Вторник, 09 Декември 2025
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Телекабел – кабелски, интернет и мобилен оператор во Македонија

Од компанија со десетина вработени во 1997 година, Телекабел постигна голем успех заземајќи значајно место на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

Скоро 26 години Телекабел е единствената голема компанија со 100% домашен капитал во телекомуникацискиот сектор. Телекабел е доказ дека со истрајност, квалитет, многу работа и професионален однос кон корисниците и државата, и во Македонија може да се раскаже успешна приказна.

Повторно се најдоа на листата на 200 најуспешни компании, и тоа на 198то место со вкупна добивка пред оданочување од 92.970.056 денари

Денес Телекабел е фирма со многу километарска поставена мрежа, со многу стручен кадар, многу вработени и во секој град каде што работи има свој сопствен деловен простор уреден по најновите светски трендови со што им обезбедува пријатно чувство на вработените и корисниците кои доаѓаат таму.


Телекабел нуди телевизија, интернет, фиксна и мобилна телефонија во 17 градови низ Македонија, како Скопје, Штип, Кочани, Битола, Свети Николе, Велес и др

Со квалитетно и професионално работење и мотото – корисникот секогаш на прво место, Телекабел е она што е денеска – една од најуспешните македонски компании  и македонски препознатлив бренд.

16 години по ред Телекабел е на листите на 200 најуспешни компании во Македонија.

Мулти Шпед: Раст преку зелена логистика, доверба и меѓународни партнерства

Мулти Шпед ја гради својата логистичка моќ преку доверливи испораки, зелени инвестиции и стратешка соработка со компании како Militzer & Münch. Како дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, компанијата потврдува лидерство и во 2025 година.

ТДР Скопје со стабилен раст и зголемена профитабилност во трговијата со тутун

Во 2023 година, ТДР Скопје оствари приход од 3,11 милијарди денари и добивка од 22,3 милиони денари, бележејќи раст на приходите од 9,69% и значително зголемување на профитабилноста од 54,96%.

РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС со рекорден раст и влез во топ 50 најголеми компании во Македонија

Во 2023 година, РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС оствари приходи од 5,95 милијарди денари и профит од 279,8 милиони денари, влегувајќи во топ 50 најголеми компании во Македонија со рекорден раст.
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт