Сабота, 14 Март 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Стентон Градба - Ги гради клучните проекти, важни за иднината на земјата

Еден од клучните проекти во кои Стентон Градба зеде учество е изградбата на експресниот пат низ Фаришката Клисура. Проект создаден да трае и значително да го забрза патувањето од Скопје до Прилеп.

Стентон Градба во последните две децении се разви во една од најголемите македонски компании во областа на градежништвото, кои имаат клучна улога во изградбата на проекти што се создадени за да траат.

Од производител на песок, до една од најголемите градежни компании во Македонија

Компанијата е основана во 2003 година и првично се занимавала со производство на градежни материјали, а подоцна и со изведба на договорни проекти за приватни лица, големи компании, министерства, општини и различни други субјекти.

Во 2004 година, компанијата од производител на речен песок, се разви во производител на бетон, чекор што ѝ помогна да стане водечка компанија во Пелагонискиот регион.

Три години подоцна, во 2007, Стентон Градба ја прошири својата дејност и во својот спектар на експертиза додаде и хидроинженеринг, изградба на патишта, инфраструктурни проекти, санирање на свлечишта, изведба на индустриски објекти и друго.

Големиот број успешно реализирани проекти – доказ за квалитетните услуги

Денес, компанијата може да се пофали со голем број завршени и тековни проекти, кои се од суштинско значење за развојот на македонската економија: Од изградбата на Lidl маркетот во Битола, до рехабилитација на брани и речни корита, како и со изградба на станбени и деловни простории – Стентон градба како компанија во изминатите 22 години се избори за високата позиција меѓу најуспешните македонски компании.

Под мотото „Ние ја градиме вашата иднина“, компанијата зела учество во изградба на голем број проекти кои се од клучно значење за нашата држава и за развојот на општините. Изградба на детски градинки, партерно уредување и изградба на детски игралишта, реконструкција на стари и дотраени објекти кои се мошне важни за развојот на спортот и културата...

Благодарение на квалитетната изведба, високата професионалност и инвестициите во подобрување на услугата, оваа компанија во изминатите години често била прв избор кога станувало збор за изградба на проекти чијашто намена е да траат.

А еден од најважните проекти е експресниот пат низ Фаришката клисура, со кој значително се забрза патувањето од Скопје до Прилеп.

Изградбата на експресниот пат Градско – Дреново се покажа како голем предизвик како и за странските, така и за домашните градежни компании кои зедоа учество.

Стентон Градба, пак, учествуваше во изградба на 19km од патот, којшто поврзува два мошне важни региони во Македонија – Вардарскиот и Пелагонискиот.

„Проектот ‘Рехабилитација на делница Фариш – Прилеп’ опфати рехабилитација на 19km пат и обезбедува врска меѓу два значајни земјоделско-индустриски региони – Пелагонискиот и Вардарскиот.

Патниот правец кој е дел од коридорот 10Д, е важна врска за меѓународен транспорт и секојдневно го користат илјадници возила, од кои 18% се тешки товарни возила.

Значително ја подобривме безбедноста и квалитетот на сообраќајот, особено во зимскиот период кога оваа делница претставуваше голем предизвик за возачите“ – нагласуваат од компанијата на нивната веб-страница.

Стентон градба како дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Овој проект освен што беше мошне важен за нашата држава, но, на потесен план, се покажа и како мошне важен за самата компанија Стентон – Градба, затоа што дополнително го трасираше патот кон нови инвестиции и вложувања во нова механизација, опрема, но и во професионален кадар.

Во 2023 година,  тоа  била компанија која обезбедувала сигурна егзистенција за повеќе од 160 вработени, а со тоа и за повеќе од 160 семејства, а во 2023 година можеше да се пофали со добри финансиски показатели и скок од 63 позиции на Ранг листата на најуспешните македонски компании.

Според официјалните податоци на Централниот Регистар на Република Северна Македонија, во 2023 година Стентон Градба ДОО имала вкупен приход од 1.400.731.705 денари и добивка пред оданочување од 168.165.422 денари.

Процентуално, споредено со претходната година, компанијата остварила раст на вкупните приходи за 7,76%, додека, растот на добивката пред оданочување е за 67,84%.

Благодарение на растот на добивката пред оданочување, како еден од главните параметри за рангирање на компаниите во рамки на проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, Стентон Градба, успеа да направи скок од дури 62 позиции и во 2023 година се најде на 116. место на ранг листата на најуспешни македонски компании.

За другите поважни проекти на Стентон Градба можете повеќе да прочитате на следниот ЛИНК. 

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?

Адора Инженеринг: Секогаш чекор пред времето во иновацијата на градежништвото

Адора Инженеринг во последните 24 години докажа дека е компанија која е секогаш чекор пред времето во поглед на иновативноста и квалитетната понуда што ја нуди и е лидер меѓу македонските градежни компании.

Алкалоид АД Скопје - Еден од најпосакуваните работодавачи во Македонија

Во текот на 2024 година се реализирани 253 нови вработувања во Алкалоид АД. Компанијата, трета година по ред ја доби наградата „Најпосакуван работодавач“. Како компанијата води грижа за своите вработени?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт