржи повеќе од 7.500 индивидуално идентификувани хемикалии.
Од нив, околу 150 хемикалии се познати дека се штетни, а 60 хамикалии се канцерогени.
Голем дел од нив потекнуваат од самиот тутун како растение, и количината на некои од нив варира во зависност од:
Секундарниот чад се ослободува од запалениот врв на цигарата и е главна причина за загадување на околината со чад од цигари.
Овој вид чад многу почесто се формира помеѓу вовлекувањата на пушачите на пониски температури и на пониски нивоа на кислород, отколку за време на согорувањето при вовлекување.
Затоа некои хемикалии се на повисоко ниво во секундарниот, отколку во примарниот чад, а некои се јавуваат во различни фази.
Како пример, во примарниот чад, никотинот се јавува и во честичниот дел и во гасовитиот дел од чадот.
Во секундарниот чад, никотинот примарно се јавува во форма на гас.
Исто така, токсичните и канцерогените состојки во примарниот чад се застапени и во секундарниот чад.
Според Истражување од 1986 година, за Мерење на изложеноста на чадот и проценка на ефектите врз јавното здравје, се истакнуваат неколку клучни фактори што треба да се имаат предвид.
Според истражувањата направени во САД, Европа и Азија, шансите за заболување од рак на бели дробови се за 30% поголеми кај брачните партнери на пушачите, отколку кај оние што се во брак со непушачи.
Листата на несакани последици што околината ги трпи заради изложеноста на секундарниот чад е прилично долга и за неа може да се зборува и се зборувало со децении наназад.
Оттука, јасно е зошто возрасните пушачи кај нас и во светот во последните неколку години, сè повеќе се свртуваат кон алтернативите што им овозможуваат да ги задоволат сопствените потреби, без ризикот што се наметнува кон околината и пасивните пушачи.
Алтернативите без чад, кои работат врз принципот на загревање на тутунот и пареа, најчесто испуштаат аеросоли кои имаат значително пониско ниво на токсини од стандардниот чад од цигари.
Иновативните производи на БАТ се вистински избор за сите оние коишто сакаат да придонесат за заштитата на сопственото, но и на јавното здравје.
Нивното присуство на македонскиот пазар е добредојдено за сите оние кои што сакаат да се свртат кон алтернативите со помал ризик, односно кон производите со намален ризик.

Постои зголемен консензус меѓу голем број на претставниците на јавното здравје дека вејпинг продуктите (електронските цигари) се значително помалку ризична алтернатива на пушењето.
Овие тврдења се поткрепени со голем број студии и извештаи во светот.
Од БАТ се повикуваат на извештаите од експертската јавност, кои даваат цврста поткрепа за намалениот ризик на нивните производи.
Во Обединетото Кралство, Јавното Здравство на Англија објавило низа експертски анализи засновани на различни анкети и извештаи со кое се заклучува дека:
„Врз основа на моменталните сознанија, вејпинг производите се за околу 95% помалку штетни од пушењето“.
Со оглед на тоа што овие уреди го загреваат тутунот, наместо да го согоруваат, тие поседуваат потенцијал да бидат помалку ризични од пушењето.
Според истражување спроведено во Одделот за Здравство во Обединетото Кралство, луѓето што користат уреди за загревање на тутун се изложени на околу 50-90% помалку од „штетните и потенцијално штетните“ состојки, во споредба со конвенционалните цигари.
Исто така, според истражувањата, било утврдено дека „во споредба со цигарите, продуктите за загревање на тутун е многу веројатно дека помалку ќе ги изложуваат пушачите и на оние што се до нив на пониски нивоа на честички и штетни и потенцијално штетни состојки“.
Во Шведска има голем број научни докази, од истражувања спроведувани со децении наназад, коишто укажуваат на тоа дека употребата на „снус“, еден вид традиционален орален тутун е значително помалку ризична алтернатива на пушењето.
Ова беше нагласено и од американската FDA.
Во 2019 година, оттаму формално потврдија дека целосното префрлање на снус производ, односно никотински ќесички, може да ги намали ризиците од рак на устата, срцевите заболувања, ракот на белите дробови, мозочен удар и хроничен бронхитис.
„Нашето сопствено истражување покажа дека нашите модерни орални производи имаат уште помалку и пониски нивоа на токсини отколку што се забележани кај снус, а токсиколошките студии покажаа дека модерните орални производи имаат уште помало влијание врз човечките клетки од традиционалниот снус“ – велат од БАТ.
Без разлика за кој од овие производи со намален ризик ќе се одлучите, вие ќе придонесете за подобрување на јавното здравје и за намалување на ризиците предизвикани од штетните влијанија на пушењето.

Јасно е дека ваквите резултати најверојатно се последица на тоа што и Македонија ги следи светските трендови и возрасните пушачи во земјата сè повеќе се свртуваат кон алтернативите без чад, во обид да дадат поголем придонес кон заштитата на јавното здравје.
Прочитајте и ТДР ДООЕЛ Скопје–Иновативни производи со намален ризик за Подобро Утре
*Базирано на доказите и под претпоставка дека е настаната целосна замена од пушење цигари. Овие продукти не се без ризик и предизвикуваат зависност. Овој производ содржи никотин кој води до зависност. Само за полнолетни.
31-07-2025
30-07-2025
30-07-2025
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт