Сабота, 08 Август 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Стентон Градба: Континуирани инвестиции за изградба на вашата иднина

Стентон Градба во последните 2 децении стана претпознатливо име на нашите простори, но и регионален играч со присуство и во соседните земји, благодарение на низата континуирани инвестии.
Стентон Градба: Континуирани инвестиции за изградба на вашата иднина

Стентон Градба ДОО е една од најуспешните македонски компании која има голема важност во градежниот сектор во нашата земја, а станаа препознатливи како компанија која ја гради вашата иднина!

Од производител на песок до водечки играч во градежната индустрија

Компанијата е основана во 2003 година и првично се занимавала со производство на градежни материјали, а подоцна и со изведба на договорни проекти за приватни лица, големи компании, министерства, општини и различни други субјекти.

Во 2004 година, компанијата од производител на речен песок, се разви во производител на бетон, чекор што ѝ помогна да стане водечка компанија во Пелагонискиот регион.

Три години подоцна, во 2007, Стентон Градба ја прошири својата дејност и во својот спектар на експертиза додаде и хидроинженеринг, изградба на патишта, инфраструктурни проекти, санирање на свлечишта, изведба на индустриски објекти и друго.

Но, овој чекор не значеше застој во инвестициите и напредокот на компанијата, туку само поголем поттик за развој и унапредување на дејностите што ги нуди, па така денес компанијата може да се пофали дека нуди широк спектар на услуги во градежништвото.

Компанијата располага со најсовремена бетонска база, каде што освен производство и продажба на готов бетон и бетонски елементи се нуди и транспорт и вградување на готовите производи со сопствени возила миксери и бетонски пумпи.

Освен тоа, компанијата располага и со две сепарации, каде се сепарира камен агрегат во сите фракции.

Дополнително, компанијата врши ископ на тампон кој се користи при подлога при асфалтирање.

Но, ова е само дел од големиот број услуги што Стентон Градба ги нуди, а покрај нив, компанијата стана препознатлива и по изведбата на квалитетни производи во областа на:

  • Изградба на објекти од нискоградба (патишта, игралишта, партерно уредување,  водовод, канализација, железници, итн.)
  • Уредување на речни корита
  • Изградба на објекти од високо градба (мостови, станбени згради, индустриски хали, технички центар, гранични терминали, брани, свлечишта, детски паркови итн).
  • Асфалтирање.

Инвестиции во квалитетна опрема и механизација – клуч за квалитетната услуга

Големиот број успешно реализирани проекти со коишто може да се пофали Стентон Градба ДОО не се должат само на квалитетниот и професионален кадар, туку и на инвестициите во механизацијата и опремата направени во изминатите години.

Изведбата и рехабилитацијата на некои клучни делници во државата, во предели кои сами по себе се предизвик, се доказ за квалитетот што Стентон Градба го нуди на македонскиот пазар.

Како пример може да се земе изградбата на патна мрежа во должина од 19 километри на Фаришката клисура, која отпочна да се реализира во 2020 година, а која сама по себе придонесе Стентон Градба уште повеќе да се сврти кон инвестициите и кон идниот раст и развој.

Инвестициите во новата технологија станаа императив за компанијата, затоа што тоа значеше уште поквалитетна реализација на проекти, но и посветеност кон нивната мисија за зачувување и заштита на животната средина – преку набавка на механизација со значително помала CO2 мисија.

Но, компанијата во идните пет години има стратешка цел уште повеќе да инвестира и со тоа да се етаблира не само како крупен играч во домашната економија, туку своите производи да почне да ги пласира и на регионалните и на странските пазари.

Горд член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Денес Стентон Градба може да се пофали со голем број успешно реализирани проекти. Од изградбата на неколку клучни делници во Македонија, до изградбата на најголемиот резиденцијален објект во регионот, Marble Residence.

Од проекти за изградба и обновување на брани, до проекти за рехабилитација и изведба на клучни објекти кои се од голема важност за Пелагонискиот Регион и за Македонија воопшто.

Тоа е компанија која обезбедува сигурна егзистенција за повеќе од 160 вработени, а со тоа и за повеќе од 160 семејства, а во 2023 година можеше да се пофали со добри финансиски показатели и скок од 63 позиции на ранг листата на најуспешните македонски компании.

Според официјалните податоци на Централниот Регистар на Република Северна Македонија, во 2023 година Стентон Градба ДОО имала вкупен приход од 1.400.731.705 денари и добивка пред оданочување од 168.165.422 денари.

Процентуално, споредено со претходната година, компанијата остварила раст на вкупните приходи за 7,76%, додека, растот на добивката пред оданочување е за 67,84%.

Благодарение на растот на добивката пред оданочување, како еден од главните параметри за рангирање на компаниите во рамки на проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, Стентон Градба, успеа да направи скок од дури 62 позиции и во 2023 година се најде на 116. место на ранг листата на најуспешни македонски компании.

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

АЛМА-М: Регионална компанија што ги носи светските брендови на Балканот

Зошто АЛМА-М игра важна улога во развојот на трговијата во Македонија и соседството? Како котира компанијата на ранг листите, во период на ценовни шокови
СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

СУПЕРТРЕЈД: Како партнерството со Gulf Oil изгради бизнис со приходи од 11,5 милијарди денари?

Со приходи од речиси 11,5 милијарди денари, СУПЕРТРЕЈД и во 2024 година останува меѓу најголемите компании во Македонија и еден од најзначајните играчи во трговијата со нафтени деривати.
МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

МА ГАМИНГ: Добивка од 44%, над 700 вработени и 58 клубови

Како котира МА ГАМИНГ во рамки на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Кои се главните предуслови што ја прават оваа компанија меѓу најуспешните во својата дејност?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт