Како втор најголем увозник на нафта во Македонија, Супертрејд ДООЕЛ е компанија која има голема одговорност – како кон своите клиенти, така и кон своите вработени кои се задолжени за квалитетната услуга што компанијата ја нуди.
Во 2023 година, Супертрејд ДООЕЛ се искачи на високото 9. место на ранг листата на најголемите компании во Македонија, позиција која е резултат на напорна работа, визионерски пристап, но и обезбедување како квалитетни производи, така и квалитетна услуга.

Имено, компанијата е генерален застапник и увозник на производите на американската компанија за производство на производи од нафта и нафтени деривати Gulf Oil, а од 2012 година па наваму целосно е сконцентрирана на увоз и продажба на големо на споменатите производи.
Освен што нуди продажба на производи од нафта и нафтени деривати, како и голем број други производи за секојдневна потрошувачка на својата бензинска пумпа и мини-маркет, Супертрејд ДООЕЛ во последните 13 години успеа да се етаблира и како сигурен партнер за достава на нафта и нафтени деривати за јавните институции, градинки, училишта, министерства итн.

Како компанија која е фокусирана на квалитетот на услугите и довербата на своите потрошувачи, Супертрејд ДООЕЛ води особена грижа за професионалните обуки на своите вработени, но и за нивната безбедност и заштита.
Во оваа компанија во 2023 година работеле 89 вработени, како во бензинската пумпа, така и во складовите, но и во механизацијата за достава на нафта и нафтени деривати што Супертрејд ДООЕЛ ги поседува.
„Вработените претставуваат еден од најважните фактори за успешно остварување на позитивни деловни резултати, како и за целокупниот квалитет на работењето.
Супертрејд ДООЕЛ вложува во знаењето и развојот на своите вработени, што се рефлектира и преку стабилните и континуирано растечки деловни резултати. Компанијата внимателно го селектира својот кадар, водејќи се од уверувањето дека токму луѓето се клучот за обезбедување на највисоко ниво на професионалност и услуга.
Веруваме дека постојаниот квалитет, комбиниран со искрен и одговорен однос кон клиентите, претставува вистинскиот пат до успех – пат кој води кон лојалност, доверба и взаемна корист“ – нагласуваат од компанијата на нивната веб страница.
Како една од најголемите компании во својата дејност компанијата има посебна одговорност да обезбеди висок квалитет на услугите за своите потрошувачи, а за да го постигне тоа, Супертрејд ДООЕЛ постојано инвестира во:

Освен тоа, компанијата особено води сметка за безбедноста и заштитата на своите вработени, што е сосема очекувано, ако се земе предвид специфичноста на дејноста и условите за работа.
Покрај тоа што обезбедува квалитетна заштитна опрема за лицата коишто ги реализираат услугите, компанијата презема и други мерки за поголема заштита на своите вработени, кои вклучуваат:
Освен тоа, се води особена сметка и за сигурноста на објектите и безбедноста во извршување на дејноста, па затоа секоја година се спроведуваат испитувања на:

Во своето 30 годишно постоење Супертрејд ДООЕЛ докажа и покажа дека со вистинска визија, идеја и посветеност може да се постигнат големи резултати и да се креира голем бизнис кој ќе има сериозен импакт врз македонската и регионалната економска сцена.
Според официјалните податоци добиени од Централниот Регистар на Република Северна Македонија, Супертрејд ДООЕЛ, во 2023 година успеа да се искачи на високото 9. место на ранг листата на најголеми компании во Македонија и да се најде меѓу првите 10.
Компанијата остварила вкупен приход од 13.294.265.578 денари и раст на добивката од 33.823.142 денари.
Процентуално, во споредба со претходната година компанијата остварила раст на добивката за 6,76% и благодарение на тоа, успеа да се искачи неколку места погоре на ранг листата на најголемите македонски компании.

Во 2023 година, во Супертрејд ДООЕЛ биле вработени околу 89 лица, а плановите се во иднина нивниот број континуирано да се зголемува.
Профилот на Супертрејд ДООЕЛ во рамки на проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ можете да го погледнете на следниот ЛИНК.
15-01-2026
14-01-2026
13-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт